Секој прилив од странство може да го распределиш веднаш на твојата сметка

Пред да започнеме со образложение на овој навидум комплексен термин и начинот на кој се користи, да се запознеме со основната дефиниција: Меѓународен платен промет всушност претставува збир на методи, инструменти и правила со кои се извршуваат плаќањата меѓу луѓето, претпријатијата, финансиските институции и други организации со седиште во различни држави.
Доколку прв пат се соочувате или имате потреба од користење на услугата за меѓународни плаќања т.е прилив од странство како хонорарец, сопственик на бизнис во странство или некој кој управува со инвестиции, тука сме да се погрижиме примањето пари од странство да е брзо, едноставно и без стрес.

Приливи за странство – како функционираат?

Меѓународното плаќање се случува кога добивате пари од некој надвор од вашата земја, без разлика дали станува збор за услуги, стоки или инвестиции. Овие трансакции се обработуваат преку банкарскиот систем и вообичаено се спроведуваат со помош на SWIFT технологијата, која обезбедува сигурни и брзи трансфери.

Меѓународниот платен промет може да се врши помеѓу резиденти и нерезиденти, т.е. наплата од нерезиденти односно приливи. Трансакциите помеѓу резиденти и нерезиденти се слободни освен ако Законот за девизно работење не предвидува поинаку и се вршат преку единствени тековни трансакциски сметки, и сите трансакции мора да се евидентираат преку трансакциска сметка.

Наплати и плаќања во девизи меѓу домашни физички лица-резиденти, не се дозволени.

Како се процесираат приливите од странство?

Приливите од странство, се вршат со вообичаените инструменти на меѓународниот платен промет (дознака, акредитив, чекови и др. инструменти на безготовинско плаќање) како и наплата од нерезидент во ефективни странски пари.

Банката ја обработува наплатата во ефективни странски пари истиот ден кога корисникот на наплатата – резидентот ќе ги уплати ефективните странски пари. Се пополнува образец 743 со инструмент 7.

Истовремено корисникот на наплата на банката и ги доставува потребните документи согласно со „Одлуката за услови под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакции со нерезиденти„ како и податоци за одобрување на неговата тековна сметка.

Брза и транспарентна испорака на информации преку SWIFT технологијата

Важно е да знаете дека меѓународните приливи се извршуваат преку:

  • Тековна сметка во странска валута на банката во странство     
  • Тековна сметка во странска валута на банката во Р.С.Македонија

Приливите преку се вршат со употреба на технологијата на SWIFT. Доколу пристигне девизен прилив за клиент кој нема отворено сметка во валутата во која што е пристигнатиот прилив, стручниот за платен промет иницира електронска комуникација преку која го известува клиентот во рок од 5 работни дена да ја отвори сметката во валутата во која што е пристигнат девизниот прилив.

За пристигнатиот прилив од странство, ПроКредит банка го известува корисникот на наплата најдоцна наредниот ден од приемот на покритието на девизниот прилив. За постигнување на поголема транспарентност како и достава на побрза информација за наплатата од странство, ПроКредит банка ви испраќа автоматско известување во текот на работниот ден за сите клиенти за кои има пристигнат прилив.

За  физичките лица  кои имаат доставено е-маил известувањето го праќа на е-маил адресата, а за правните во поштенското сандаче на електронското банкарство.

Воедно, ПроКредит нуди можност за автоматско извршување на приливите каде клиентите во овластувањето го наведуваат генералниот основ или пак ги наведуваат Ино-партнерите и основот според кој го добива приливот од нив.  На овој начин клиентите ја овластуваат банката во нивно име и за нивна сметка да ги изврши приливите. Приливот врз основа на генерално овластување се извршува од страна на одделот за платен промет.

Време за обработка на пристигнати приливи

Сите приливи добиени преку swift со валута ист ден, банката ќе ги процесира во тековниот ден. Приливите со идна валута ќе се процесираат на датумот на валутата назначена во swift пораката. Приливите добиени од странски банки со кои имаме разменето клуч (RMA), а немаме воспоставено коресподентни односи, ќе се процесираат на денот кога ќе пристигне   приливот на ностро сметката во странската банка и за истото ќе добиеме информација на извод на странската банка- МТ 950.

Кои документите ќе ви бидат потребни?

За да се процесираат меѓународните плаќања, треба да знаете ѝ кои документи ви се потребни однапред. Во зависност од видот на плаќање, ги наведуваме документи кои може да ви се потребни:

1. Прилив по основ на директни инвестиции означува прилив на сметка на резидент од нерезидент по основ на дивиденди и други добивки од вложување на резиденти во странство.

Резидентот доставува: Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија за извршен упис во регистарот на директни инвестиции на резидентите во странство

2. Прилив по основ на портфолио инвестиции означува прилив врз основа на продажба на хартии од вредност.

Резидентот доставува: Налог за продажба/извештај од продажба на хартии од    вредност во странствоДоговор со кој се уредува односот со овластениот учесник на пазарот од хартии од вредност/овластениот учесник на странска берза или странски организиран пазар на хартии од вредност или друг документ со кој може да се потврди трансакцијата;

3. Прилив по основ на недвижности во сопственост на резидент означува прилив на сметка на резидент од нерезидент по основ продажба на недвижност во странство во сопственост на резидент.

Резидентот доставува: Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија за извршен упис во регистарот на недвижности  на резиденти во странство

Управување со различни видови на меѓународни трансакции

Наплатата од странство може да биде по основ на:

1. Тековни трансакции се трансакции помеѓу резидент и нерезидент чија цел не е трансфер на капитал, туку плаќањата и трансферите за тековните трансакции вклучуваат:  

  • пристигнати плаќања врз основа на размена на стоки и услуги, како и вообичаените краткорочни банкарски инструменти за плаќање и кредитните инструменти кои се поврзани со размената на стоки и услуги;
  • пристигнати плаќања на камата по кредити и на нето доход од други вложувања;
  • отплата на умерен дел на кредити или амортизација на директни инвестиции и умерени дознаки за семејни животни трошоци.

2. Тековни трансакции помеѓу резидент и нерезидент по основ на freelance во вид на хонорар за извршена услуга по електронски пат.

  • Овој вид на прилив може да пристигне од физичко лице со македонски адресни податоци за кое потоа се бара доказ дека е од трансферна куќа и договор за работа со истата, или истиот може да пристигне директно преку трансферната куќа и да се достави само договорот за работа.

3. Капитални трансакции се трансакции помеѓу резидент и нерезидент чија цел е трансфер на капитал и тоа:

  • Директни инвестиции
  • Вложување во недвижност
  • Работи со хартии од вредност
  • Трансакции со документи за удел во инвестициони фондови
  • Кредитни работи
  • Емства и Гаранции
  • Вложување во инвестициско злато
  • Депозитни работи
  • Трансфери кои произлегуваат од животно и кредитно осигурување

Приливите се извршуваат согласно правилата за извршување на меѓународен приливен трансфер во упатството (од НБРСМ за начинот за вршење на платниот промет со странство) за начинот за вршење на платен промет со странство, каде корисникот во рок од 5 работни дена и ги доставува на банката сите потребни податоци за одобрување на неговата девизна с-ка.

Доколку сакате уште денес да го поедноставите процесот на примање приливи од странство, запознајте се подетално со понудата на ПроКредит банка на следниот линк.

Работиме исклучиво преку дигитални канали

Од каде потребата за банкарски решенија преку дигитални канали? Дигитализацијата во финансиската индустрија во изминатите години го трансформираше традиционалното банкарство и финансиските услуги. Целта на дигиталната трансформација е да се подобри клиентското искуство, продуктивноста, да се зголеми агилноста и да се унапреди културата на компаниите.

Дополнително, дигитализацијата отвара можности за банките да креираат поефикасни и персонализирани производи и услуги за клиентите. Оттука, дигиталната трансформација е култура на компанијата, начин на размислување на вработените и дефинирање на бизнис модел, исто колку и интеграција на новите технологии.

ПроКредит банка е првата банка во земјата која ја воведе дигитализацијата во банкарското работење. ПроКредит започна со процесот на имплементација на нови иновативни решенија уште во 2015 година, со пренасочување на готовинските услуги на банкомати, како и кон целосно пренасочување на клиентите кон користење на електронско банкарство.

24/7 зони

Со цел побрза трансформација кон дигитализација, банката ги отвори првите 24/7 зони во земјата, каде клиентите самостојно можат да ги извршуваат банкарските операции, како замена за класичните банкарски филијали. Со тоа, ПроКредит претстави нов модел на банкарско работење каде преку воведување на најмодерните банкарски услуги, на клиентите им овозможи флексибилност, безбедност, дискреција и достапност на банката во секое време.

24/7 зоните работат во секое време од денот и ноќта, вклучувајќи неработни денови, викенди и празници, а пристапот до нив е овозможен со валидна дебитна или кредитна картичка. Банкоматите во овие зони овозможуваат уплата и исплата на денари и евра, уплата на кованици, уплата на дневен промет на банкомат или во сеф за дневен промет, како и печатење изводи.

Дигитални канали за кредитни и административни барања

ПроКредит беше и првата банка која воведе платформа за дигитализација на кредитните и административните барања на клиентите. Па така, потпишувањето на барањата и договорите за кредити и гаранции, но и останати административни документи, клиентите на ПроКредит банка ги прават по електронски пат – брзо, едноставно и пред се сигурно.

Дигитални канали за платен промет

Транзицијата кон дигитални канали од 2018 година резултираше со тоа што 99% од целокупниот платен промет и кај физичките и кај правните лица се реализираше преку електронско банкарство. Оваа транзиција дополнително овозможи унапредување квалитетот на услугата и личниот пристапот на вработените на банката во доменот на финаниско советување на клиентите.

ПроКредит покрај воведување нови технолошки промени и иновации во своите процеси, истовремено наметнува забрзано темпо на дигитализација и кај компаниите кои работат со банката преку разбирање на потребите на бизнис моделот и едукација на клиентите.

За физичките лица, ПроКредит банка во 2021 година овозможи и користење на дигитален паричник во насока на доближување на клиентите до светските трендови каде мобилните телефони се користат и како платежни картички. 

Денес, ПроКредит сеуште е единствена банка на пазарот која работи исклучиво преку дигитални канали. Банката продолжува и понатаму да работи на понуда на нови дигитални решенија со унапредување на електронско и мобилно банкарство со нови функционалности надвор од стандардниот платен промет.

Со пенетрацијата на дигиталните решенија, банката континуирано инвестира во унапредувањето на сајбер безбедноста, при што користи решенијата и пракси согласно со Европската регулатива како дел од ПроКредит Групацијата со седиште во Германија. Со инвестирање во иновативни и квалитетни дигитални решенија, ПроКредит се стреми да остане лидер на пазарот во примена на најнови технологии.

Како да отворите бизнис сметка онлајн

Зошто ви е потребно да отворите банкарска сметка онлајн? Во денешниот брз дигитален свет, бизнисите од сите големини сѐ повеќе се свртуваат кон решенија за онлајн банкарство за да ги оптимизираат своите финансиски операции. Додека традиционалните банкарски методи стануваат помалку ефикасни во исполнувањето на барањата на модерната трговија, онлајн банкарството нуди неспоредлива удобност, безбедност и контрола. Но, зошто токму на бизнисите им се потребни овие дигитални решенија?

Дигиталните решенија нудат погодност и пристапност за управување со финансиите во секое време, насекаде, без потреба од посета на физичка филијала. На овој начин се заштедува време, средства, а и трошење на ресурси со што се обезбедува позитивно влијание врз животната средина. Дополнителни големи предности на користењето дигитални банкарски решенија се можноста за следење на трансакциите во реално време со моментален пристап до салдо и историја на трансакции, како и пристапот до посветени услуги за поддршка и ресурси прилагодени за деловните потреби.

Изберете дигитално напредна банка

Токму затоа, при избор на финансиски партнер со кој ќе започнете соработка, клучен фактор треба да бидат дигиталните можности и решенија кои ги нуди банката, со цел брзо завршување на сите банкарски операции 24/7, без разлика каде се наоѓате. Банката на која ќе ѝ ја дадете својата доверба, треба да биде ваш партнер на кој можете да се потпрете.

Во ПроКредит Банка, разбираме дека вашето време е најскапиот ресурс. Затоа нудиме онлајн платформа за отворање на сметки – без разлика каде се наоѓате и во секое време. Нашата онлајн платформа е лесна за употреба, но уште поважно нуди највисок степен на безбедност. Тоа значи дека можете да бидете сигурни дека вашите лични и финансиски податоци секогаш ќе бидат безбедни.

На овој начин ќе го заштедите вашето ограничено време и ќе го инвестирате на суштински важни работи за вашиот бизнис, како развивање на нови идеи, иновации и практики кои ќе придонесат кон позитивно влијание во општеството.

Доколку сè уште не сте започнале соработка со нашата дигитална Банка, одличен почеток е токму онлајн отворањето на сметка.

Кој е процесот за отворање сметка онлајн?

Со внесување на само неколку основни податоци и документи, можете да отворите платежна сметка. Со неа имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата и странство и пристап до останатите услуги на Банката. Исто така, иамте можност да добиете поддршка од Личен банкарски советник кој ќе ви помогне во целосната работа на вашиот бизнис.

Што треба да направите? Посетете ја нашата web страна, одберете го делот – „Аплицирајте за сметка онлајн“, внесете го името на вашата компанија, годишниот обрт и контакт информација. Потоа, прикачете ги основните документи –  Тековна состојба, Тековна состојба за вистински сопственик, Образец на заверени потписи и лична карта од законскиот застапник и сопственикот/сопствениците.

Со еден клик, вашата апликација за отворање на платежна сметка ќе биде регистрирана од наша страна, а ние веднаш ќе пристапиме кон процесот на отворање на вашата платежна сметка. Во рок од 24 до 48 часа ќе бидете контактирани да ја посетите најблиската филијала за идентификација и потпис. Дополнителна можност која ја нудиме во ПроКредит Банка е и достава на договорите до вашата службена адреса, што дополнително ќе ви заштеди време.

Со отворањето на платежна сметка во ПроКредит Банка, веднаш добивате пристап до нашата широка понуда на производи и услуги. Нудиме конкурентни фиксни провизии за платен промет во земјата и странство, единствена можност да штедите флексибилно со фер каматни стапки и неограничена достапност на вашите средства,  како и широка палета на кредитни производи за поддршка на вашиот бизнис. До сите овие услуги можете да пристапите електронски, преку нашето електронско банкарство и порталот за електронско потпишување на документи.

Кој сѐ може да користи онлајн банкарски услуги?

Оваа понуда, без разлика дали сте стартап, мало, средно или големо претпријатие, ви овозможува брз и едноставен пристап до вашите финансии во секое време. ПроКредит Банка на располагање ви нуди 24/7 зони каде може да се изврши уплата на платен промет 24 часа –  за време на државни празници, викенди и останати неработни денови.

Секој клиент на ПроКредит Банка може да ги користи услугите во зоните 24/7 и тоа: уплата и исплата на денари и евра, уплата на кованици, уплата на дневен промет на банкомат или во сеф за дневен промет, печатење изводи и слично. Влезот во зоните по работното време на експозитурите е со валидна дебитна или кредитна картичка.

За сите прашања и совети поврзани со нашите услуги на располагање ви стои нашиот Контакт Центар или вашиот Личен банкарски советник.