January 2025 - ProCredit Blog

Од стартап до успешен бизнис – Приказната за „Yova” која ќе ве мотивира да ги „отплеткате“ предизвиците  

Започнувањето на стартап може да делува предизвикувачки, но секој успешен бизнис некогаш тргнал од истото место – со единствена и оригинална идеја. Патот до успехот често е непредвидлив, исполнет со предизвици, но и со можности кои носат инспирација и мотивација. Во светот на стартапите, не постојат универзални правила – секој претприемач го гради својот пат.  

Некои стартапи се пробиваат на пазарот за помалку од две години, додека на други им е потребно повеќе време за да изградат препознатлив бренд. Но, едно е сигурно: фокусот на вашата бизнис идеја и истрајноста се клучни.  

Како што вели Натали, основачката на Yova, македонскиот одржлив моден бренд – „Најважно е да не се откажувате.“ Во оваа приказна, дознаваме како Yova го најде својот пат до успехот и зошто претставува инспирација за сите што сонуваат да започнат свој успешен бизнис.  

Што е „Yova” 

Yova е успешен бизнис и македонски моден бренд со етичка мисија кој се фокусира на минималистички дизајн, рачна изработка и одржливо производство. Со користење на природни сертифицирани материјали, брендот ги следи светските стандарди за етичка и еколошка мода. 

Идејата за Yova на Натали ѝ дошла за време на Covid изолацијата во Милано. Натали веќе долги години работела на дизајнирањето и целосното развивање на производи, што придонело да го искористи овој период за да ја продлабочи својата страст за плетење. 

„Плетењето секогаш ми било омилено, но во Милано си поставив предизвик секој ден да дизајнирам ново плетено парче. Тоа ме инспирираше да размислувам за начин како оваа пасија да прерасне во нешто повеќе,“ објаснува Натали. 

Приказната за Yova започна од идејата да се спојат традиционалните занаети со современиот дизајн, создавајќи уникатни производи кои добиваат и препознатливост на глобално ниво.   

Одржливо производство патот до етички успешен бизнис 

За Yova, одржливоста не е само поим, туку комплетна филозофија на производство. Тие подеднакво ја негуваат љубовта кон природата, животните и луѓето. Брендот обрнува внимание на секој чекор од животниот циклус на производот и за секој кој е вклучен во него. 

„Најпрво внимаваме материјалите кои ги користиме да доаѓаат од проверени сертифицирани извори и да не се од животинско потекло, потоа се грижиме условите во кои е направен нашиот производ да бидат фер за сите вклучени во процесот, се грижиме да користиме зелени програми за транспорт, и секако битно ни е да знаеме што ќе се случи со нашиот производ кога тој веќе нема да биде во употреба.

Конкретно нашите производи кога ќе се стават во земја се разградуваат за 12 недели без користење на никакви хемикалии.  За да имаме еден одржлив животен циклус, потребно е да се размиси за сите овие чекори уште пред да се почне со дизајнирање на производот, а тоа е и најголемиот предизвик.“ 

За да постои одржлив животен циклус, потребно е да се размисли за сите овие чекори уште пред да се почне со дизајнирање на производот, а тоа е и најголемиот предизвик.  

успешен бизнис - yova

Предизвици на патот  

Секој стартап минува низ различни фази исполнети со предизвици, а Натали ни ги сподели трите најголеми со кои се соочила во текот на својот пат.  

  1. Организација на синџирот за снабдување и логистика – За стартап кој користи специјализирани материјали како Yova овој предизвик претставувал критична точка.   
  2. Финансирање – Секој стартап треба да бара креативни начини за обезбедување финансии, преку партнери, грантови или иницијативи за поддршка на иновации.  
  3. Пробивање на нови пазари – Денес, овој предизвик е клучен за растот на брендот Yova.  

Глобален успех во 2024  

Во 2024 година, Yova ја лансираше својата прва колекција со 24 производи кои беа претставени во  Словенија, Милано, Париз и Њу Јорк. Дополнително, Yova стана дел од најголемата платформа за големопродажба, Faire, а од оваа година производите ќе можат да се купат и во физички мултибренд продавници во САД, вклучувајќи го и Њу Јорк.   

Овој успешен бизнис нека биде доказ дека дури и стартапите од мали земји можат да доминираат на глобалниот пазар, кога се водени од јасна визија и страст.  

Совети за идни претприемачи  

Од своето искуство, Натали ги сподели најважните препораки за сите кои сакаат да започнат свој стартап:  

  1. Истражете го пазарот – Разговарајте со потенцијалните клиенти за нивните потреби. Ова ќе ви помогне да го обликувате вашиот производ според реалните барања.  
  2. Тестирајте и подобрувајте – Брзината на тестирање и интегрирање на повратни информации е клучна за успехот.  
  3. Создадете силен тим и партнерства – Тимот е столбот на секој успешен бизнис. Добро дефинираните партнерства ни носат финансиска стабилност и нови можности за развој.  
  4. Не се откажувајте – Најголемиот успех доаѓа кога не се откажувате, дури и кога ќе се појават пречки.   

Поддршка за стартап заедницата  

Натали сподели дека и е драго што соработува со банка која е партнер на стартап заедницата. Стартап пакетот од ПроКредит Банка е само дел од она што го нуди како поддршка на претприемачите.

Банката континурирано вложува во едукација, ментортво и организирање и поддршка на настани наменети за стартапи, како што се Стартап викендите, Hive Room сесиите итн. На овој начин се создава средина каде што младите претприемачи можат да учат, соработуваат и да растат.   

Затоа доколку сте на самиот почеток или веќе имате оформена визија за вашиот бизнис, ПроКредит Банка е финансиски партнер кој ќе овозможи да ја реализирате вашата идеја.   

Создај сопствен успешен бизнис  

За крај, Yova е инспиративен пример за тоа како една бизнис идеја може да се претвори во успешен бизнис со глобален потенцијал. Оваа приказна е доказ дека упорноста, страста и визијата можат да донесат големи резултати.  

Ако и вие размислувате за основање на свој стартап, сега е моментот да направите чекор напред и да започнете своја приказна

Кредитна линија или дозволено пречекорување – разлики и предности за вашиот бизнис

Ефективното управување со ликвидноста е од витално значење за секој бизнис, без разлика на големината и индустријата во којашто дејствува. За таа цел, постојат два основни финансиски инструменти: кредитна линија и дозволено пречекорување. Тие овозможуваат флексибилност и пристап до дополнителни средства во ситуации кога постојат финансиски празнини или кога имате потреба за краткорочно или долгорочно финансирање. 

Иако на прв поглед изгледаат слично, овие два финансиски инструменти имаат уникатни карактеристики, предности и ограничувања. Во продолжение ќе ги разгледаме детално нивните разлики, предности и ситуации во кои тие се најсоодветни за вашиот бизнис. 

Заеднички предности на кредитна линија и дозволено пречекорување 

И кредитната линија и дозволеното пречекорување придонесуваат за: 

  • Обезбедување на финансиска стабилност – компаниите можат да ги исполнат своите обврски на време, избегнувајќи казни или губење на доверба кај добавувачите. 
  • Намалување на финансискиот стрес – со пристап до дополнителни средства, бизнисите можат да се фокусираат на растот и управувањето наместо на краткорочни финансиски предизвици. 
  • Флексибилно планирање – овие алатки овозможуваат подобро предвидување и планирање на финансиските текови. 
  • Револвинг механизам – доколку условите се исполнети, кредитната линија може да се обнови за нов период без да се затвори тековната изложеност

Со правилна употреба на овие финансиски инструменти имате можност да ги оптимизирате своите ресурси, да ја подобрите својата ликвидност и да обезбедите долгорочен раст. 

Што е кредитна линија? 

Кредитната линија претставува краткорочен кредитен инструмент кој се користи за финансирање на потребите за обртен капитал. Овој инструмент е дизајниран за бизниси кои имаат потреба од флексибилни и повторливи извори на финансии, особено за плаќања кон добавувачи или за купување поголеми количини производи. 

Карактеристики на кредитната линија: 

  • Флексибилност: Кредитната линија им овозможува на компаниите да ги повлекуваат и враќаат средствата според потребите, без строги рокови за отплата. 
  • Револвинг механизам: Доколку условите се исполнети, кредитната линија може да се обнови за нов период без да се затвори тековната изложеност. 
  • Намалени каматни трошоци: Каматата се пресметува само на искористениот износ, што го прави производот економичен за бизнисите кои сакаат да ги минимизираат своите финансиски трошоци. 
  • Електронска контрола: Корисниците можат да ја управуваат кредитната линија преку електронско банкарство, со задолжително прикачување на соодветни документи за секоја трансакција. 

Како може кредитна линија да ви помогне во управување со ликвидноста? 

Кредитната линија е идеална за компании кои имаат предвидливи, но периодични финансиски потреби. Оваа алатка обезбедува рамка за управување со работниот капитал, што е основа за финансиска стабилност и раст. 

Финансирање на поголеми набавки и проекти  

Компаниите можат да користат кредитна линија за да купат големи количини на залихи или суровини. На пример, ако добавувачите нудат попуст за купување во поголеми количини, компанијата може да го искористи кредитот за да ги искористи поволните услови и да го зголеми својот профит. 

Флексибилност при користење на средствата  

Компаниите можат да повлекуваат средства од кредитната линија само кога им се потребни, а камата се плаќа само за искористениот износ. Ова помага да се оптимизираат трошоците и да се избегне непотребно задолжување. 

Поддршка за сезонски бизниси 

Бизнисите кои се соочуваат со сезонски флуктуации во побарувачката можат да користат кредитна линија за да ги финансираат трошоците во периоди на висок обем на работа и да го враќаат долгот кога приходите ќе се стабилизираат. 

Контрола врз паричните текови  

Со можноста да го планираат користењето на средствата, компаниите можат подобро да ги менаџираат своите трошоци и да обезбедат доволно пари за исполнување на сите обврски. 

Што е дозволено пречекорување? 

Дозволеното пречекорување е кредитен лимит кој е директно поврзан со вашата редовна сметка. Оваа алатка е дизајнирана за бизниси кои се соочуваат со краткорочни ликвидносни потреби, како ненадејни трошоци или временски разлики помеѓу приходите и расходите. 

Карактеристики на дозволеното пречекорување: 

  • Автоматско активирање: Пречекорувањето станува достапно веднаш штом вашата сметка влезе во минус, без потреба од дополнителни чекори. 
  • Брза реакција: Идеално за итни ситуации каде времето е критичен фактор. 
  • Дневна пресметка на камати: Каматата се пресметува на дневна основа, а сите приливи на сметката автоматски го намалуваат искористеното пречекорување. 
  • Флексибилност: Овој производ е едноставен за користење преку електронско банкарство, што овозможува брз пристап до средствата. 

Како може дозволено пречекорување да ви помогне во управување со ликвидноста? 

Дозволеното пречекорување е дизајнирано за да покрива краткорочни финансиски празнини и непредвидливи трошоци. Оваа алатка им овозможува на компаниите брз пристап до средства кога тие се најпотребни. 

Покривање на краткорочни ликвидносни празнини  

Компаниите често се соочуваат со временска разлика меѓу приходите и расходите. На пример, ако клиенти доцнат со плаќања, а истовремено треба да се платат добавувачи, дозволеното пречекорување може брзо да го пополни овој јаз. 

Брзина и едноставност  

Пречекорувањето се активира автоматски, што го прави одличен избор за итни ситуации. На пример, ако се појави итен трошок, компанијата нема потреба да чека процес на одобрување, туку може веднаш да ги искористи средствата. 

Автоматско враќање на долгот  

Сите приливи на сметката автоматски се користат за да се намали искористеното пречекорување. Ова ја елиминира потребата од дополнителни трансакции и го олеснува управувањето со долговите. 

Флексибилност за мали износи  

Компаниите можат да користат дозволено пречекорување за релативно мали и краткорочни финансиски потреби, без да се обврзуваат на поголеми задолжувања или подолги рокови. 

Главни разлики помеѓу кредитна линија и дозволено пречекорување 

Карактеристика Кредитна линија Дозволено пречекорување 
Цел Финансирање на планирани, поголеми финансиски проекти Покривање на итни, краткорочни финансиски потреби 
Траење Неколку месеци до една година Неколку дена до неколку недели 
Каматна стапка Пообично пониска Малку повисока 
Метод на користење Задолжително прикачување документи за трансакции Автоматско активирање и користење 
Ризик за бизнисот Погоден за предвидливи финансиски текови Погоден за ситуации со непредвидливи трошоци 
Флексибилност при отплата Каматата се пресметува месечно, средствата се враќаат според можностите на бизнисот Вишокот средства автоматски го намалува долгот, каматата се плаќа месечно 

Како да го направите вистинскиот избор? 

За да изберете кој финансиски инструмент е најдобар за вас, разгледајте ги следниве фактори: 

  1. Големината на потребните средства: Кредитната линија е подобра опција за поголеми износи, додека дозволеното пречекорување е посоодветно за помали износи. 
  1. Траење на потребата: Доколку вашите финансиски потреби траат подолг период, кредитната линија е посоодветна. За краткорочни потреби, дозволеното пречекорување е попрактично. 
  1. Време на одобрување: Ако ви требаат средства веднаш, дозволеното пречекорување нуди побрз пристап. 
  1. Контрола врз трошоците: Кредитната линија е поефикасна за претпријатија со јасна слика за своите приходи и расходи. 

И кредитната линија и дозволеното пречекорување се моќни алатки за финансиско управување, но нивната ефикасност зависи од правилната употреба. Анализирајте ги вашите финансиски навики, текови и потреби за да го изберете вистинското решение

Кредит на рати или револвинг кредит – што е најповолно решение за вашиот бизнис? 

Во светот на деловните финансии, пристапот до финансирање со соодветен кредитен производ може да биде клучен фактор за успех. Два популарни финансиски механизми кои деловните субјекти често ги разгледуваат се кредит на рати и револвинг кредит. Секој од овие финансиски инструменти има свои уникатни карактеристики и предности, па изборот помеѓу нив зависи од специфичните потреби на вашиот бизнис. 

Кредит на рати  

Кредитот на рати е традиционален финансиски производ кој нуди стабилност и предвидливост во отплатата. Ова е особено корисно за бизниси кои имаат јасна слика за своите идни приходи и расходи. Клучни карактеристики на овој тип на кредит се: 

  • Фиксни месечни рати – отплатата се врши во фиксни месечни износи, што овозможува лесно планирање на буџетот 
  • Фиксен износ на кредит – позајмувате одредена сума која ја враќате во определен период 
  • Пониски каматни стапки – обично имаат пониски каматни стапки во споредба со револвинг кредитите 
  • Дефиниран период на отплата – временската рамка за отплата може да варира од неколку месеци до неколку години 

Намена: 

  • Кредити на рати до 36 месеци најчесто се користат за финансирање на трајни обртни средства 
  • Подолгорочни кредити се користат за финансирање на инвестиции во фиксни средства, при што рокот зависи од природата на инвестицијата 

Предности: 

  • Фиксните рати и рокови помагаат во одржување на финансиска дисциплина 
  • Знаете точно колку ќе позајмите и колку ќе враќате, што овозможува прецизно финансиско планирање 
  • Идеални се за финансирање на долгорочни проекти или набавка на опрема 

Револвинг кредит 

Револвинг кредитот, познат и како кредитна линија, е дизајниран да обезбеди максимална флексибилност за бизнисите со променливи потреби за готовина. Клучни карактеристики на овој тип кредит се: 

  • Флексибилност – можете да позајмувате и враќате средства повеќепати до одреден лимит 
  • Краткорочна природа – идеален за финансирање на краткорочни потреби како дополнителни обртни средства 
  • Променливи каматни стапки – каматните стапки може да се променат при следната обнова на кредитната линија 
  • Обновлив кредитен лимит – лимитот се обновува кога ќе вратите дел или целата позајмена сума 

Намена: 

  • Финансирање на потребите за обртен капитал 
  • Плаќање кон добавувачи 
  • Периодично одржување на ликвидност 
  • Финансирање на извозни трансакции 

Предности: 

  • Повлекувањето на средства е брзо и едноставно, најчесто преку е-банкарство 
  • Каматата се плаќа само на искористениот износ, со што имате контрола на трошоците   
  • Често е потребно помало обезбедување во споредба со кредитите на рати 

Споредба 

Новите претприемачи понекогаш се советуваат со слични бизниси мислејќи дека така ќе направат правилен избор. Треба да знаете дека колку и да се слични бизнисите и нивната природа, сепак нивното работење никогаш не може целосно да се поистоветува. Односно, не постои една единствена шема што важи за сите компании од една индустрија, големина или која било друга сличност.  

Изборот помеѓу кредит на рати и револвинг кредит зависи исклучиво од специфичните потреби на вашиот бизнис и тоа во одредениот момент кога ви требаат средствата. Кај нас во процесот на евалуација и избор ќе ви помогнат нашите банкарски советници коишто секогаш ви стојат на располагање. Но, за почеток, добро е да ги знаете основните разлики.  

Аспект Кредит на рати Револвинг кредит 
Намена Долгорочни инвестиции или трајни обртни средства Краткорочни потреби за обртен капитал 
Рок на отплата Среднорочен до долгорочен (до 36 месеци или повеќе) Краткорочен (обично до 1 година) 
Начин на отплата Фиксни месечни рати Флексибилен, обично се плаќа само камата месечно 
Повторно користење Не, еднократно повлекување на средствата Да, во рамки на одобрениот лимит 
Каматна стапка Обично пониска, фиксна Обично повисока, променлива 

Што се обртни средства? 

Обртните средства се сржта на финансиската структура на секој бизнис. Тие ги опфаќаат сите средства што компанијата ги користи за дневни операции, како готовина, побарувања, залихи и однапред платени трошоци. Оваа категорија средства овозможува компаниите да останат ликвидни и да одржуваат континуитет во работењето.  

Обртните средства опфаќаат: 

  • Готовина: Сите парични средства на располагање на компанијата. 
  • Побарувања: Средства што компанијата треба да ги добие од клиентите. 
  • Залихи: Производи наменети за препродажба или производство. 
  • Однапред платени трошоци: Трошоци што се плаќаат однапред за услуги или производи. 

Соодветното управување со обртните средства е клучно за успешно искористување на револвинг кредитите и за избегнување на непотребни камати. 

Како да направите избор помеѓу кредит на рати и револвинг кредит? 

При изборот на соодветен тип на кредит може да ви помогнат неколку чекори:    

Анализирајте ги вашите потреби  

Дали ви требаат средства за долгорочна инвестиција или за краткорочни флуктуации во готовинскиот тек? 

Разгледајте го вашиот бизнис циклус  

Ако имате сезонски бизнис, револвинг кредит може да биде подобра опција поради неговата флексибилност. 

Проценете ја вашата способност за отплата  

Дали можете да се обврзете на фиксни месечни рати или ви треба пофлексибилен аранжман? 

Консултирајте се со финансиски експерт  

Разговарајте со вашиот банкарски советник за да добиете персонализиран совет. 

И кредитот на рати и револвинг кредитот имаат свое место во финансирањето на бизнисот. Кредит на рати е идеален за долгорочни инвестиции и трајни обртни средства, нудејќи стабилност и предвидливост. Од друга страна, револвинг кредит е совршен за управување со краткорочни потреби за готовина и сезонски флуктуации. 

Клучот е да се разберат специфичните потреби на вашиот бизнис и да се избере опцијата која најдобро ги задоволува тие потреби. Понекогаш најдоброто решение  може да биде комбинација од двата типа кредити, оптимизирани според вашиот бизнис модел и финансиски цели.  

Од стартап до успешен бизнис – Дознајте ги „слатките” предизвици и приказната на „Ла Крем“   

Започнувањето сопствен бизнис не е воопшто лесна одлука. Да сте сопственик на стартап значи да излезете од својата комфорна зона, да ризикувате и да вложите многу труд за да изградите нешто свое. Сепак, кога имате идеја што верувате дека може да успее, храброста и посветеноста се најважните вредности на патот кон успехот. Стартапите, како нови и иновативни бизниси, се вистинска можност за реализација на идеите кои можат значително да придонесат за пазарот.  

Во Македонија, стартап културата постепено се развива, но предизвиците се значителни – од недостиг на финансиска поддршка, менторство и потребни алатки за раст и развој. Многу млади претприемачи се соочуваат со прашањето: Од каде да почнам? Одговорот е едноставен – почнете од вашата идеја. Но, патот од идеја до успешен стартап бара многу труд, планирање и поддршка. Токму ова го покажува успешната приказна на „Ла Крем“ кој прерасна во познат бренд за слатки.  

Што значи да создадете свој стартап?  

Стартап е секоја нова компанија, без разлика дали е традиционален бизнис или се базира на иновативен производ или услуга, односно е почетокот на нешто ново и уникатно за пазарот. Сепак, првиот и најважен чекор е идејата. Вашата идеја е основата врз која ќе се гради вашиот бизнис. Но, како да знаете дали идејата е доволно добра? Токму тука започнува процесот на истражување и планирање. 

Одличен пример за успешен стартап во Македонија е токму приказната на „Ла Крем“, бренд кој докажува дека и малите идеи, кога се правилно насочени, можат да прераснат во успешни.  

„Ла Крем“ – пат од идеја до препознатлив бренд  

Приказната за „Ла Крем“ започнува од една желба – да се „оживеат“ старите семејни рецепти што мајката и бабата на основачот Мартин ги подготвувале. Вкусовите од детството биле негова инспирација, а идејата никнала токму од тие традиционални слатки со цел да ги трансформира во модерен и препознатлив бизнис кој ќе ги воодушеви љубителите на десерти. На самиот почеток, Мартин споделува дека неговата „најслатка мака“ беше како да ја претвори замислата во нешто уникатно и посебно. Според него не е доволно само да се создаде одличен производ – тој верува дека неговата љубов и пасија за слатките треба да стигне до вистинските уживатели и да остави траен впечаток.  

Денес, „Ла Крем“ е препознатлив бренд за висококвалитетни торти и колачи во Скопје. За основачот, довербата од клиентите е најважната мотивација да продолжат да креираат вкусови со квалитет и креативност.  

Мартин од „Ла Крем” споделува топ три совети за оние кои размислуваат да започнат сопствен стартап:   

  • Планирајте детално – добриот бизнис план и финансиската анализа се основата на секој успешен бизнис.   
  • Бидете истрајни – со доволно страст и посветеност ќе успеете да ги надминете сите предизвици на патот.   
  • И најважно од сè, барајте поддршка. За Мартин, ПроКредит Банка беше клучен партнер. Финансиската поддршка му помогнала да ја реализира својата визија за „Ла Крем“ да прерасне во бренд.  

Предизвици за стартап бизнисите во Македонија  

Многу млади претприемачи во Македонија имаат одлични идеи, но се соочуваат со сериозни пречки на почетокот. Најчестите предизвици вклучуваат:  

  1. Финансиски тешкотии – Почетните трошоци можат да бидат значително високи, вклучувајќи ги средствата за производство, набавка на опрема, создавање на веб-страница, како и промоција на брендот. За претприемачите кои немаат пристап до почетен капитал или инвеститори, ваквите трошоци можат да претставуваат пречка за реализацијата на нивната идеја. 
  1. Недостиг на менторство и поддршка – Потребна е стручна помош во развојот на стратегијата и финансиското планирање. Она што најчесто недостасува е помошта при дефинирање на стратегијата, финансиското планирање или управување со ризици. Ова ги остава претприемачите сами да ги совладуваат предизвиците, што може да биде демотивирачки. 
  1. Конкуренција – Позиционирањето на пазарот е предизвик, особено кога постојат големи и веќе етаблирани брендови кои имаат стабилни клиенти и препознатливост. Позиционирањето на еден нов бизнис меѓу ваква конкуренција бара внимателно планирање, уникатен пристап и значителни ресурси за маркетинг. Без соодветна стратегија, новиот бизнис ризикува да остане незабележан од потенцијалните клиенти 

Сепак, успешни приказни како „Ла Крем“ докажуваат дека овие предизвици можат да се надминат со добра стратегија, посветеност и вистински финансиски партнери.  

Започнете ја вашата успешна приказна  

Финансиите се клучниот фактор во растот и развојот на секој стартап. Без соодветна финансиска поддршка, дури и најдобрите идеи можат да останат само соништа. Токму затоа е важно да изберете банка која ги разбира вашите потреби како претприемач.  

ПроКредит Банка нуди стартап пакет кој е идеален за нови бизниси. Покрај финансиска поддршка, банката обезбедува и стручни консултации, настани и вмрежувања, како и насоки кои ќе ви помогнат да го развиете вашиот бизнис.  

Приказната на „Ла Крем“ е пример дека успехот е можен дури и во предизвикувачка средина како што е македонскиот пазар со добра идеја, детално планирање, фокус на квалитетот и поддршка од сигурен партнер како ПроКредит Банка

Започнете со вашата идеја, создадете јасна визија и побарајте ја поддршката што ви е потребна.Со стартап пакетот на ПроКредит Банка, добивате стабилен финансиски партнер кој ќе ве поддржи низ целиот процес и ќе ви помогне да одите нагоре низ вашето бизнис патување.  

Дознајте повеќе за Стартап пакетот на ПроКредит Банка

Направете стратешка инвестиција со соодветен кредит за бизнис

Инвестирањето во вашиот бизнис е еден од најважните чекори за неговиот раст и успех. Изборот на вистинскиот кредит за бизнис е важна финансиска одлука, која стратешки влијае на иднината. Добриот кредит може да ви помогне да ги исполните вашите амбиции и да го направите вашиот бизнис поконкурентен на пазарот. Во овој текст, ќе ви помогнеме  да изберете кредит што најдобро одговара на вашите потреби, со дополнителни практични совети. 

Зошто е важно да го изберете вистинскиот кредит за вашиот бизнис? 

Изборот на соодветен кредит не е едноставна задача, но е од клучна важност за растот на вашиот бизнис. Кредитот може да го олесни финансирањето на проектите и да овозможи имплементација на важни промени. 

Секој бизнис има уникатни потреби и цели. Понекогаш, еден кредит може да направи разлика дали ќе стагнирате или ќе напредувате. Со правилно избран кредит за бизнис, можете да: 

  • Инвестирате во нова опрема или машини, кои ќе го подобрат производството. 
  • Финансирате тековни активности и да одржите стабилност во работењето. 
  • Проширите вашиот бизнис со нови деловни простории или филијали. 
  • Воведете иновации и да дигитализирате процеси за поголема ефикасност. 

Видови кредити за бизниси и нивната намена 

Постојат различни видови кредити за правни лица, но секој од нив има своја специфична цел. Пред сѐ, потребно е да ги разберете нивните карактеристики за да направите правилен избор.  

1. Краткорочни кредити 

Краткорочните кредити се совршени за финансирање на итни потреби и краткорочни цели. Тие се дизајнирани да обезбедат брз пристап до финансии за решавање на специфични предизвици. 

Намена: Покривање на краткорочни потреби, како што се купување суровини, одржување на залихи или исплата на даноци и плати. 

Рок на отплата: До 1 година. 

Кога да ги изберете: Ако вашите потреби се сезонски или имате краткотрајни проекти, краткорочниот кредит е вистинското решение. 

2. Среднорочни кредити 

Среднорочните кредити се идеални за проекти што бараат повеќе време за реализација, но сé уште се врамени во релативно краток рок. Тие овозможуваат финансиска поддршка за стабилен развој на вашиот бизнис. 

Намена: Купување опрема, возила, трајни обртни средства или финансирање маркетинг активности. 

Рок на отплата: Од 1 до 5 години. 

Пример: Кредити за обртни средства на рати до 36 месеци се идеални за воведување нови производи или услуги кои ќе генерираат приход во краток период. 

3. Долгорочни кредити 

Долгорочните кредити се најсоодветни за големи капитални инвестиции кои бараат подолг период на поврат на средствата. Тие се погодни за компании кои се подготвени да направат значителни вложувања во својата иднина. 

Намена: Големи капитални инвестиции, како изградба на фабрики, купување недвижен имот или долгорочни инфраструктурни проекти. 

Рок на отплата: Над 5 години. 

Карактеристики: Често овозможуваат грејс период за отплата, што ви дава простор инвестицијата да почне да генерира приходи пред да започнете со враќање на кредитот. 

Како да го изберете вистинскиот кредит за вашиот бизнис? 

Планирањето и анализата се основа при правењето избор на кредит. Овој процес ќе ви помогне да ги разберете вашите финансиски потреби и да изберете решение кое ќе го поддржи вашиот раст. 

1. Анализирајте ја инвестицијата 

Пред да побарате кредит, размислете за природата на вашата инвестиција. Одговорете на следните прашања: 

  • Времетраење: Колку време е потребно за реализација на проектот? 
  • Поврат на инвестицијата: Кога инвестицијата ќе почне да генерира приходи? 
  • Ризици: Дали постојат можни пречки што треба да ги земете предвид? 

На пример, ако планирате да купите нова опрема, анализирајте колку време ќе биде потребно за таа опрема да почне да ја зголемува продуктивноста. 

2. Анализирајте го текот на готовината (Cash Flow) 

Вашиот готовински тек е основата за успехот на секој кредит. Овој аспект ја одредува вашата способност за отплата на ратите. 

Совет: 

  • Проверете дали вашиот бизнис има доволно приходи за да ги покрива месечните отплати. 
  • Планирајте ги ратите според очекуваните приходи од инвестицијата. 

3. Разгледајте го повратот на инвестицијата (ROI) 

Повратот на инвестицијата е клучен фактор за одредување на временскиот период и видот на кредитот. 

Препорака: Изберете кредит кој се совпаѓа со временската рамка потребна за инвестицијата да генерира позитивен поврат. Долгорочните кредити можат да бидат попрактични за проекти кои бараат подолг период за поврат. 

Клучни карактеристики на кредит за бизнис 

Кредитите за бизнис можат значително да се разликуваат според нивната намена, рок и карактеристики. Потребно е да ги разберете овие аспекти за да го направите најдобриот избор. 

Кредити за обртни средства 

  • Рок на отплата: До 3 години. 
  • Карактеристики: Можност за отплата на еднакви месечни рати, со флексибилност за користење на кредитот во транши. 
  • Намена: Финансирање тековни активности, набавка на суровини и подобрување на ликвидноста. 

Кредити за фиксни средства 

  • Рок на отплата: До 10 години или повеќе. 
  • Карактеристики: Висок износ за големи инвестиции, можност за грејс период и обезбедување преку меница, залог или хипотека. 
  • Намена: Купување машини, проширување капацитети, изградба или реконструкција на објекти. 

Основни типови инвестиции кои го поттикнуваат развојот на вашиот бизнис 

Инвестициите кои ги прават правните лица се суштински за растот и одржливоста на компаниите. Во зависност од нивната намена и времетраење, тие можат да се поделат на повеќе категории. Еве кои се основните типови инвестиции што можат да го поттикнат развојот на вашиот бизнис. 

  1. Инвестиции во фиксни средства 
  1. Инвестиции во трајни обртни средства  
  1. Инвестиции во технологии 
  1. Финансиски инвестиции  
  1. Инвестиции во човечки ресурси  
  1. Инвестиции во истражување и развој (R&D) 
  1. Инвестиции во маркетинг и бренд 
  1. Инвестиции во одржливост и екологија 
  1. Инвестиции во проширување на бизнисот 
  1. Инвестиции во логистика и снабдувачки синџир 
  1. Инвестиции во интелектуална сопственост 

Овие инвестиции можат да бидат краткорочни или долгорочни, зависно од тоа дали се насочени кон моментално зголемување на профитот или одржлив раст на бизнисот. 

Следете го нашиот блог за повеќе корисни совети бидејќи знаеме што е најдоброто за вашиот бизнис!