Што поддржуваш со парите на твојата банкарска сметка?

Кога зборуваме за индивидуални еколошки навики и промени, најчесто не ни паѓа на памет дека со изборот за тоа каде ги чуваме нашите пари, ние индиректно придонесуваме кон финансирање на активности и поддршка на истите.

Дали знаете каде вашата банка ги реинвестира вашите пари? На што работи одделот за животна средина во ПроКредит Банка? Кои се и како се избираат активностите кои ја загрозуваат животната и општествената средина и не се кредитираат од страна на банката?

Добринка Стефанова, Директорка на одделот за управување со животната средина во ПроКредит Банка, разговара не само на овие теми, туку и за нејзиното 10 годишно искуство како вработена во банката. За нејзиното унапредување по враќањето од породилно што е реткост, и уште многу други примери за како една општествено одговорна компанија треба да се однесува кон своите вработени.

Интервју на YesforLessPodcast со Добринка Стефанова од ПроКредит Банка

Дали знаете дека банките имаат значителен удел во одредувањето на насоката во којашто ќе се движи економијата? Нивото до коешто тие инвестираат во одржлива иднина значително ја менува сликата што можеме да ја очекуваме во иднина.

Почнувајќи од вложувања во решенија за следење на CO2 отпечатокот па сѐ до понуда на кредити за фотоволтаични централи, сите „зелени“ иницијативи на банките прават разлика за сите нас. Оттаму, тие мора да бидат едни од лидерите при справувањето со глобалните предизвици. За справување со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо-економското опкружување потребна е визија и цврсти принципи на одговорно банкарство.

Како да знаете дали вашите пари ги оставате во одговорна банка?

Накратко, одговорна банка во овој контекст, е банка која дејствува во насока на одржлив развој и заштита на животната средина. Ова се однесува на одржливо финансирање на проекти кои имаат позитивен ефект врз природата со фокус на инвестирање во обновливи извори на енергија и социјално одговорни бизниси. Основа за одржливо работење од страна на банките насекаде во светот е ESG концептот (Environment, Social, Governance).

За повеќе информации што е одговорна банка прочитајте тука.

Профит наспроти одржливост

Какво е вистинското влијание на деловните активности на компанијата? Тие нудат добра и услуги кои го подобруваат нашиот секојдневен живот, но каква трага оставаат компаниите со своето делување? Како можеме да го измериме успехот на бизнисот? Кога зборуваме за профит наспроти одржливост, дали успехот се заснова исклучиво на профит, или пак, треба да ги земеме предвид ефектите што ги има врз општеството и животната средина?

Профит наспроти одржливост – фокус на општествена одговорност

Општествената одговорност е сѐ поактуелна тема и сведоци сме дека низ годините се зголемува бројот на компании кои се подготвени да одделат дел од својот профит за поддршка на заедницата преку донации. Но, доколку системот на работа при создавање на профит на компаниите е неодржлив и придонесува за негативни ефекти во општеството, дали можеме да разговараме за вистинска одговорност?

Остварувањето на профит, како еден од главните приоритет на компаниите, не треба да биде на штета на луѓето и животната околина. Традиционалниот бизнис модел фокусиран на профит полека се трансформира во нов начин за управување – одговорно, етичко и одржливо. Напорите за корпоративна одржливост отвораат простор за наоѓање рамнотежа помеѓу општествените потреби, без преминување на границата до која човештвото може да функционира и живее, не нарушувајќи го екосистемот на планетата Земја.

Во овој процес, значајна регулаторна улога можат да играат и банките, воспоставувајќи принципиелни критериуми во процесот на кредитирање и поддршка на развојот на различните индустрии.

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија

Во изминатите 20 години постоење на македонскиот пазар, ПроКредит банка постави вистински пример за општествено одговорна компанија, посветена на одржлив развој и зачувување на животната околина. Банката работи на минимизирање на влијанието врз животната средина и промовира одржливи практики, не само во рамките на сопствените активности, туку и во соработката со клиентите и добавувачите. Примената на овие доброволни мерки за одговорно делување значи и приоретизирање на догорочната одржливост на економијата и животната средина, наспроти максимизирање на краткорочниот профит на банката.

Активности кои негативно влијаат на општеството

Согласно своите етички стандарди, ПроКредит како пример за одговорна банка има дефинирана листа на активности кои негативно влијаат на општеството и животната средина кои банката не ги кредитира, како што се игри на среќа (кладилници и коцкарници), ловишта, производство и трговија со оружје, рудници, ангажирање на присилена работна сила или издавање и инвестиции во крипто валути. Овој процес во банката е систематизиран, со што се прави транспарентна проценка на еколошкиот ризик и социјалното влијание во соработката со секој клиент преку категоризација, не само на нивото на ризик кон животната средина, туку и кон условите за работа на вработените.

Доколку одредена компанија не ги исполнува бараните стандарди и не е подготвена да вложи во систем на подобрување, банката ја одбива кредитната поддршка. Истото важи и за рестрикциите кон било какво финансирање на дејности поврзани со ископ на јаглен, активности во заштитени зони и национални паркови, производство и трговија со пластика за еднократна употреба. Банката не гледа само низ призмата на сопствениот профит, туку со поддршката што ја дава, придонесува кон долгорочен и одржлив развој на бизнисите.

Профит наспроти одржливост: Зелено кредитирање

Во таа насока, еден од главните фокуси на банката е „зелено кредитирање“, каде што се насочени 20% од кредитни пласмани за финансирање проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

Преку финансирањето на општествено подобни проекти ПроКредит Банка промовира позитивно влијание врз општеството и животната средина, што е во согласност со мисијата на банката да придонесе за одржлив развој на домашната економија.

Реалност е дека компаниите можат да имаат значително влијание врз промена на досегашната пракса, со што би се дало приоритет на намалување на штетните ефекти врз животната средина. На тој начин, би се отворил простор за развој на погрижлива економија, каде што успехот на компанијата нема да биде дефиниран само од остварениот профит.

Стабилен банкарски партнер е клучен за успешен бизнис

Стремежот за успех во бизнисот е заедничка цел што ги поврзува визионерските компании и финансиските институции. Тајната на успешното партнерство во корпоративниот свет е токму квалитетот како заедничка вредност на двете страни, како и изборот на банкарски партнер.

За извозните компании, квалитетот и довербата се едни од најважните елементи на нивната стратегија за пробив на меѓународните пазари. Одржувањето постојано висок квалитет на производи и услуги и градењето силна репутација кај купувачите е клучна предност што можат да ја имаат на конкурентниот глобален пазар. Конзистентниот квалитет овозможува градење доверба, ублажување на ризиците, поттикнува долгорочни односи и обезбедуваат подобра преговарачка позиција.

Банките кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во соработка со бизнисите, го препознаваат квалитетот како предуслов, од една страна за градење долгорочно партнерство, а од друга страна за градење одржлив и успешен бизнис. Компаниите пак се свесни дека со одговорен и доверлив банкарски партнер полесно се надминуваат предизвиците.

Oдговорните банки, покрај тоа што играат клучна улога во зајакнувањето на локалните бизниси на домашниот пазар, помагаат и во пробивањето на нивните производи на глобалната сцена. Преку понуда на широка палета на инструменти, банките ги поддржуваат извозните компании со тоа што им овозможуваат сигурен настап на новите пазари обезбедувајќи финансиска помош за реализација на нивните извозни планови, како и стручни насоки и консултации за ефикасно планирање на ликвидноста и управувањето со финансиите, вклучувајќи ја тука и висококвалитетната соработка и обезбедени плаќања со странските партнери итн.

Препознавање на квалитетот и заедничката визија

Нашата држава надалеку е позната по квалитетното вино на ГД Тиквеш АД, кои се препознатливи амбасадори не само на регионалната, туку и на светската сцена. Брендот, основан во 1999 година, денес опстојува на пазарот како најголем производител на грозје во земјата, а од пред 10 години е сопственик и на Винарската визба „Милев“ со капацитет од 11 милиони литри вино.

Токму нивната успешна приказна е пример за колективната визија, поддршка и квалитет, како резултат на успешното партнерство со ПроКредит банка, кое трае веќе 20 години.

„Низ годините ГД Тиквеш бележи значајни трансформации во однос на технологијата, модернизирање на процесот на производство, нова механизација и тоа за една единствена цел, со која и се препознаваме на пазарот – КВАЛИТЕТОТ. За раст и развој на компанијата голема заслуга има нашата соработка со ПроКредит Банка. Како банка ориентирана да го поддржи земјоделското стопанство, ние препознавме нешто блиско до нас.“ истакнува  Ристо Милев, Генерален директор на ГД Тиквеш АД.

Поддршката од банкарски партнер во значајни моменти е клучна за успехот

Патот до успехот на една компанија е дефиниран од клучни моменти кои ја обликуваат нејзината иднина и затоа есенцијална е поддршката од доверлив и стабилен банкарски партнер. Финансиските совети на банката треба да дадат јасни насоки што поттикнуваат раст и развој на компанијата. Всушност, суштината на успешното партнерство лежи во внимателно слушање и разбирање на потребите на бизнисот, навремената поддршка и делење на иста визија за успех.

„Сѐ започна со самиот старт на работењето на Банката во нашата земја. На обострано задоволство и со добиена поддршка во клучни моменти, создадовме една заедничка приказна стара 20 години. Благодарение на добрите финансиски совети добиени од ПроКредит, како и поддршката која ни ја пружија во освојувањето на нови пазари, нашата компанија имаше стабилен развој.

Банката низ годините ја препозна нашата визија и филозофија, а тоа што започна како соработка, стана еден силен, партнерски однос на едно исклучително високо ниво. Транспарентноста, професионалноста, отворената комуникација, како и поволностите кои ги нуди Банката се работи кои навистина ги цениме и можеме да кажеме дека имаме целосна доверба во ПроКредит како наша банка партнер.

Веруваме дека соработката ќе ни трае уште долги години и ПроКредит ќе не поддржи во нашите идни инвестиции и пробивања на нови пазари и ќе биде покрај нас во сите наши клучни моменти, како што била и до сега.”, вели Милев.

Култура на вредности во ПроКредит

ПроКредит Банка веќе 20 години ја потврдува својата општествена одговорност во однос на своите клиенти, вработени, акционери, и секако кон животната средина. Секогаш имајќи го на ум фактот дека одлуките и постапките на банките директно влијаат врз животот и благосостојбата на сите луѓе во општеството, ПроКредит Банка постојано останува верна на своите морални принципи околу кои постојано ги надградува и негува култура на вредности.

Култура на вредности во сите сегменти

Етичкото, транспарентно и одржливо постапување во сите сегменти од своето делување ја етаблира ПроКредит Банка во локалните рамки како компанија од доверба и со докажана лојалност кон одржување на култура на вредности во кои верува. Во нашето општество особено е видлива и насекаде е препознатлива перманентната одговорност на ПроКредит кон зачувување и подобрување на животната средина како една од најголемите вредности за кои банката се завзема, за што сведочат нејзините бројни иницијативи и инвестиции во овој сегмент. 

Како овие вредности влијаат врз вработените во ПроКредит Банка?

Вработените во ПроКредит Банка активно учествуваат со своите размислувања и предлози за сите општествено-одговорни активности и иницијативи кои компанијата ги презема. Нивната директна вклученост е еден од виталните принципи за одговорноста на банката кон своите вработени, кој несомнено придонесува за зајакнување на вредностите и на практикување на истите и вон работното место:

„Вредностите и принципите како солидарност, хуманост, желба за заштита на нашата животна околина не се само мои принципи, тие се принципи и на моите колеги кои не важат само додека сме на работното место, туку според нив живееме, според нив носиме одлуки, според нив дејствуваме и создаваме подобар свет за нас и сите останати.

Заедно ја градиме и одржуваме култура на вредности во банката и затоа сметам дека вредностите и принципите кои ги живееме и почитуваме се главната причина зошто банката има вработени кои што се повеќе од 20 години со компанијата и се лојални на истата. Овие вредности ми даваат мотивација за секојдневно да работам и да се чувствувам позитивно во работната средина,“ вели г-ѓа Елена Никовска, директорка на Оддел за управување со информациски систем во ПроКредит Банка.

Повеќе за одговорноста кон одржување на културата и вредностите во кои верува ПроКредит Банка, дознајте во видеото кое следи.

Што е одговорна банка?

Банките имаат огромен удел при одредувањето на насоката на движењето на економијата преку инвестиција во одржлива иднина. Од апликации за следење на CO2 отпечатокот до кредити за фотоволтаични централи, денес банките во светот мора да бидат едни од лидерите при справувањето со глобалните предизвици поврзани со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо-економското опкружување. Лидерската улога бара визија, бара принципи на одговорна банка.

Што е одговорна банка?

Одговорна банка во овој контекст, е банка која дејствува во насока на одржлив развој и заштита на животната средина, преку одржливо финансирање на проекти кои имаат позитивен ефект врз природата чиј фокус најчесто е во инвестирањето во обновливи извори на енергија и социјално одговорни бизниси. Основа за одржливо работење од страна на банките насекаде во светот е ESG концептот (Environment, Social, Governance).

Што можат банките да направат за одржлива иднина?

Неколку добри практики кои придонесуваат кон одржливоста и прават една банка да биде одговорна банка:

Инвестиции во обновливи извори на енергија

Банките можат да промовираат кредити за инсталирање на фотоволтаични централи, и да помогнат во едукација на своите клиенти. Овие инвестиции ќе ја намалат вкупната потрошувачка на енергија и ќе помогнат во намалување на емисиите на стакленички гасови.

Финансирање на проекти за енергетска ефикасност

Банките можат да предложат кредити за замена на стари апарати со нови, енергетски ефикасни апарати или за инсталирање на системи за греење и ладење кои користат енергија со помалку емисии.

Утврдување на листа на активности кои банките нема да ги кредитираат

Оваа листа да содржи активности од разни домени на работењето на потенцијалните клиенти како што се неетички практики и услови за работа, дејности кои се штетни за здравјето и животната средина, дејности кои имаат негативно влијание врз заедницата, како и правни субјекти кои вршат конкретни неприфатливи дејности кои банката нема да ги финансира. 

Воспоставување систем за управување со животната средина

Банките да воспостават Систем за управување со животната средина кој ќе содржи компоненти како:

  • интерен систем за управување со животната средина за да се овозможи подобро разбирање и подобрување на одржливоста на сопственото користење на енергија и влијание врз животната средина;
  • управување со ризикот од животната средина кај кредитирањето преку постојани и темелни проценки и со инкорпорирани прашања од животната средина во процесот на одобрување кредити, воедно да ја подигнуваат свесноста на клиентите за животната средина;
  • да промовираат „зелено финансирање“. 

Дигитализација на процесите и инвестирање во луѓето

Банките секако треба да тргнат од себе, да ги дигитализираат и автоматизираат процесите и за тоа соодветно да ги обучат вработените. Намалувањето на употребата на хартија е еден од главните чекори кои банките ги превемаат во насока на целосно преминување во дигиталната сфера при работењето.

Применување на високи стандарди на одговорна банка

Применување на високи еколошки и енергетски стандарди при изградба, реновирање на опремување на сопствената деловната мрежа со што значително би ја намалиле потрошувачката на струја.

Промоција на електромобилност

Самите банки да промовираат електромобилност во својот возен парк, на струја произведена од сопствена фотоволтаична централа.

Извештаи за инвестиција во одржлива иднина

Јавно да објавуваат извештаи за одржливост кој ќе содржи детални информации на нивниот бизнис модел и сите активности кои ги преземаат за намалување на негативното влијание врз животната средина.

Колкава е свесноста на луѓето за концептот на одговорна банка?

Од огромна важност е улогата на банката во советување и информирање на клиентите за предизвиците со климатските промени и другите глобални предизвици, како и за важноста на инвестирањето во одржливи проекти. Искуството на ПроКредит Банка покажува дека расте интересот кај клиентите за т.н. „зелено финансирање“.

„Досега, околу 20% од кредитното портфолио на ПроКредит Банка е пласирано во зелени кредити, податок на кој ние како банка ориентирана кон одржливо работење, сме особено горди. Ако сето ова го интерпретираме низ ефектот врз животната средина, избегнавме емисија на 18.000 тони CO2, еквивалентно со отстранување на 9.200 возила од сообраќај за една година– вели Емилија Спировска од Управниот одбор на ПроКредит Банка, додавајќи дека соодветна проценка на еколошкиот ризик при соработката со секој клиент е задолжителна, со цел да се избегне пласирање на средства во еколошко или социјално неподобни проекти.

Со поддршка на инвестиции во обновливи извори на енергија и општествено одговорни бизниси, пласирање на поволни кредити, банките веќе ги поттикнуваат бизнис клиенти да ја ограничат нивната зависност од фосилни горива и да преминат кон одржливи деловни модели. „Заради нашата проактивна и советодавна улога, компаниите кои се клиенти на ПроКредит Банка инвестираат во фотоволтаични централи за сопствена употреба дури три пати повеќе во однос на останатите компании на пазарот. Така, до сега имаме финансирано преку 120 фотоволтаични централи поставени на кров со преку 40 МВ инсталиран капацитет.“ – истакнува Спировска.