Од стартап до успешен бизнис - Yova Maison | PCB Blog
Содржина

    Од стартап до успешен бизнис – Приказната за „Yova” која ќе ве мотивира да ги „отплеткате“ предизвиците  

    Започнувањето на стартап може да делува предизвикувачки, но секој успешен бизнис некогаш тргнал од истото место – со единствена и оригинална идеја. Патот до успехот често е непредвидлив, исполнет со предизвици, но и со можности кои носат инспирација и мотивација. Во светот на стартапите, не постојат универзални правила – секој претприемач го гради својот пат.  

    Некои стартапи се пробиваат на пазарот за помалку од две години, додека на други им е потребно повеќе време за да изградат препознатлив бренд. Но, едно е сигурно: фокусот на вашата бизнис идеја и истрајноста се клучни.  

    Како што вели Натали, основачката на Yova, македонскиот одржлив моден бренд – „Најважно е да не се откажувате.“ Во оваа приказна, дознаваме како Yova го најде својот пат до успехот и зошто претставува инспирација за сите што сонуваат да започнат свој успешен бизнис.  

    Што е „Yova” 

    Yova е успешен бизнис и македонски моден бренд со етичка мисија кој се фокусира на минималистички дизајн, рачна изработка и одржливо производство. Со користење на природни сертифицирани материјали, брендот ги следи светските стандарди за етичка и еколошка мода. 

    Идејата за Yova на Натали ѝ дошла за време на Covid изолацијата во Милано. Натали веќе долги години работела на дизајнирањето и целосното развивање на производи, што придонело да го искористи овој период за да ја продлабочи својата страст за плетење. 

    „Плетењето секогаш ми било омилено, но во Милано си поставив предизвик секој ден да дизајнирам ново плетено парче. Тоа ме инспирираше да размислувам за начин како оваа пасија да прерасне во нешто повеќе,“ објаснува Натали. 

    Приказната за Yova започна од идејата да се спојат традиционалните занаети со современиот дизајн, создавајќи уникатни производи кои добиваат и препознатливост на глобално ниво.   

    Одржливо производство патот до етички успешен бизнис 

    За Yova, одржливоста не е само поим, туку комплетна филозофија на производство. Тие подеднакво ја негуваат љубовта кон природата, животните и луѓето. Брендот обрнува внимание на секој чекор од животниот циклус на производот и за секој кој е вклучен во него. 

    „Најпрво внимаваме материјалите кои ги користиме да доаѓаат од проверени сертифицирани извори и да не се од животинско потекло, потоа се грижиме условите во кои е направен нашиот производ да бидат фер за сите вклучени во процесот, се грижиме да користиме зелени програми за транспорт, и секако битно ни е да знаеме што ќе се случи со нашиот производ кога тој веќе нема да биде во употреба.

    Конкретно нашите производи кога ќе се стават во земја се разградуваат за 12 недели без користење на никакви хемикалии.  За да имаме еден одржлив животен циклус, потребно е да се размиси за сите овие чекори уште пред да се почне со дизајнирање на производот, а тоа е и најголемиот предизвик.“ 

    За да постои одржлив животен циклус, потребно е да се размисли за сите овие чекори уште пред да се почне со дизајнирање на производот, а тоа е и најголемиот предизвик.  

    успешен бизнис - yova

    Предизвици на патот  

    Секој стартап минува низ различни фази исполнети со предизвици, а Натали ни ги сподели трите најголеми со кои се соочила во текот на својот пат.  

    1. Организација на синџирот за снабдување и логистика – За стартап кој користи специјализирани материјали како Yova овој предизвик претставувал критична точка.   
    2. Финансирање – Секој стартап треба да бара креативни начини за обезбедување финансии, преку партнери, грантови или иницијативи за поддршка на иновации.  
    3. Пробивање на нови пазари – Денес, овој предизвик е клучен за растот на брендот Yova.  

    Глобален успех во 2024  

    Во 2024 година, Yova ја лансираше својата прва колекција со 24 производи кои беа претставени во  Словенија, Милано, Париз и Њу Јорк. Дополнително, Yova стана дел од најголемата платформа за големопродажба, Faire, а од оваа година производите ќе можат да се купат и во физички мултибренд продавници во САД, вклучувајќи го и Њу Јорк.   

    Овој успешен бизнис нека биде доказ дека дури и стартапите од мали земји можат да доминираат на глобалниот пазар, кога се водени од јасна визија и страст.  

    Совети за идни претприемачи  

    Од своето искуство, Натали ги сподели најважните препораки за сите кои сакаат да започнат свој стартап:  

    1. Истражете го пазарот – Разговарајте со потенцијалните клиенти за нивните потреби. Ова ќе ви помогне да го обликувате вашиот производ според реалните барања.  
    2. Тестирајте и подобрувајте – Брзината на тестирање и интегрирање на повратни информации е клучна за успехот.  
    3. Создадете силен тим и партнерства – Тимот е столбот на секој успешен бизнис. Добро дефинираните партнерства ни носат финансиска стабилност и нови можности за развој.  
    4. Не се откажувајте – Најголемиот успех доаѓа кога не се откажувате, дури и кога ќе се појават пречки.   

    Поддршка за стартап заедницата  

    Натали сподели дека и е драго што соработува со банка која е партнер на стартап заедницата. Стартап пакетот од ПроКредит Банка е само дел од она што го нуди како поддршка на претприемачите.

    Банката континурирано вложува во едукација, ментортво и организирање и поддршка на настани наменети за стартапи, како што се Стартап викендите, Hive Room сесиите итн. На овој начин се создава средина каде што младите претприемачи можат да учат, соработуваат и да растат.   

    Затоа доколку сте на самиот почеток или веќе имате оформена визија за вашиот бизнис, ПроКредит Банка е финансиски партнер кој ќе овозможи да ја реализирате вашата идеја.   

    Создај сопствен успешен бизнис  

    За крај, Yova е инспиративен пример за тоа како една бизнис идеја може да се претвори во успешен бизнис со глобален потенцијал. Оваа приказна е доказ дека упорноста, страста и визијата можат да донесат големи резултати.  

    Ако и вие размислувате за основање на свој стартап, сега е моментот да направите чекор напред и да започнете своја приказна