Начинот на работење е категорија која постојано се менува, а тоа е резултат на сé поголемата слобода која многу професионалци ја имаат да самите одлучат од каде ќе работат, колку ќе работат и на кој начин. Следствено на оваа зачестена појава, особено по завршување на ковид-кризата, се појави нов, брзорастечки тренд во светот на бизнисот, во кој и Скопје како главен економски центар на нашата земја, не заостанува. Во последниве години, коворкинг просторите кои првенствено беа интересни само за фриленсерите и дигиталните номади, станаа сè поатрактивна опција и за претприемачите, работниците од далечина, сопствениците на мали бизниси и нивните тимови, и особено за малите стартапи. Покрај професионалците од ИТ и креативните индустрии, денес сѐ почесто и маркетинг агенции, правници, архитекти и др., користат коворкинг простори, како што е Hive Room.
Кои се предностите при работење во коворкинг простор?
Коворкинг (co-working) просторите се заеднички работни простории каде поединци од различни професии работат заедно во заедничка средина. Но, тоа е повеќе од само модерна, удобна и пријатна канцелариска инфраструктура; станува збор всушност за создавање заедница која поттикнува вмрежување, учење и споделување идеи, и неретко дава можности за размена на знаење помеѓу експерти од различни области кои можат да соработуваат на проекти или дури и да започнат заеднички бизнис.
Контактите остварени во коворкинг средината многу често резултираат и со успешна деловна соработка што претставува значителна предност. Накратко кажано, идејата зад концептот коворкинг простор е да се создаде заедница за соработка и поддршка која ја поттикнува креативноста, продуктивноста и растот, истовремено нудејќи многу предности, како што се:
Поврзување со други креативни и амбициозни луѓе кои можат да ви помогнат со совети, идеи или соработка.
Зголемување на продуктивноста и мотивацијата со тоа што ќе работите во инспиративна околина.
Намалување на трошоците за закуп на канцелариски простор, опрема и услуги.
Подобрување на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот
Искористување на разни погодности и бенефиции кои ги нудат модерните коворкинг простори, како обуки, настани и др.
Затоа, ако сте во потрага по алтернативен начин на работа кој ќе ви овозможи да се развивате, да учите и да се забавувате, размислете за работењето во коворкинг простор.
Hive Room – бесплатен коворкинг простор во Скопје за стартапи и фриленсери!
Од неодамна кај нас е отворен и нов коворкинг модерно опремен простор кој располага со шест работни позиции кои модуларно можат да се користат за еден тим или за шест индивидуалци. Hive Room е бесплатен коворкинг простор кој заинтересираните фриленсери и стартап компании може да го користат на одредено време.
Зошто токму овие категории? Бидејќи стартапите тукушто навлегуваат во светот на претприемаштвото и секоја поддршка за нив е повеќе од добредојдена, како во насока на обезбедување на модерна, инспиративна и продуктивна работна средина, така и во поглед на економичност кон трошоците кои се неизбежни.
Фриленсерите пак, од друга страна, најчесто се индивидуалци кои се ангажирани на различни проекти со стриктни рокови, поради што коворкинг простор како Hive Room за нив претставува идеално и инспиративно опкружување за максимална продуктивност.
Како да ги користите бесплатните услугите на Hive Room коворкинг просторот?
Доколку сте фриленсер/ка имате можност да резервирате една недела бесплатен пристап до HiveRoom, додека пак за стартап компаниите овозможена е опција за двонеделно бесплатно користење на просторот. Се што треба да направите е да ја посетите веб страната за аплицирање на Hive Room, а потоа тимот на Hive Room ќе Ве контактира за да се договорите за период на користење согласно капацитетот на самиот простор.
Искуството кое банките го имаат со малите и средните претпријатија е додадена вредност со која тие можат значително да придонесуваат за економскиот развој и иновациите во општеството. Ова искуство е особено драгоцено за младите стартап бизнисите. Тие ги прават своите први чекори во светот на бизнисот создавајќи иновативни производи и услуги кои го туркаат општеството напред.
Иако на почетокот, како нови играчи на пазарот, стартапите редовно се соочуваат со низа предизвици, сепак нивниот висок потенцијал за раст многу добро го препознаваме во ПроКредит Банка. Веќе 20 години посветено работиме на развој на локалната бизнис заедница и преку своите професионални услуги постојано привлекуваме прогресивни компании.
Во ова интервју нашата колешка Ана Николова, директор на филијалата за мали претпријатија зборува за тоа како во ПроКредит Банка одиме чекор понапред и нудиме поддршка на овие млади и смели претприемачи.
Како ја согледавте потребата за поинтензивна соработка со стартап бизнисите?
Веќе 20 години главна мисија на ПроКредит банка е поддршка на бизнис заедницата со фокус на малите и средни претпријатија. Тоа искуство од долги години во кои внимателно ги слушавме нашите клиенти нé научи како успешно да ги препознаваме потребите на младите компании, да можеме да одговориме со соодветни услуги и поддршка, како во делот на кредитирањето, така и во делот на платниот промет, но исто така и советодавно и едукативно во насока на развој на успешен и одржлив бизнис модел.
Препознавајќи ги тековните трендови и модерните форми на претприемништво кои носат големи можности за нашето општество, го шириме портфолиото на услуги со стратешки пристап и кон стартапите.
Стартап компаниите се од суштинско значење за економијата и во нив ја гледаме иднината. Овие млади, храбри компании со уникатни идеи за развој на производи ги решаваат проблемите што ниту еден друг сектор не ги решава, со иновативно размислување го туркаат општеството напред додека создаваат работни места, ја стимулираат економијата и привлекуваат странски инвестиции. Во нашата земја гледаме голем потенцијал со млади квалитетни кадри кои имаат добри и храбри идеи да развиваат бизниси.
Како банка која во центарот на своето делување го става позитивното влијание во општеството во кое работиме ја препознавме потребата да дадеме и наш личен придонес кон оваа заедница, која кај нас сé уште е во развој.
Целта е да се едуцираат младите ентузијасти како да започнат и управуваат со својот бизнис, особено во областа на финансиите и одржливото работење кои се од клучно значење за долгорочен успех. Тоа сакаме да го направиме преку споделување на нашето знаење, олеснет пристап до финансиски услуги и понатаму, со мрежата која ја поседуваме да им овозможиме на стартапите вмрежување од аспект на нашето регионално присуство со сестринските банки во регионот.
Што нудите во вашиот специјален пакет за стартап бизнисите?
Пакетот за стартап бизниси опфаќа комплетно бесплатно работење со банката во делот на домашниот платен промет, бесплатно одржување на сметка и бесплатни трансакции, како и конкурентни цени за меѓународниот платен промет. Сите компании кои нудат иновативни решенија на пазарот и имаат потенцијал за понатамошен развој може да го користат стартап пакетот во првите 2 години од нивното основање.
Што е особено важно и ценето од новоформираните компании и претприемачите кои за прв пат започнуваат бизнис, во рамките на овој пакет секој стартап добива и одговорен советник за бизнис клиенти кој овозможува лесен пристап и комуникација на клиентите со банката. Практично, на овој начин стартапите како да добиваат уште еден човек во тимот кој ќе се грижи работењето со банката да биде лесно и ефикасно.
За која индустрија се најсоодветни овие банкарски услуги?
Следејќи ги локалните трендови во домашната економија, податоците за новоформираните компании велат дека 30% од стартап бизнисите се домашни компании од ИТ индустријата и услужни дејности, па затоа нашиот најголем фокус е свртен кон нив. Самиот факт што банката е високо-дигитализирана, од друга страна нуди дополнителна вредност за прогресивните ИТ претприемачи кои бараат партнер кој го разбира нивниот јазик и нуди комплетна, брза, сигурна и квалитетна услуга.
Имајќи го предвид фактот дека најголем дел од овие компании се извозно ориентирани, за стартапите од голема корист е и нашата уникатна можност за автоматизирна распределба на приливите од странство, што го прави процесот на соработка со банката уште поефикасен.
Освен со Стартап пакетот, дали нудите дополнителна поддршка за стартап заедницата?
Оваа заедница во нашата земја значително се развива во изминатите години, но сепак доколку споредиме со тоа што се случува во соседна Србија и ЕУ земјите од регионот, има уште многу работи кои може да се подобрат.
Едукација, менторство, вмрежување
Ние како чинител кој може значајно да придонесе во подобрување на работењето на стартапите, ја проширивме нашата поддршка и во поголеми размери на општествената одговорност. Поддршката на стартап заедницата не мора да се прави само преку директно финансирање, туку исто толку значајно е и едукација, менторство, споделување на нашето знаење, вмрежување на компаниите и отворање на нови пазари и можности што ќе овозможи зголемување на стапката на стартапи кои ќе преживеат и понатаму ќе се развиваат.
Hive Room
Разбирајќи ги потребите на модерните професионалци, и препознавајќи ги стартапите и фриленсерите како двигатели на модерното време, ја започнавме и приказната со Hive Room што претставува коворкинг простор чија цел е обезбедување место за размена на идеи и знаења и креирање на силна заедница која ќе донесе позитивни промени и ќе поттикне развој на нашето општество.
Hive Room е достапен бесплатно за сите стартапи и фриленсери во нашата земја кои имаат потреба од простор за работа, а во иднина очекуваме да го прошириме на повеќе локации со цел да поддржиме уште поголем дел од заедницата.
Хакатон
Минатиот месец ја дадовме и нашата целосна поддршка на хакатонот за одржливи бизнис идеи – Стартап викенд Скопје, кој на наше големо задоволство се одржа токму во Управната зграда на ПроКредит банка со што сакавме и симболично да им ги отвориме вратите на овие млади ентузијасти и да споделиме дел од нашето знаење преку менторски сесии.
Победниците на овој хакатон ќе имаат ексклузивна можност да добијат менторска програма за изработка на бизнис план водена од искусни професионалци од ПроКредит банка, што е прв чекор во градењето на успешен бизнис.
Решенија за одржливост на стартап бизнисите
Би рекла дека ова е само почеток и дека оваа приказна уште повеќе ќе се развива понатаму. Особено важен ни е фидбекот од претприемачите и стартап компаниите за да можеме понатаму да ги развиваме услугите кои можеме да ги понудиме кон нив, а со тоа и да го поддржиме нивниот развој и одржливост на долг рок.
Од нив и ние учиме за потребите и за пазарот кој многу брзо се менува, ги следиме регионалните и светските пазарни трендови во нивната индустрија и севкупното знаење го посветуваме на градење на успешни приказни. За нас односот со клиентите е секогаш двонасочна комуникација.
Дали оваа иницијатива ја гледате како стратегија на долг рок?
Секако, веќе имаме и визија како нашиот придонес кон оваа заедница да го продолжиме и во насоки на редовни едукации, комуникации со експерти, работилници и останати активности кои цениме дека се нужни за поддршка и раст на оваа заедница.
Нашето досегашно искуство со стартапите секако дека ќе продолжи да се збогатува, а со тоа ќе се развиваат и нашите услуги. Спремни сме да ги следиме и поддржуваме стартапите во сите фази, од идеја, преку валидација и скалирање, до нивната зрелост.
ПроКредит е банка која сака предизвици, која се стреми кон одржливост на долг рок и која цврсто се држи до својот постулат на одговорност. Можеби го избираме потешкиот пат, но сепак, со соодветна анализа и со осознавање на нашите клиенти слушајќи ги нивните потреби, креираме вистински решенија за предизвиците со кои тие се соочуваат, инвестираме во нивниот развој, а со тоа придонесуваме и за раст на локалната економија.
Неодамна одбележавме јубилеј – 20 години пример за одговорност на ПроКредит Банка, и сигурно дека продолжуваме во тој правец со целосна посветеност кон нашите клиенти и нивниот пат на градење на успешен бизнис.