Со OneID платформа на ПроКредит до поедноставно дигитално банкарство

Во одговор на растечката потреба за беспрекорни, безбедни и практични финансиски услуги, ПроКредит Банка ја нуди својата иновативна услуга за дигитално банкарство – OneID платформа.
Оваа иновација претставува значителен чекор напред во корисничкото искуство, овозможувајќи ви како клиенти на банката да ги управувате своите финансии во секое време и од било кое место, со само неколку клика.

Иако постои доза на скептичност кога станува збор за безбедноста во користење на дигитални услуги, сепак мора да прифатиме дека токму овие подобрувања и иновирања во банкарскиот свет го олеснуваат начинот на функционирање во секојдневниот живот.

Затоа ќе се обидеме преку овој краток, но информативен текст да ти доловиме што всушност означува оваа практична алатка во дигиталното банкарство и како таа може да ти помогне при извршување на банкарските потреби.

Што е всушност OneID платформа?

OneID претставува платформа за потврдување на дигитален идентитет. Платформата е развиена со цел да го поедностави и обезбеди пристапот до различни онлајн услуги во Македонија.

На пример доколку ти си клиент во ПроКредит Банка со користење на OneID платформата можеш електронски да го потврдиш својот идентитет, без притоа да имаш потреба од физички документи или лично потврдување со физичко присуство.

Запознај се со предностите на OneID

  1. Нуди едноставен кориснички интерфејс. OneID дигиталната платформа нуди едноставен интерфејс, дизајниран да ги задоволи твоите банкарски потреби.
  2. Достапност 24/7 што значи дека можеш да заборавиш на времето кога банкарството беше ограничено со работни часови. Со овие дигитални услуги, клиентите на ПроКредит банка можат да ги управуваат своите финансиски активности во секое време од денот, 365 денови во годината.
  3. Секако, безбедноста е на прво место. Во основата на дигитални услуги се најсовремените безбедносни технологии, вклучувајќи ги двојниот фактор на автентикација и енкрипција на податоците, со цел да се осигураме дека твоите лични податоци и финансиски средства се секогаш заштитени.
  4. Оваа платформа нуди иновативни функции. Дигиталното банкарство на ПроКредит Банка нуди многу функционалности за клиентите како што се автоматско плаќање, известувања за трансакции во реално време, персонализирани финансиски совети и следење на трошоци.

Што сѐ ти обезбедува дигиталната платформа?

ПроКредит Банка заедно со OneID ти обезбедува:

  • Безбедна автентикација
    OneID користи напредна енкрипција и безбедносни протоколи, обезбедувајќи безбедна потврда на твојот идентитет.
  • Електронски потпис
    OneID поддржува дигитални потписи, овозможувајќи корисниците да потпишуваат правни документи по електронски пат, што е правно обврзувачко според законот.
  • Практичност
    Преку платформата OneID, клиентите на ПроКредит Банка, можат да направат поднесување на формулари, потпишување на документи или да пристапат до лични записи онлајн, без потреба од посета на филијалите на банката.
  • Интеграција со други услуги
    OneID е интегриран со други државни услуги, е-Влада портали (за поднесување даноци, добивање сертификати и сл.), како и со приватни услуги, како телекомуникациски провајдери.

Преку интегрирање и употреба на платформата OneID, целта на банката е да ја подобрува дигиталната достапност и ги поедноставува услугите за тебе, промовирајќи поефикасен дигитален екосистем.

ПроКредит Банка Македонија останува посветена на обезбедување на врвно банкарско искуство, комбинирајќи технологија и традиционална банкарска експертиза.

Откако се запозна детално со предностите на дигиталната платформа, те охрабруваме  да аплицираш за отворање на пакет на платежни услуги, а тоа можеш да го направиш преку нашето корисничко упатство за OneID.

Работиме исклучиво преку дигитални канали

Од каде потребата за банкарски решенија преку дигитални канали? Дигитализацијата во финансиската индустрија во изминатите години го трансформираше традиционалното банкарство и финансиските услуги. Целта на дигиталната трансформација е да се подобри клиентското искуство, продуктивноста, да се зголеми агилноста и да се унапреди културата на компаниите.

Дополнително, дигитализацијата отвара можности за банките да креираат поефикасни и персонализирани производи и услуги за клиентите. Оттука, дигиталната трансформација е култура на компанијата, начин на размислување на вработените и дефинирање на бизнис модел, исто колку и интеграција на новите технологии.

ПроКредит банка е првата банка во земјата која ја воведе дигитализацијата во банкарското работење. ПроКредит започна со процесот на имплементација на нови иновативни решенија уште во 2015 година, со пренасочување на готовинските услуги на банкомати, како и кон целосно пренасочување на клиентите кон користење на електронско банкарство.

24/7 зони

Со цел побрза трансформација кон дигитализација, банката ги отвори првите 24/7 зони во земјата, каде клиентите самостојно можат да ги извршуваат банкарските операции, како замена за класичните банкарски филијали. Со тоа, ПроКредит претстави нов модел на банкарско работење каде преку воведување на најмодерните банкарски услуги, на клиентите им овозможи флексибилност, безбедност, дискреција и достапност на банката во секое време.

24/7 зоните работат во секое време од денот и ноќта, вклучувајќи неработни денови, викенди и празници, а пристапот до нив е овозможен со валидна дебитна или кредитна картичка. Банкоматите во овие зони овозможуваат уплата и исплата на денари и евра, уплата на кованици, уплата на дневен промет на банкомат или во сеф за дневен промет, како и печатење изводи.

Дигитални канали за кредитни и административни барања

ПроКредит беше и првата банка која воведе платформа за дигитализација на кредитните и административните барања на клиентите. Па така, потпишувањето на барањата и договорите за кредити и гаранции, но и останати административни документи, клиентите на ПроКредит банка ги прават по електронски пат – брзо, едноставно и пред се сигурно.

Дигитални канали за платен промет

Транзицијата кон дигитални канали од 2018 година резултираше со тоа што 99% од целокупниот платен промет и кај физичките и кај правните лица се реализираше преку електронско банкарство. Оваа транзиција дополнително овозможи унапредување квалитетот на услугата и личниот пристапот на вработените на банката во доменот на финаниско советување на клиентите.

ПроКредит покрај воведување нови технолошки промени и иновации во своите процеси, истовремено наметнува забрзано темпо на дигитализација и кај компаниите кои работат со банката преку разбирање на потребите на бизнис моделот и едукација на клиентите.

За физичките лица, ПроКредит банка во 2021 година овозможи и користење на дигитален паричник во насока на доближување на клиентите до светските трендови каде мобилните телефони се користат и како платежни картички. 

Денес, ПроКредит сеуште е единствена банка на пазарот која работи исклучиво преку дигитални канали. Банката продолжува и понатаму да работи на понуда на нови дигитални решенија со унапредување на електронско и мобилно банкарство со нови функционалности надвор од стандардниот платен промет.

Со пенетрацијата на дигиталните решенија, банката континуирано инвестира во унапредувањето на сајбер безбедноста, при што користи решенијата и пракси согласно со Европската регулатива како дел од ПроКредит Групацијата со седиште во Германија. Со инвестирање во иновативни и квалитетни дигитални решенија, ПроКредит се стреми да остане лидер на пазарот во примена на најнови технологии.