November 2026 - ProCredit Blog

„АЛЕК И МИКИ ВО БАНКА“ – Забавен серијал од ПроКредит и „Син на мајка“ за банкарство достапно со еден клик

Што правиш кога ќе ја изгубиш картичката токму пред дејт? А кога сè уште штедиш пари во плико, па тие некако „магично“ исчезнуваат? Или кога во ниедно време ти требаат евра, а првата мисла ти е менувачница?

alek-i-miki-vo-banka-zabaven-serijal-od-prokredit-i-sin-na-majka-za-bankarstvo-dostapno-so-eden-klik-01.jpg

Ако се препознавте во барем едно од овие сценарија, тогаш новиот мини-серијал на „Син на мајка“ и ПроКредит Банка ќе ви биде многу познат и забавен, бидејќи ќе се пронајдете во него.

Во „Алек и Мики у банка“, Александар Михајловски, преку ликовите на Алек и Мики, нè внесува во светот на секојдневните финансии. Алек е снаодлив, практичен и секогаш бара полесен начин, додека Мики е потрадиционален, поскептичен и верен на старите навики.

А кога двајцата живеат под ист покрив, ситуации не недостигаат. Делат фрижидер, сметки, простор и нерви, а отсега и моментите кога треба да се донесе некоја финансиска одлука.

Низ кратките и хумористични епизоди, Алек и Мики ќе покажат како изгледа банкарството во дигиталното време – од отворање сметка преку телефон и штедење преку апликација, до менување валути, управување со картички, аплицирање за кредит и следење на личните и деловните финансии од едно место, без комплицирани банкарски термини и долги објаснувања.

Зад сите нивни мали „драми“ стои едно прилично едноставно прашање:

Ако денес речиси сè можеме да завршиме со неколку клика, зошто управувањето со нашите финансии би било поинакво?

Токму тука ПроКредит Банка ја има својата улога во приказната, како дигитален и доверлив банкарски партнер што го прави секојдневното управување со финансиите поедноставно, додека Алек и Мики го покажуваат тоа на свој, забавен начин.

Уште во првата епизода, Алек му покажува на Мики дека за отворање сметка веќе не мора да оди во банка. Сè може да заврши преку мобилен телефон, со само неколку клика. А дополнително, клиентите кои ќе отворат сметка и ќе ја префрлат платата во ПроКредит Банка во промотивниот период до 31 декември 2026 година, со пакетот  „Нула доживотно“ – банкарскиот пакет без трошоци, имаат трајна придобивка од 0 денари месечен надомест доживотно за одржување на сметката, дебитната картичка и мобилната апликација.

И тоа е само почетокот. Во следните епизоди, Мики ќе открива дека многу од работите за кои досега мислел дека бараат одење во банка, чекање и дополнителна организација, денес може да ги заврши преку телефон, од кое било место

Погледнете го видеото тука.

Банкарство достапно „Таму кај што си“ – Интервју со Стевче Кузмановски, член на Управен одбор на ПроКредит Банка

Во време кога брзината е новата вредност, а удобноста е новата потреба, ПроКредит Банка ја редефинира идејата за банкарството. Со лансирањето на новата мобилна апликација и кампањата „Таму кај што си“, ПроКредит Банка го поставува новиот стандард во дигиталното банкарство – брзо, едноставно и секогаш достапно.

Сите услуги што порано бараа одење во филијала, сега можете да ги завршите од местото каде што се наоѓате – без чекање во ред во филијала и без прекин на вашиот ден. Напредната технологија и човечкиот пристап се споени во едно искуство што го следи ритамот на современиот корисник.

„Таму кај што си“ станува реалност – банкарството конечно пристигна таму каде што одамна требаше да биде: кај клиентот.

За иновациите, стратегијата и развојните приоритети разговараме со Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

* Неодамна пред медиумите ја претставивте новата мобилна апликација и кампањата „Таму кај што си“. Кога велите „дигитална банка со човечки пристап“, како оваа стратегија се претвора во конкретна вредност за клиентите и на кој начин ја трансформира традиционалната перцепција за банкарството? 

– Кузмановски: Кога велиме дека сме „дигитална банка со човечки пристап“ го нагласуваме новиот стандард во банкарството: комбинација од напредна технологија, вистинска грижа и секогаш достапна поддршка за клиентот. Со новата мобилна апликација и кампањата „Таму кај што си“, ја претставивме нашата визија за банкарство што е брзо, едноставно и секогаш достапно, на место каде на клиентот му одговара и тогаш кога му е најпотребно.

Во пракса, тоа значи дека сите банкарски услуги се достапни дигитално, со што клиентите можат да отворат сметка за само неколку минути, да вршат трансакции и да управуваат со своите финансии без непотребни административни чекори. Она што навистина нè издвојува е фактот дека зад секој дигитален процес стои тим од високообучени вработени подготвени да помогнат. Технологијата ја носи брзината, но човечкиот фактор ја носи сигурноста и довербата. Со оваа стратегија сакаме да ја смениме перцепцијата дека банкарските услуги се бавни, комплицирани и административни.

Нашата цел е банкарството да биде флексибилно, иновативно и ориентирано кон корисничкото искуство. Ова позиционирање нè претставува како банка што поставува нови стандарди на пазарот. „Таму кај што си“ не е само слоган, тоа е наша обврска да бидеме присутни во секојдневието на клиентите, со услуги приспособени на нивниот ритам.

*Името на кампањата „Таму кај што си“ има и културна „тежина“ – инспирирана е од истоимената песна на Ристо Самарџиев. Зошто ја избравте токму оваа асоцијација и како ја претворивте пораката од песната во конкретно корисничко искуство во апликацијата?

– Кузмановски: Ја избравме токму оваа асоцијација, бидејќи „Таму кај што си“ веднаш создава емоционална поврзаност и носи силна културна симболика. Песната на Ристо Самарџиев е дел од нашата музичка традиција и пренесува чувство на блискост и сигурност – вредности што сакаме да ги одразиме и во начинот на кој комуницираме со клиентите.

Наместо да остане само препознатлива референца, ја претворивме во јасна порака: банката да биде присутна таму каде што клиентот го живее своето секојдневие, преку практично корисничко искуство.

* Денес, клиентите очекуваат банкарските услуги да бидат брзи, едноставни и достапни веднаш, без редици и непотребни процедури. Кои функционалности од новата мобилна апликација најмногу им го олеснуваат секојдневието и што беше најголемиот предизвик тие процеси да функционираат навистина „со неколку кликови“?

– Кузмановски: Кога ја создававме новата мобилна апликација, тргнавме од потребите на клиентите – да го елиминираме „денот за банка“ од листата на секојдневни обврски. Токму затоа ја развивме новата мобилна апликација со фокус на карактеристики што реално го штедат времето: отворање сметка за неколку минути, плаќања во секунда, лесно управување со картички и лимити, отворање на штедна сметка, орочување депозити без хартија, брза конверзија на валути… Сè е достапно на едно место, без потреба од посета на филијала.
Особено сме горди на можноста за инстант дигитална картичка. Веднаш по отворањето сметка во филијала или преку OneID, клиентот добива дигитална картичка, која може веднаш да ја користи за онлајн плаќања или преку дигитален паричник, уште пред да ја добие физичката картичка. Истото важи и во случај на изгубена картичка – клиентот може веднаш да ја блокира старата и да активира нова дигитална картичка директно преку апликацијата.

Апликацијата овозможува и прилагодување на корисничкиот профил според индивидуалните навики и потреби. Корисниците можат да постават профилна фотографија, сами да им дадат име на своите сметки, да активираат Dark Mode и да користат низа опции што го прават секојдневното користење поудобно и природно.

Зад таа едноставност стои сериозна работа „зад сцената“. Нашата цел беше сложеноста да ја преземеме ние, а клиентот да добие процес што е логичен, сигурен и лесен од првиот обид. Затоа вложивме многу внимание во тестирање и оптимизирање на секој чекор, за услугите да функционираат беспрекорно и со целосна сигурност.


* Во услови на забрзана дигитализација, како обезбедувате човечкиот пристап и понатаму да остане значаен дел од услугата, со цел клиентите да добијат целосна поддршка и професионално насочување?

– Кузмановски:  Во период кога дигитализацијата станува доминантен двигател на банкарските услуги,нашата цел е јасна: технологијата да ја обезбеди ефикасноста, а тимот континуираната поддршка и потребното насочување.
Иако голем дел од процесите ги автоматизираме за да бидат побрзи и поедноставни, човечкиот аспект останува важен дел од услугата. Тој доаѓа до израз особено во ситуации кога клиентот носи поголеми финансиски одлуки како избор на кредит, инвестирање или планирање идни обврски, каде е потребно дополнително објаснување, насока или поддршка. На тој начин обезбедуваме дигиталните решенија и директната комуникација да функционираат усогласено.

Паралелно со развојот на мобилната апликација, ги унапредуваме и сите останати канали на комуникација и услуга. 24/7 зоните овозможуваат пристап до банкарски услуги во секое време, контакт центарот обезбедува брза и сигурна поддршка, а услужните центри остануваат важен простор за разговор и советување, особено за покомплексни финансиски одлуки, како вложување во нов дом или планирање на финансирање, каде клиентите очекуваат разговор што дава јасна насока и сигурно решение.

Како што клиентите сè повеќе се насочуваат кон дигитални канали, ние сме присутни на сите платформи, со можност секој да го избере начинот на комуникација што најмногу му одговара. Дигиталните процеси ја носат ефикасноста, но човечкиот контакт ја носи вредноста, и токму таа рамнотежа е суштината на нашиот хибриден модел.

* Во дигиталното банкарство, довербата се добива (или се губи) за секунди. Како ја развивавте новата апликација за таа да биде модерна и едноставна за користење, а истовремено да им влева сигурност на клиентите?

– Кузмановски: Во дигиталното банкарство довербата се гради преку секој детал:од самото најавување до последната потврда за трансакција. Затоа новата апликација ја дизајниравме да биде едноставна и современа, но со јасна перцепција на стабилност и сигурност.

Корисникот секогаш има јасен и предвидлив тек на чекорите, со транспарентни потврди и визуелни сигнали за безбедност што го намалуваат ризикот од грешки. Во позадина работат напредни системи за верификација, а корисникот го доживува само како едноставен и сигурен интерфејс.

Најголемиот предизвик беше техничката комплексност да ја претвориме во едноставно корисничко искуство. Преку анализа на однесувањето на корисниците и редизајн на секој процес, создадовме апликација што изгледа современо, работи брзо и создава силно чувство на сигурност.

* Како ја дефинирате успешноста на дигиталното банкарство во контекст на неговата улога во секојдневието на клиентите?

– Кузмановски: Успехот во дигиталното банкарство не го мериме само по бројот на преземања на апликацијата, туку според тоа колку навистина им го поедноставуваме секојдневието на клиентите.Кога дигиталните решенија стануваат природен дел од секојдневните навики на клиентите, без разлика дали се дома, на работа или во движење, тогаш знаеме дека современото банкарство навистина е присутно таму каде и кога им е најпотребно.

Како што вели Кузмановски, вистинската вредност не е само во тоа што услугите се дигитални, туку што апликацијата функционира онака како што клиентите очекуваат – таму кај што се тие.

ИНТЕРВЈУ СО ЉУБИН НАУМОВСКИ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедачите заслужуваат добра камата и на краток рок

Зад секоја заштеда стои лична цел, план или желба за поголема финансиска сигурност. Затоа, при изборот на начин на штедење, покрај каматната стапка, важни се и рокот, флексибилноста и достапноста на средствата.

Во месецот посветен на штедењето, со Љубин Наумовски, директор на Секторот за физички лица во ПроКредит Банка, разговараме за тоа зошто е важно штедењето да има јасна цел, кога орочениот депозит со фиксна каматна стапка може да биде соодветен избор и зошто флексибилноста и едноставниот пристап до банкарските услуги се сè поважни при изборот на начинот на штедење.

Многу луѓе имаат заштеда што со месеци останува дома или на сметка без камата. Дали и чекањето има своја цена?

Наумовски: Кога заштедените средства подолг период остануваат неискористени, се пропушта можноста тие да носат камата. Затоа сметам дека секоја заштеда треба да има своја функција. Еден дел од средствата секогаш е добро да ни биде достапен како резерва за непредвидени ситуации, додека средствата што не планираме да ги користиме веднаш можат да бидат насочени кон форма на штедење што носи камата.

Поважно од самиот износ е да се создаде навика. Не постои мала заштеда. Кога редовно издвојувате износ што одговара на вашиот буџет, постепено создавате финансиска резерва и поголема сигурност за идните планови.

Затоа мојот совет е едноставен: не чекајте идеален момент или „доволно голема“ сума за да започнете со штедење. Почнете со она што можете да го издвоите денес и бидете доследни.

„Избери заштеда по твои правила“ е пораката на ПроКредит Банка во месецот на штедењето. Што значи тоа во пракса?

Наумовски: Во разговорите со клиентите јасно гледаме дека потребите се различни. Некој бара добра каматна стапка и е подготвен да ги орочи средствата подолгорочно. Друг сака пократок период на орочување, додека трет сака заштедата да му биде достапна во секое време.

Токму од таа реалност произлегува и нашата порака „Избери заштеда по твои правила“. Не веруваме дека постои едно решение за штедење што е идеално за сите. Добриот избор зависи од тоа што сакате да постигнете со своите средства и кога очекувате повторно да ви бидат потребни.

За клиентите кои бараат пократок период на орочување, го издвојуваме орочениот депозит на ПроКредит Банка на 6 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,60% за депозити во денари и до 2,60% за депозити во евра.

Неговата предност е едноставна: клиентот не мора да ги орочи парите на долг период, а сепак добива висока каматна стапка и однапред знае колкав ќе биде приносот во орочениот период.

За оние што имаат подолгорочен финансиски план, опција е орочениот депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,80% за денари и до 2,80% за евра.

Истовремено, не секој клиент сака класичен орочен депозит. За оние кои сакаат да штедат редовно, но и да ја задржат слободата да располагаат со своите средства, тука е ФлексСејв штедната сметка. За родителите кои сакаат постепено да создаваат заштеда за своите деца, достапна е и ПроКид штедната сметка.

Нашата цел е секој клиент да избере решение за штедење што целосно одговара на неговите планови и потреби.

Зошто клиентите одбираат да штедат во банка?

Наумовски: Каматната стапка несомнено е важна при изборот на решение за штедење, но не треба да биде единствениот критериум. Подеднакво важни се довербата во институцијата, одговорното управување со парите и предвидливоста на приносот кој ќе го добиете – карактеристики што недостасуваат кај други форми на штедење и инвестирање, а кои постојат на пазарот.

Токму на тие принципи го градиме односот со клиентите во ПроКредит Банка.

Кај орочениот депозит со фиксна каматна стапка, една од главните придобивки е предвидливоста. Клиентот однапред ја знае договорената каматна стапка за периодот на орочување и може многу полесно да го планира својот буџет.

А тоа е важно затоа што луѓето ретко штедат само за да имаат повеќе средства на сметка. Тие штедат за нешто конкретно: реновирање на домот, образование, патување, нова инвестиција или едноставно за поголема финансиска сигурност. Кога заштедата има цел и јасен временски хоризонт, многу полесно е да се избере и соодветниот начин на штедење.

Денес многу обврски ги завршуваме онлајн или преку телефон. Колку е едноставно и штедењето да биде дел од тој дигитален начин на живот?

Наумовски: Многу поедноставно отколку што дел од клиентите очекуваат. Денес можете да аплицирате онлајн за орочен депозит, а преку мобилната апликација на ПроКредит Банка можете самостојно да отворите депозит или дополнителна штедна сметка.

Особено значајна е можноста клиентите да креираат посебни штедни сметки за различни цели и самите да ги именуваат. Една може да биде „Летен одмор“, друга „Нов дом“, трета „Образование“.

На прв поглед тоа изгледа како мал детал, но всушност ја менува психологијата на штедењето. Парите повеќе не се само бројка на сметка. Тие добиваат конкретна цел.

Сепак, кога станува збор за заштеда, многумина сакаат прво да разговараат со некого. Има ли место за личен пристап во дигиталното банкарство?

Наумовски: Дигитализацијата и личниот пристап не се спротивставени, туку се надополнуваат. Дигиталните услуги го прават банкарството побрзо и поедноставно, додека личната поддршка останува важен дел од нашиот однос со клиентите. Затоа, паралелно со развојот на дигиталните услуги, остануваме достапни преку нашите филијали и контакт-центарот за сите клиенти кои имаат потреба од дополнителна информација, совет или директна комуникација.

Тоа е особено важно кога станува збор за штедењето, бидејќи вистинскиот избор не зависи само од каматната стапка, туку и од плановите, потребите и приоритетите на клиентот. Токму затоа велиме: „Избери заштеда по твои правила.“

Разгледајте ја понудата на веб-страницатана ПроКредит Банка или преку мобилната апликација и изберете решение според своите потреби.