ИНТЕРВЈУ СО ЉУБИН НАУМОВСКИ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедачите заслужуваат добра камата и на краток рок
Зад секоја заштеда стои лична цел, план или желба за поголема финансиска сигурност. Затоа, при изборот на начин на штедење, покрај каматната стапка, важни се и рокот, флексибилноста и достапноста на средствата.
Во месецот посветен на штедењето, со Љубин Наумовски, директор на Секторот за физички лица во ПроКредит Банка, разговараме за тоа зошто е важно штедењето да има јасна цел, кога орочениот депозит со фиксна каматна стапка може да биде соодветен избор и зошто флексибилноста и едноставниот пристап до банкарските услуги се сè поважни при изборот на начинот на штедење.
Многу луѓе имаат заштеда што со месеци останува дома или на сметка без камата. Дали и чекањето има своја цена?
Наумовски: Кога заштедените средства подолг период остануваат неискористени, се пропушта можноста тие да носат камата. Затоа сметам дека секоја заштеда треба да има своја функција. Еден дел од средствата секогаш е добро да ни биде достапен како резерва за непредвидени ситуации, додека средствата што не планираме да ги користиме веднаш можат да бидат насочени кон форма на штедење што носи камата.
Поважно од самиот износ е да се создаде навика. Не постои мала заштеда. Кога редовно издвојувате износ што одговара на вашиот буџет, постепено создавате финансиска резерва и поголема сигурност за идните планови.
Затоа мојот совет е едноставен: не чекајте идеален момент или „доволно голема“ сума за да започнете со штедење. Почнете со она што можете да го издвоите денес и бидете доследни.
„Избери заштеда по твои правила“ е пораката на ПроКредит Банка во месецот на штедењето. Што значи тоа во пракса?
Наумовски: Во разговорите со клиентите јасно гледаме дека потребите се различни. Некој бара добра каматна стапка и е подготвен да ги орочи средствата подолгорочно. Друг сака пократок период на орочување, додека трет сака заштедата да му биде достапна во секое време.
Токму од таа реалност произлегува и нашата порака „Избери заштеда по твои правила“. Не веруваме дека постои едно решение за штедење што е идеално за сите. Добриот избор зависи од тоа што сакате да постигнете со своите средства и кога очекувате повторно да ви бидат потребни.
За клиентите кои бараат пократок период на орочување, го издвојуваме орочениот депозит на ПроКредит Банка на 6 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,60% за депозити во денари и до 2,60% за депозити во евра.
Неговата предност е едноставна: клиентот не мора да ги орочи парите на долг период, а сепак добива висока каматна стапка и однапред знае колкав ќе биде приносот во орочениот период.
За оние што имаат подолгорочен финансиски план, опција е орочениот депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,80% за денари и до 2,80% за евра.
Истовремено, не секој клиент сака класичен орочен депозит. За оние кои сакаат да штедат редовно, но и да ја задржат слободата да располагаат со своите средства, тука е ФлексСејв штедната сметка. За родителите кои сакаат постепено да создаваат заштеда за своите деца, достапна е и ПроКид штедната сметка.
Нашата цел е секој клиент да избере решение за штедење што целосно одговара на неговите планови и потреби.
Зошто клиентите одбираат да штедат во банка?
Наумовски: Каматната стапка несомнено е важна при изборот на решение за штедење, но не треба да биде единствениот критериум. Подеднакво важни се довербата во институцијата, одговорното управување со парите и предвидливоста на приносот кој ќе го добиете – карактеристики што недостасуваат кај други форми на штедење и инвестирање, а кои постојат на пазарот.
Токму на тие принципи го градиме односот со клиентите во ПроКредит Банка.
Кај орочениот депозит со фиксна каматна стапка, една од главните придобивки е предвидливоста. Клиентот однапред ја знае договорената каматна стапка за периодот на орочување и може многу полесно да го планира својот буџет.
А тоа е важно затоа што луѓето ретко штедат само за да имаат повеќе средства на сметка. Тие штедат за нешто конкретно: реновирање на домот, образование, патување, нова инвестиција или едноставно за поголема финансиска сигурност. Кога заштедата има цел и јасен временски хоризонт, многу полесно е да се избере и соодветниот начин на штедење.
Денес многу обврски ги завршуваме онлајн или преку телефон. Колку е едноставно и штедењето да биде дел од тој дигитален начин на живот?
Наумовски: Многу поедноставно отколку што дел од клиентите очекуваат. Денес можете да аплицирате онлајн за орочен депозит, а преку мобилната апликација на ПроКредит Банка можете самостојно да отворите депозит или дополнителна штедна сметка.
Особено значајна е можноста клиентите да креираат посебни штедни сметки за различни цели и самите да ги именуваат. Една може да биде „Летен одмор“, друга „Нов дом“, трета „Образование“.
На прв поглед тоа изгледа како мал детал, но всушност ја менува психологијата на штедењето. Парите повеќе не се само бројка на сметка. Тие добиваат конкретна цел.
Сепак, кога станува збор за заштеда, многумина сакаат прво да разговараат со некого. Има ли место за личен пристап во дигиталното банкарство?
Наумовски: Дигитализацијата и личниот пристап не се спротивставени, туку се надополнуваат. Дигиталните услуги го прават банкарството побрзо и поедноставно, додека личната поддршка останува важен дел од нашиот однос со клиентите. Затоа, паралелно со развојот на дигиталните услуги, остануваме достапни преку нашите филијали и контакт-центарот за сите клиенти кои имаат потреба од дополнителна информација, совет или директна комуникација.
Тоа е особено важно кога станува збор за штедењето, бидејќи вистинскиот избор не зависи само од каматната стапка, туку и од плановите, потребите и приоритетите на клиентот. Токму затоа велиме: „Избери заштеда по твои правила.“
Разгледајте ја понудата на веб-страницатана ПроКредит Банка или преку мобилната апликација и изберете решение според своите потреби.