Пет совети за паметна заштеда

Летниот одмор е време за забава, авантури, патувања и создавање нови спомени. Но, тоа не значи дека треба да го преоптоварите домашниот буџет. Еве пет корисни совети како можете да заштедите пари, а сепак да си овозможите забавен и опуштен летен одмор со паметна заштеда на средствата:

1. Планирајте го буџетот

Кога го организирате летниот одмор, една од првите работи што треба да ги направите е да го одредите буџетот. Тоа ќе ви помогне во планирање на трошоците, без разлика дали патувате сами или со семејството. Ако одите на семеен одмор со поголеми деца, вклучете ги во планирањето на буџетот, одредувајќи им дневен лимит на финансии за трошење. Ова не само што ќе ви помогне да ги контролирате трошоците, туку и да ги научите вашите деца за вредноста на парите.

2. Ре-употребувајте ги старите предмети

Пред да тргнете на вашиот летен одмор, одвојте малку време да ги разгледате вашите работи и да видите што можете повторно да користите. Можеби имате некои крпи за плажа, чадори или пикник-столчиња од претходните одмори кои сè уште се во добра состојба. Повторната употреба на овие предмети може да ви заштеди значителна сума пари.

Дополнителен начин за паметна заштеда е да позајмите реквизити од пријателите или семејството ако ви треба нешто специфично за вашето патување. Со повторна употреба и позајмување, не само што ќе заштедите пари, туку и ќе придонесете за намалување на отпадот и промовирање одржливи практики.

3. Патувајте со еколошки транспорт за поголема заштеда

Кога станува збор за патување до вашата летна дестинација, размислете за изборот на еколошки начини на транспорт. Ако е можно, одлучете се за групен превоз со автобус или делење превоз со автомобил со блиски пријатели или семејство. Тоа може да биде поисплатлива опција во споредба со изнајмување автомобил или возење сопствено возило.

Дополнително, размислете за патување со електрично или хибридно возило, користење велосипеди, па дури и пешачење на пократки релации. Не само што ќе заштедите пари за гориво или трошоци за изнајмување, туку и ќе ги намалите емисиите на јаглерод диоксид и ќе придонесете за почиста животна средина. Истражувањето на вашето место за одмор со велосипед или пеш може исто така да биде пријатно искуство на вашето патување, што ќе ви овозможи поинтимно поврзување со околината.

4. Одмор со пријателите и семејството

Некои од најубавите спомени се создаваат кога поминуваме време со блиските. Наместо да трошите пари на хотелска соба, размислете да изнајмите куќа со своите роднини или пријатели, и да ги поделите трошоците.

Дополнително, со опремена кујна на располагање, нема да треба да одите во ресторани за секој оброк, со што ќе заштедите пари и време на одморот. Секако, поминатото време во заеднички изнајмена куќа со вашите роднини или пријатели, ќе ви обезбеди создавање на незаборавни спомени и неповторлива летна авантура.

5. Флексибилна заштеда за безгрижно патување

Паметното штедење во текот на целата година е клучно за реализација на вашите одмори од соништата. Додека го планирате вашиот буџет за летниот одмор, размислете за практичноста и придобивките од штедењето. Флекси Штедна Сметка е корисен производ кој поттикнува редовна култура на штедење.

Најдобриот дел е целосната флексибилност што ја нуди – можете лесно да ги надополнувате и повлекувате заштедите директно преку мобилна апликација 24/7, без минимално ограничување за плаќање, што го прави достапно за сите да почнат да штедат, без разлика колку е голема или мала сумата.

Затоа, додека уживате во вашиот летен одмор и ги следите претходните совети за заштеда на пари, не заборавајте да ја користите Флекси Штедна Сметка. Обезбедете ја вашата финансиска иднина со леснотија и спокојство.

Започнете да штедите паметно и имајте незаборавен летен одмор без стрес!

Како да изградите здрава навика за штедење

Организацијата на личните финансии е своевидна умешност која може да ја совладате со промени во навиките и пристапот кон вашите средства, што на долг рок ќе ви донесе поголема сигурност и стабилност. Ова е особено важно во време на променлива економија на каква што сме сведоци денес, која може да предизвикува чувство на недостаток на финансии, но истовремено може да биде и поттик да изградиме навика за штедење и поздрав однос со нашите пари.

Финансиските советници често велат дека исто како кај личните односи, треба да одвоиме време и за нашиот однос со парите, како и за градење навика за штедење.

„Ако сакате да постигнете финансиска сигурност, внимавајте како се однесувате со вашите средства. Секое невнимателно или импулсивно однесување резултира со помала или поголема штета на буџетот за која подоцна ќе треба да најдете решение. Спротивно на тоа, кога пристапувате плански кон вашите финансии можете полесно да ги планирате и вашите активности, што ви дава мотив и сигурност за следни корисни чекори кон финансиска стабилност како што е создавањето на заштеда.“

Често се случува луѓето да се потпираат на кредити и задолжувања наместо да создаваат заштеда со која ќе можат да ги финансираат своите трошоци и желби. Ваквиот пристап кон парите само го продлабочува чувството на несигурност и недостаток на контрола над сопствените средства, а доаѓа како резултат на неколку (погрешни) уверувања.

Јас сум од оние луѓе кои едноставно не знаат и немаат навика за штедење.

За штедење е потребна желба и континуитет, а не знаење. Ваша задача е да изградите навика за штедење и дисциплина, а за останатите детали постојат стручни лица кои се достапни во секое време да ви ги објаснат. Целта на штедењето не е да си скратите од уживањето, туку напротив, да живеете попаметно и побезгрижно.   

Не заработувам доволно за да можам да штедам.

Не ви е потребен голем износ на средства за да можете да почнете да штедите. И најмалата сума, ако редовно ја издвојувате ќе порасне во поголема заштеда која токму во услови на мала заработувачка ќе ви значи повеќе.

Не можам да штедам додека исплаќам долгови.

Со свесно планирање на средствата можете да ги исплаќате долговите и да започнете со мали заштеди кои ќе ви помогнат да се чувствувате финансиски посигурни.

Не можам секој месец да одвојувам средства за заштеда.

Денес постојат флексибилни можности за штедење, нема потреба да се обврзувате на конкретен месечен износ кој ќе го уплаќате континуирано. Важно е да создадете навика, а потоа, колку ќе заштедите целосно зависи од тоа како поминува вашиот месец.

Како промотер и поттикнувач на штедењето, таква можност кај нас обезбеди ПроКредит Банка со услугата Флекси штедна сметка која овозможува флексибилно штедење со најповолна каматна стапка по видување, како и дополнување и користење на средствата во секое време, без никакви ограничувања.

Никогаш не е премногу рано, ниту премногу доцна за да штедите, сѐ што ви треба за да обезбедите поголема финансиска сигурност е волја да започнете.