Вработувањето преку Онбординг програмата на ПроКредит Банка која претставува обука за нововработени, му потвдри на Петар Спасовски дека го направил вистинскиот избор за отпочнување на својата кариера во банкарскиот сектор.
Што ја издвои ПроКредит од останатите работодавачи?
Кога размислував за работно место, а знаев дека сакам да работам во секторот финансии, дојдов до заклучок дека ПроКредит Банка нуди многу поголем и побрз личен и кариерен развој споредено со другите банки. Персонализираниот пристап кој ПроКредит го има кон своите вработени е она што кај мене најмногу влијаеше да одлучам дека тука сакам да започнам да ја градам својата кариера во светот на финансиите.
Онбординг програмата им дава можност на младите да се насочат кон работната позиција која најмногу им одговара според нивниот профил, карактер и интереси.
Зошто обука за нововработени?
Уште кога разгледував можности за мое вработување, сфатив дека со Онбординг програмата, ПроКредит нуди сосема различен пристап, кој мене повеќе ми одговараше – доедукација, но не во форма на формално образование како мастер програма, туку преку практични примери, но и реални ситуации од секојдневното работење да го надградам знаењето добиено од факултет, а тоа беше токму и она што го добив од оваа програма. За програмата знаев уште од студентските денови, како и дека дел од програмата се одвива во Белград.
Што научи на Онбординг програмата, кои беа придобивките?
Техничкиот дел од Онбординг програмата ми ја даде потребната основа за работењето, која секој кој работи во банка мора да ја поседува. Од една страна се стекнав со нови знаења и ги утврдив веќе постоечките кои се однесуваат на основни банкарски работи како кредитирање, депозити, банкарски услуги и др., кои, без разлика во кој сектор од банката да работиш, мора да ги знаеш.
Од друга страна пак, ја разбравме улогата на банките во општеството и како се под влијание но и како влијаат на сите микро и макро економски случувања во државата, па затоа од функционална важност е секој од нас да ги знае сите тековни настани, случувања и трендови во општеството.
Освен со стручно и техничко знаење, голем дел од програмата е посветен на развивање на меки вештини преку изучување теми од областа на филозофија, етика, поттикнување на критичко размислување и сл, преку кои ги подобрив своите ораторски, презентациски и комуникациски вештини.
Каков беше животот во Белград за време на тие 5 недели кога се одвиваше обуката за нововработени?
Тој дел од Онбординг програмата беше навистина одличен. Покрај теоретското, стручното и практичното знаење кое го стекнавме, самиот престој и живот во Белград дополнително ни ја зголеми самодовербата, ни овозможи да запознаеме луѓе и стекнеме пријатели од други држави и да ги прошириме нашите хоризонти. Тие дружби, особено за време на викендите кога сме слободни и немаме настава, ќе ги паметам уште долго.
Кој е следниот чекор во твојата кариера?
Да продолжам да се развивам со ист или посилен интензитет, како би ги искористил стекнатите знаења и способности во успешно исполнување на улогата која ја имаат мојата работна позиција и Банката – стабилен партнер на малите и средни претпријатија во државата кои се движечка сила на економијата во државата.