Што е она кое прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене поимот штедење? Се разбира – штедна сметка и пари „настрана“. Иако конвенционалната идеја за заштеда на пари е темелот на културата на штедење која се вкоренува од мали нозе и несомнено е главниот постулат на креирање стабилен и долготраен домашен буџет, сепак културата на штедење е многу поширока од основниот принцип. Затоа одлучивме да ги побиеме најчестите митови за штедење и да ви дадеме правилни насоки за размислување.
Штедење не значи само да имате повеќе пари на вашата банкарска сметка
Се работи за градење култура на живеење и секојдневни навики за штедење преку ре-употреба и непотпаѓање под импулсивен консумеризам. Ова подразбира заштеда на електрична енергија, ре-употреба на облека, заштеда на време преку користење на дигитални алатки, заштеда на храна преку домашно подготвување, па дури и домашно одгледување на намирници, заштедата на ресурси и воедно инвестирањето во здрав живот преку активно користење на велосипед. Така, преземаме конкретни чекори со кои не само што заштедуваме пари и ресурси, туку и активно се грижиме за природата и ја чуваме животната средина.
Штедењето не е еднократна активност
Додека светот се бори со влијанието на климатските промени, многумина од нас почнуваат да ја согледуваат важноста на штедењето како начин на живот. Токму ова е една од темите за кои зборувавме во својата јубилејна кампања за 20 години постоење на македонскиот пазар, отворајќи ги хоризонтите на полето на штедење и продолжувајќи ја својата мисија за градење култура и надвор од конвенционалната заштеда на пари.
Повторната употреба или ре-употребата е важен дел од штедењето како начин на живот. Станува збор за извлекување максимум од она што веќе го имате, наместо да купувате нови предмети. Тоа ви помага да заштедите пари и да го намалите отпадот.
Штедењето на време и енергија се еднакво важни
Многу се важни и заштедата на време, енергија и вложување во квалитетен начин на живот. На пример, можете да заштедите време со користење на дигитално банкарство без разлика каде се наоѓате. Можете да заштедите енергија со инвестирање во енергетско ефикасни производи или обновливи извори на енергија во вашиот дом. Што се однесува до секојдневниот живот не заборавајте на правилото помудро и одговорно може да биде подобро.
Штедењето е поврзано со нашите секојдневни навики
Кое превозно средство го користите најчесто? Доколку автомобил е вашиот одговор, ве предизвикуваме да направите промена. Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и нови навики, па користењето велосипед е вистинскиот избор. Не само што ќе ви заштеди пари за гориво и одржување, туку е и одлична вежба и многу поодржлив и несомнено побрз начин да стигнете до посакуваната дестинација.
Како да ги надминете најчестите митови за штедење
Најочигледниот начин да заштедите повеќе е, се разбира, да заштедите пари. Започнете со добро планирање на вашите финансии и анализа колку реално можете да заштедите секој месец. Креирајте буџет и држете се до него. Буџетот треба да ги вклучува сите ваши приходи и трошоци, вклучувајќи работи како тековни трошоци, комунални услуги, храна и забава. Откако ќе креирате буџет, треба да ги следите сите ваши трошења за да бидете сигурни дека се држите до него. Ова ќе ви помогне да ги идентификувате областите каде што можете да намалите и да заштедите повеќе пари.
Постојат различни видови на штедење, од флексибилно штедење, до орочување на вашите средства на подолг рок, па дури и детско штедење преку кое ќе ги научите најмалите на важноста од културата на штедење. Познавањето на различните видови штедни продукти може да ви помогне да го изберете она кое е најдобро за вашите можности и планови, а доколку се двоумите кој e најдобриот избор за вас, тука е секогаш личниот банкарски советник на ПроКредит кој ќе ви ја даде вистинската насока.
Штедењето како начин на живот се состои во правење мали промени кои имаат големо влијание. Па, зошто да не започнете да штедите денес?