Најдобар финансиски партнер за локалните (кул) бизниси

Во потрага по автентични и оригинални искуства, модерните луѓе сѐ почесто се вртат кон малите бизниси чиј раст и успех не зависат само од нивната визија и посветеност, туку и од поддршката на стратешки финансиски партнер. Таков успешен локален бизнис е и “Sheezick Na Reezick”.

Во денешниот бизнис свет, малите и оригинални локални брендови играат клучна улога во поттикнувањето на иновациите и негувањето на уникатни изрази на креативност. Овие бизниси ја отелотворуваат суштината на модерноста, динамично обликувајќи ги индустриите, притоа заменувајќи ги традиционалните корпоративни норми со нови правила. 

Љубовта кон Скопје, преточена во уникатен моден дизајн

Позитивен пример за успешен мал локален бизнис е домашниот бренд Шизик на ризик кој постои 5 години и нуди дизајнерски производи од домашно производство. Брендот е создаден од креативниот двоец – Сташа Шаровиќ и Божо Павковиќ, кои својата љубов кон Скопје ја преточија во уникатен и препознатлив дизајн.

„Бизнисот е локален и фамилијарен, и е всушност креативно продолжение на Зип Зап – дизајн и брендинг агенција која постои од 1998г. После голем број креирани визуелни комуникации за домашни и странски клиенти, решивме да се вратиме онаму каде што започна Зип Зап, на дизајните инспирирани од Скопје, своевремено издадени во форма на разгледници. Од таму почнавме да градиме нов бренд,“ – вели Божо Павковиќ, за почетоците на овој streetwear бренд, и додава:

„Започнавме со многу верба, со уште повеќе работа и со сопствени средства. Стратегијата која ја зацртавме од самиот старт беше оригинален и квалитетен домашен производ – homegrown, homemade. Оригиналноста беше во наши раце, но брзо сфативме дека продукцијата на целосен текстилен производ во Македонија е посебен предизвик, и процес кој континуирано го унапредуваме.“

Навремено препознавање на потенцијалот на квалитетните бизнис идеи

Во градењето на еден бренд, неопходна е поддршката на доверлив и посветен финансиски партнер, со чија помош навремено се инвестира во визијата, а со тоа се придонесува и во поддршка на домашната економија, зајакнување на малите бизниси, како и зачувување на културата и идентитетот на локалните креативци.

Изборот на партнерска банка повеќе не е само финансиска одлука, туку клучен фактор за успех, затоа што вистинската банка може значајно да придонесе кон трасирање на патот на брендот. Умешноста на банката се состои во тоа да го препознае потенцијалот на новите бизнис идеи и навремено да ги поддржи, поттикнувајќи го нивниот раст и развој.

Финансиски партнер кој помага во раст на бизнисот

Банка која верува во нови и свежи идеи носи повеќе од само финансиски капитал – таа банка станува сојузник во трансформацијата и растот на малите бизниси. Финансиски партнер кој ги слуша и разбира потребите на овие компании, може да обезбеди вредни совети, приспособени решенија и иновативни финансиски инструменти кои се грижат за уникатните потреби на модерните, динамични и оригинални локални брендови.

Урбаниот моден бренд Шизик на ризик, наменет за современи луѓе, се појави како олицетворение на Скопје, обединувајќи ги автентичните локални приказни, урбаните митови, сленгoт и начинот на живот карактеристични за овој град, за набрзо да прерасне во омилен македонски дизајнерски бренд кој со гордост се носи во земјата и низ светот. Токму тоа го разликува овој бренд од останатите. Сепак, визијата и идејата не се секогаш доволни за успех на еден бренд. Искуството и способноста на банката да ги препознае и поддржи креативните бизнис идеи се клучни за раст и развој на еден локален бизнис.

„Започнавме со увезени полуготови производи, одвај најдовме домашна конфекција која се нафати да шие за нас, но релативно брзо станавме и поголеми и покомплицирани, па моравме да размислиме за отварање на сопствен погон, ” – истакнува Сташа Шаровиќ.

„Тука улета нашиот долгорочен соработник ПроКредит Банка, која ни ја даде потребната поддршка со кредити клучни за создавањето на Шизотекс – мало трикотажно производство, со кое ги затворивме прашањата на развој на производи, залихи и квалитет. Денес повторно, благодарејќи на соработката и взаемната доверба која ја имаме со ПроКредит Банка, после 5 години од скопскиот дуќан, отвараме нов продажен објект во Охрид. Она што Прокредит банка ја прави наш прв избор кога сакаме да инвестираме е тоа што се брзи и модерни на секое ниво. No Procredit, no Sheezick :), ” заклучуваат шизиците Сташа и Божо.