Стремежот за успех во бизнисот е заедничка цел што ги поврзува визионерските компании и финансиските институции. Тајната на успешното партнерство во корпоративниот свет е токму квалитетот како заедничка вредност на двете страни, како и изборот на банкарски партнер.
За извозните компании, квалитетот и довербата се едни од најважните елементи на нивната стратегија за пробив на меѓународните пазари. Одржувањето постојано висок квалитет на производи и услуги и градењето силна репутација кај купувачите е клучна предност што можат да ја имаат на конкурентниот глобален пазар. Конзистентниот квалитет овозможува градење доверба, ублажување на ризиците, поттикнува долгорочни односи и обезбедуваат подобра преговарачка позиција.
Банките кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во соработка со бизнисите, го препознаваат квалитетот како предуслов, од една страна за градење долгорочно партнерство, а од друга страна за градење одржлив и успешен бизнис. Компаниите пак се свесни дека со одговорен и доверлив банкарски партнер полесно се надминуваат предизвиците.
Oдговорните банки, покрај тоа што играат клучна улога во зајакнувањето на локалните бизниси на домашниот пазар, помагаат и во пробивањето на нивните производи на глобалната сцена. Преку понуда на широка палета на инструменти, банките ги поддржуваат извозните компании со тоа што им овозможуваат сигурен настап на новите пазари обезбедувајќи финансиска помош за реализација на нивните извозни планови, како и стручни насоки и консултации за ефикасно планирање на ликвидноста и управувањето со финансиите, вклучувајќи ја тука и висококвалитетната соработка и обезбедени плаќања со странските партнери итн.
Препознавање на квалитетот и заедничката визија
Нашата држава надалеку е позната по квалитетното вино на ГД Тиквеш АД, кои се препознатливи амбасадори не само на регионалната, туку и на светската сцена. Брендот, основан во 1999 година, денес опстојува на пазарот како најголем производител на грозје во земјата, а од пред 10 години е сопственик и на Винарската визба „Милев“ со капацитет од 11 милиони литри вино.
Токму нивната успешна приказна е пример за колективната визија, поддршка и квалитет, како резултат на успешното партнерство со ПроКредит банка, кое трае веќе 20 години.
„Низ годините ГД Тиквеш бележи значајни трансформации во однос на технологијата, модернизирање на процесот на производство, нова механизација и тоа за една единствена цел, со која и се препознаваме на пазарот – КВАЛИТЕТОТ. За раст и развој на компанијата голема заслуга има нашата соработка со ПроКредит Банка. Како банка ориентирана да го поддржи земјоделското стопанство, ние препознавме нешто блиско до нас.“ истакнува Ристо Милев, Генерален директор на ГД Тиквеш АД.
Поддршката од банкарски партнер во значајни моменти е клучна за успехот
Патот до успехот на една компанија е дефиниран од клучни моменти кои ја обликуваат нејзината иднина и затоа есенцијална е поддршката од доверлив и стабилен банкарски партнер. Финансиските совети на банката треба да дадат јасни насоки што поттикнуваат раст и развој на компанијата. Всушност, суштината на успешното партнерство лежи во внимателно слушање и разбирање на потребите на бизнисот, навремената поддршка и делење на иста визија за успех.
„Сѐ започна со самиот старт на работењето на Банката во нашата земја. На обострано задоволство и со добиена поддршка во клучни моменти, создадовме една заедничка приказна стара 20 години. Благодарение на добрите финансиски совети добиени од ПроКредит, како и поддршката која ни ја пружија во освојувањето на нови пазари, нашата компанија имаше стабилен развој.
Банката низ годините ја препозна нашата визија и филозофија, а тоа што започна како соработка, стана еден силен, партнерски однос на едно исклучително високо ниво. Транспарентноста, професионалноста, отворената комуникација, како и поволностите кои ги нуди Банката се работи кои навистина ги цениме и можеме да кажеме дека имаме целосна доверба во ПроКредит како наша банка партнер.
Веруваме дека соработката ќе ни трае уште долги години и ПроКредит ќе не поддржи во нашите идни инвестиции и пробивања на нови пазари и ќе биде покрај нас во сите наши клучни моменти, како што била и до сега.”, вели Милев.