Кога зборуваме за индивидуални еколошки навики и промени, најчесто не ни паѓа на памет дека со изборот за тоа каде ги чуваме нашите пари, ние индиректно придонесуваме кон финансирање на активности и поддршка на истите.
Дали знаете каде вашата банка ги реинвестира вашите пари? На што работи одделот за животна средина во ПроКредит Банка? Кои се и како се избираат активностите кои ја загрозуваат животната и општествената средина и не се кредитираат од страна на банката?
Добринка Стефанова, Директорка на одделот за управување со животната средина во ПроКредит Банка, разговара не само на овие теми, туку и за нејзиното 10 годишно искуство како вработена во банката. За нејзиното унапредување по враќањето од породилно што е реткост, и уште многу други примери за како една општествено одговорна компанија треба да се однесува кон своите вработени.
Дали знаете дека банките имаат значителен удел во одредувањето на насоката во којашто ќе се движи економијата? Нивото до коешто тие инвестираат во одржлива иднина значително ја менува сликата што можеме да ја очекуваме во иднина.
Почнувајќи од вложувања во решенија за следење на CO2 отпечатокот па сѐ до понуда на кредити за фотоволтаични централи, сите „зелени“ иницијативи на банките прават разлика за сите нас. Оттаму, тие мора да бидат едни од лидерите при справувањето со глобалните предизвици. За справување со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо-економското опкружување потребна е визија и цврсти принципи на одговорно банкарство.
Како да знаете дали вашите пари ги оставате во одговорна банка?
Накратко, одговорна банка во овој контекст, е банка која дејствува во насока на одржлив развој и заштита на животната средина. Ова се однесува на одржливо финансирање на проекти кои имаат позитивен ефект врз природата со фокус на инвестирање во обновливи извори на енергија и социјално одговорни бизниси. Основа за одржливо работење од страна на банките насекаде во светот е ESG концептот (Environment, Social, Governance).
За повеќе информации што е одговорна банка прочитајте тука.