Содржина

    Дигитални решенија за вашите финансии

    Начинот на кој размислуваме и работиме значително се измени во изминатите неколку години. Ковид кризата, покрај здравствените и економски предизвици, нè научи на поинаков начин да пристапиме на секојдневните бизнис потреби, а една од нив е и соработката со банката, преку која клиентите можат да се здобијат со брз и едноставен пристап до нивните финансии преку дигитални решенија.

    Дигитални решенија и можности

    При избор на финансиски партнер со кој ќе започнете соработка, клучен фактор треба да бидат дигиталните можности и решенија кои ги нуди Банката, со цел брзо завршување на сите банкарски операции 24/7, без разлика каде се наоѓате. Банката на која ќе ѝ ја дадете својата доверба, треба да биде ваш партнер на кој можете да се потпрете.

    Во ПроКредит Банка, разбираме дека Вашето време е најскапиот ресурс. Затоа Банката нуди онлајн платформа за отворање на сметки – без разлика каде се наоѓате и во секое време. Нашата онлајн платформа е лесна за употреба, но уште поважно нуди највисок степен на безбедност, што значи дека можете да бидете сигурни дека вашите лични и финансиски податоци секогаш ќе бидат безбедни. Со тоа, вие го штедите вашето ограничено време и го инвестирате на суштински важни работи за вашиот бизнис, како развивање на нови идеи, иновации и практики кои ќе придонесат кон позитивно влијание во општеството.

    Како да отворите сметка

    Доколку сѐ уште не сте започнале соработка со нашата дигитална Банка, одличен почеток е токму онлајн отворањето на сметка.

    Со внесување на само неколку основни податоци и документи, можете да отворите платежна сметка, со која имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата и странство, пристап до останатите услуги на Банката, како и можност да добиете поддршка од Личен банкарски советник кој ќе ви помогне во целосната работа на вашиот бизнис.

    Што треба да направите? Посетете ја нашата веб страна, одберете го делот – „Аплицирајте за сметка онлајн“, внесете го името на вашата компанија, годишниот обрт и контакт информација. Потоа, прикачете ги основните документи –  Тековна состојба, Тековна состојба за вистински сопственик, Образец на заверени потписи и лича карта од законскиот застапник и сопственикот/сопствениците.

    Со еден клик, вашата апликација за отворање на платежна сметка ќе биде регистрирана од наша страна, а ние веднаш ќе пристапиме кон процесот на отворање на вашата платежна сметка. Во рок од 24 до 48 часа ќе бидете контактирани да ја посетите најблиската филијала за идентификација и потпис. Дополнителна можност која ПроКредит банка ја нуди е и достава на договорите до вашата службена адреса, што дополнително ќе ви заштеди време.

    Со отворањето на платежна сметка во ПроКредит Банка, веднаш добивате пристап до нашата широка понуда на производи и услуги. Нудиме конкурентни фиксни провизии за платен промет во земјата и странство, единствена можност да штедите флексибилно со фер каматни стапки и неограничена достапност на вашите средства,  како и широка палета на кредитни производи за поддршка на вашиот бизнис. До сите овие услуги можете да пристапите електронски, преку нашето електронско банкарство и порталот за електронско потпишување на документи.

    24/7 зони на ПроКредит Банка

    Оваа понуда, без разлика дали сте стартап, мало, средно или големо претпријатие, ви овозможува брз и едноставен пристап до вашите финансии во секое време. ПроКредит Банка на располагање ви нуди 24/7 зони каде може да се изврши уплата на платен промет 24 часа –  за време на државни празници, викенди и останати неработни денови. Секој клиент на ПроКредит Банка може да ги користи услугите во зоните 24/7 и тоа: уплата и исплата на денари и евра, уплата на кованици, уплата на дневен промет на банкомат или во сеф за дневен промет, печатење изводи и слично. Влезот во зоните по работното време на експозитурите е со валидна дебитна или кредитна картичка.

    За сите прашања и совети поврзани со нашите дигитални решенија, како и останатите услуги, на располагање ви стои нашиот Контакт Центар или вашиот Личен банкарски советник.