Дигитална банка со човечки карактер: визијата на ПроКредит банка - ProCredit Blog
Содржина

    Дигитална банка со човечки карактер: визијата на ПроКредит банка

    Во новата епизода на FinSight, Стевче Кузмановски зборува за најактуелните теми во банкарскиот сектор и за насоките во кои ќе се движи ПроКредит банка во наредниот период. Во фокус се дигиталната трансформација, поддршката на физичките лица и визијата за банкарство што го штеди времето на клиентите.

    22 години искуство со нов фокус

    ПроКредит банка е присутна на македонскиот пазар веќе 22 години, градејќи силна репутација како специјализирана банка за работа со бизнисите. Основата на овој успех е пристапот што се темели на разбирање и слушање на реалните потреби на клиентите, со цел понуда на оптимални и одржливи решенија.

    Токму ова искуство ѝ помогна на банката да препознае значајна празнина во сегментот на физичките лица. Традиционалниот модел на банкарство, кој сè уште е присутен во Македонија, често значи губење време, чекање на шалтери и сложени процедури.

    „Сакаме да го смениме тоа искуство и да понудиме комплетно дигитална банка – но со човечки карактер“, истакнува Кузмановски.

    Што значи тоа за клиентите?

    Целта е најголем дел од секојдневните банкарски активности да се извршуваат дигитално односно преку мобилната апликација, 24/7 зоните или контакт-центарот. Уплати и подигнувања на готовина, трансфери, аплицирање и управување со картички, поставување лимити или блокирање картичка, сето тоа е достапно без физичка посета на филијала.

    За клиентите кои сè уште се скептични кон дигиталните канали, филијалите остануваат на располагање. Таму, обучени вработени нудат поддршка и совет, особено при користење на новите дигитални алатки.

    Банката доаѓа кај клиентот

    Една од најзначајните новини е можноста целосно онлајн да се отвори трансакциска сметка. Преку мобилен телефон, од кое било место, без хартиени договори и без земање слободен ден, граѓаните можат брзо и едноставно да станат клиенти на ПроКредит банка.

    Дополнително, преку дигиталните канали клиентите можат самостојно да ги ажурираат своите лични податоци, без потреба од посета на банка, процес кој досега често претставуваше административна пречка.

    Флексибилно штедење и дигитални договори

    И штедењето е целосно дигитализирано. Клиентите можат со неколку клика да префрлат средства на штедна сметка, да располагаат со нив 24/7 или да орочат депозит сето ова директно преку мобилната апликација. Договорите се потпишуваат онлајн, без физичко присуство во банка.

    Флексибилното штедење им овозможува на граѓаните континуирано да одвојуваат дел од своите приходи, да создадат личен буџет и истовремено да добијат поволна каматна стапка.

    Дигитална картичка

    ПроКредит банка воведува и дигитална картичка, која се издава и активира директно преку мобилен телефон. Клиентите можат да ја користат веднаш за трансакции и на банкомати без чекање на физичка, пластична картичка.

    Иднината е дигитална

    Трендот во светот е јасен: банките постепено го напуштаат шалтерскиот модел и се движат кон целосна дигитализација. Сепак, советодавната улога останува важна – особено кога станува збор за инвестиции, купување недвижност или долгорочно финансиско планирање.

    „Нашето мото е: сакаме луѓето да имаат повеќе време за живот, а помалку да се занимаваат со банката“, вели Кузмановски.

    ПроКредит банка во следните 5 години

    Во иднина, ПроКредит банка се гледа како модерна, прогресивна и достапна банка за сите граѓани што ги ценат дигиталните решенија, транспарентноста и партнерскиот однос.

    Дигитална банка со човечки карактер – ПроКредит банка што го штеди времето, а не го одзема.

    Целосниот разговор со Стевче Кузмановски погледнете го во епизодата на FinSight