претприемништво Archives - ProCredit Blog

Разбирање на финансиски концепти

Секој претприемач треба да ги разбере основните финансиски концепти, особено трите најважни финансиски извештаи: биланс на состојба, биланс на успех и извештај за парични текови. Нивното познавање е клучно за следење на работењето, донесување точни одлуки и планирање на идни инвестиции.

Преку овие извештаи можете да согледате што се случувало во минатото, каква е тековната состојба и какви ќе бидат идните потреби на вашиот бизнис. Оттаму, тие се важен дел во третиот модул што го слушаат претприемачите на нашата ПроКредит бизнис академија.

Биланс на успех – еден од основните финансиски концепти

Билансот на успех ги прикажува приходите и трошоците за одреден период (на пример, од 1 јануари до 31 декември). Врз основа на него се утврдува дали претпријатието остварило добивка или загуба. Ако приходите се поголеми од трошоците – имаме добивка, а во спротивно загуба.

Билансот на успех се дели на неколку сегменти:

  • Бруто добивка/загуба – разлика меѓу приходите и директните трошоци.
  • Добивка/загуба од деловни активности – вклучува индиректни трошоци, како и финансиски приходи и расходи.
  • Добивка/загуба пред оданочување – со вклучени вонредни приходи и расходи.
  • Нето добивка/загуба – конечниот резултат по одземање на данокот.

Биланс на состојба – еден од клучните финансиски концепти

Билансот на состојба прикажува што има претпријатието (имот) и како тој е финансиран (обврски и капитал). Основната формула гласи:
СРЕДСТВА = ОБВРСКИ + КАПИТАЛ

Пример: ако купите комбе на кредит, неговата вредност оди во активата, а кредитот во пасивата – рамнотежата секогаш останува иста.

  • Активa (средства) – готовина, залихи, опрема, побарувања, недвижности.
  • Пасива (извори на средства) – кредити, обврски кон добавувачи, сопствен капитал.

Активата се дели на обртни средства, основни средства и капитализација на трошоци, додека обврските можат да бидат тековни или долгорочни. Капиталот ги опфаќа вложувањата од сопствениците и нераспределената добивка.

Токму преку билансот на состојба многу претприемачи го наоѓаат одговорот на честото прашање: „Работам многу, ама каде ми се парите?“

Извештај за парични текови – еден од најпрактичните финансиски концепти

Овој извештај е еден од најпрактичните финансиски концепти за секој претприемач бидејќи прикажува:

  • почетна состојба на готовина,
  • сите приливи (на пр. уплати од клиенти),
  • сите одливи (на пр. плати, трошоци, даноци),
  • крајна состојба на готовина.

Извештајот за парични текови ги следи само готовинските промени – затоа во него не се прикажуваат продажби на кредит или амортизација.

Можете да имате добри приходи, но ако немате готовина, нема да можете да ги плаќате сметките. Поради тоа, многу мали бизниси, иако рентабилни, затвораат поради недостиг на ликвидност.

Планирање на парични текови

Прогнозата на кеш флоу е клучна алатка за управување со вашиот бизнис. За да се направи оваа прогноза потребно е:

  • да се процени нивото на промет во идниот период,
  • да се знае колку приходи се готовински, а колку преку агенции или картички,
  • да се планира кога ќе се плаќаат обврските (плати, даноци, кредити),
  • да се земат предвид кредитните услови кај добавувачите.

При започнување на бизнис, трошоците за реновирање, опрема или лиценци се високи. Затоа планирањето на паричните текови е неопходно за да не останете без средства пред да почне наплатата.

Разбирањето на овие финансиски концепти нема автоматски да ве направи успешен претприемач. Но, нивното непознавање значително ги намалува шансите вашиот бизнис да опстане и расте.

Што значи да бидеш млад претприемач – Кристијан од Akcija24.mk

Во секојдневната работа со нашите клиенти, најголемата вредност ја гледаме во градењето долгорочни партнерства, особено кога станува збор за поддршка на млад претприемач што храбро чекори по својот пат.

Еден од храбрите претприемачи со кој имаме задоволство да соработуваме е Кристијан Димоски, основачот на денес веќе добро познатата e-commerce платформа Akcija24.mk. Преку нашата програма „Млади во бизнисот“ Кристијан доби финансиска поддршка и вистински партнер во секоја фаза од развојот на неговиот бизнис.

Во ова интервју со Кристијан зборуваме за визијата, предизвиците и менталитетот, сè што го дефинира еден млад претприемач, од првите чекори, па сè до регионален раст.

Која е твојата дефиниција за млад претприемач? 

Да бидеш млад претприемач значи да си доволно луд за да пробаш, доволно упорен да истраеш и доволно скромен да учиш. Секој ден е нова лекција, од финансии, логистика и човечки ресурси, до личен развој. 

Исто така, да си млад претприемач значи да имаш повеќе енергија од другите, да бидеш пофлексибилен од конкуренцијата, да можеш да менуваш ставови и насоки неколку пати дневно, и сето тоа со брзина и агилност што е невозможна за поголемите и побавни структури. 

Токму тука е твојата предност. Не е во парите, не во контактите, туку во способноста да се движиш побрзо, да учиш побрзо и да се адаптираш побрзо. И ако го разбереш тоа, можеш да го искористиш како твоја најголема сила. 

Дали се сеќаваш на моментот кога одлучи да станеш претприемач? 

За мене, не постои еден момент. Претприемач не се станува со одлука преку ноќ, бидејќи тоа не е позиција, туку карактер. Не можеш едноставно да се разбудиш и да кажеш: „Од денес не работам за други, ќе бидам претприемач.“ Технички можеш, но тоа мора да е дел од твојот карактер, да си подготвен да се дадеш целосно за нештата што ги сакаш. 

Претприемништвото започнува кога си сè, освен претприемач. Прво си гаража. Потоа си магационер, одговорен за грижа за потрошувачи, сметководител, возач, логистичар. И тоа трае со години. Во ист ден се пресоблекуваш по три пати – еднаш во кошула за состанок во банка, потоа во работна маица за во магацин, па повторно во кошула за состанок со клиент. И тоа не е воопшто лесно да го правиш секојдневно. 

Ако главната мотивација ти се парите, бргу ќе се откажеш, бидејќи во првите години и да сакаш, ги нема. Има само долгови, ноќи без сон и борба без гаранција како ќе заврши. Мотивацијата доаѓа од визија, кога гледаш што можеш да изградиш, и како можеш ти да се изградиш како човек. 

Јас не станав претприемач со одлука – едноставно така сум скроен. Секогаш ме влечело да создадам нешто свое. И можеби тоа е најдобрата дефиниција за претприемач – не некој што одлучил, туку некој што едноставно не можел поинаку. 

Кои беа најголемите предизвици со кои се соочи на почетокот? 

Почетокот со Akcija24, како и секој вистински почеток, не беше блескав. Најважно беше да бидам подготвен на неуспех и да разберам дека немам што да изгубам, освен егото и емоциите. Кога почнуваш, токму тука е твојата слобода: немаш обврски кон никого, немаш страв од пад, можеш да експериментираш, да учиш, да грешиш – и ако паднеш, брзо да станеш. 

На почетокот си само ти, со идеја, малку ресурси и многу енергија. И треба да ја искористиш таа фаза како предност. Затоа што кога немаш ништо, можеш да се фокусираш на сѐ. И ако од самиот старт го прифатиш неуспехот како дел од процесот, тогаш секоја препрека станува лекција наместо пораз. 

Кристијан Акција24

Што те мотивираше да истраеш во овој процес? 

Немав што да изгубам. И тоа ми беше најголемата слобода. На почетокот на Akcija24, веќе зад мене имав премногу неуспеси. Толку многу, што дури и кога сите околу тебе ти се смеат, ти продолжуваш. Ако дотогаш не се откажав нема ни сега, ни за 20 години.

И тоа не сe учи од книга, тоа е „mindset“. Или го имаш, или не.

Барем јас не верувам дека се учи. Верувам дека се гради уште од детството, преку падови, преку реален живот. И кога еднаш ќе го изградиш тој став, ништо не може да те скрши, никаков неуспех, притисок, страв. Затоа што не ти требаат совршени услови, ти треба само доволно тврдоглавост да не се откажеш. 

Каква поддршка доби од ПроКредит Банка преку пакетот „Млади во бизнисот“? 

Поддршката од ПроКредит Банка не беше само финансиска, она што го добив беше вистински партнерски однос. Не нè гледаа како бројка, туку како реален бизнис со визија.

Преку програмата „млади во бизнис” во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ни овозможија јасна комуникација и разбирање за предизвиците што ги има секој млад претприемач. Тоа ни даде сигурност да растеме побрзо и поорганизирано.

И ова не беше некаков посебен третман кон нас, ова се предности што секој млад претприемач ги добива во ПроКредит Банка. Брзи, дигитални услуги, бесплатни стручни совети од личен банкарски советник, но и многу можности за бесплатна едукација и вмрежување.

Колку е важно за еден млад претприемач да има партнер што е во чекор со него? 

Клучно е. Во бизнисот, брзината значи сѐ, а кога имаш банка што реагира навреме, што те разбира и се адаптира на твоите потреби, тоа станува вистинска предност. Не ти треба само финансиска поддршка, ти треба партнер што ќе оди со тебе во иста насока, со исто темпо.

Партнер што сака и има знаење да го сподели со тебе, што ќе ти помогне да се поврзеш со луѓе што се соочуваат со слични предизвици, со кои можеш да градиш соработка, или едноставно, да споделиш искуства.

Со сѐ што нуди преку програмите за поддршка на младите претприемачи и со самиот начин на соработка со клиентите, ПроКредит Банка за нас е партнер кој ни помага да останеме фокусирани на растот. 

Дали си задоволен од досегашниот раст на компанијата? 

Да, навистина сум задоволен и тоа не само со бројките, туку и со насоката во којашто се движи нашиот раст. Минатата година излеговме од стартап фазата и веќе сме официјално во фаза на раст. Но, сè уште имаме стартап дух и исклучително силен тим кој функционира брзо, флексибилно и со страст за резултати. 

Во Македонија досега може да се пофалиме со над 110.000 различни домаќинства кои нарачале барем еден производ од нас. Ова значи дека Akcija24.mk е веќе дел од секој четврт дом.

Во Србија стануваме сериозен играч во онлајн трговијата со мебел, а оваа година активно влеговме и на пазарот во Косово, каде што веќе имаме неколку илјади нарачки. 

Горди сме на тоа што го изградивме, но уште повеќе сме фокусирани на тоа што доаѓа.  

Интервју Кристијан

Кој е твојот совет што би бил од помош за секој млад претприемач?

Не чекај совршен момент да започнеш твој бизнис, условите никогаш нема да бидат совршени. Почни со што тоа што го имаш на располагање и гради од таму. 

Најголемата лага е дека сѐ што ти треба на почетокот се пари. Не е така. Ти треба идеја, посветеност и луѓе околу тебе што ќе веруваат доволно за да помогнат. Почни со нешто за што ти и твојата околина можете да создадете вредност со време, труд и страст. Парите се само изговор за тие што не сакаат да се обидат или мислат дека не може поинаку. 

Мојот најискрен совет е: 

  • Не го гледај претприемништвото како нешто што ќе ти донесе статус или слобода, гледај го како процес што бара дисциплина и жртва. 
  • Подготви се да бидеш и директор и хигиеничар, и сметководител и магационер. 
  • Научи да уживаш во процесот. 

Успехот е процес. Ако се откажеш после 10-тиот пат, претприемништвото не е за тебе. 
Јас имам најмалку 10 затворени бизниси зад мене пред да дојдам до нешто што функционира. 

Кристијан е само еден од многуте примери дека кога млад претприемач добива вистинска поддршка, резултатите се видливи. Дознај повеќе за нашата програма Млади во бизнисот и откриј како и ти можеш да го направиш првиот чекор кон одржлив и успешен бизнис.

Како „Growth Mindset“ ги подобрува комуникациските вештини 

Способноста за ефективна комуникација е еден од најважните фактори за личен и професионален успех. Но, она што сè повеќе се препознава како основа за унапредување на оваа вештина е концептот на growth mindset – размислување насочено кон раст. Луѓето со ваков пристап не гледаат на комуникацијата како фиксна вештина, туку како процес што постојано може да се унапредува. 

Токму на оваа тема е посветен вториот модул на нашата ПроКредит бизнис академија. На претприемачите особено им се потребни напредни комуникациски вештини заради многуте улоги што ги играат во своите компании и недостатокот на време за дообјаснување и разрешување недоразбирања.  

Во продолжение ви споделуваме дел од тајните за успешна комуникација и growth mindset.   

Што значи „growth mindset“ во комуникација? 

Терминот „growth mindset“, кој е популаризиран од психологот Карол Двек, се однесува на верувањето дека интелигенцијата, вештините и способностите не се вродени и фиксни, туку можат да се развиваат преку труд, учење и искуство. Во контекст на комуникација, тоа значи: 

  • Подготвеност да се слуша со отворен ум. 
  • Способност да се прифати критика како можност за подобрување. 
  • Желба да се разбере другата страна, дури и кога не се согласуваме. 
  • Постојано учење од комуникациски грешки. 

Луѓето со развиен growth mindset не се плашат од конфликти. Напротив, тие ги гледаат како шанса за развој за себе и за односот со другите. 

Спротивно на ова е емоционалното „грабнување“ (Amygdala hijack), импулсивна реакција предизвикана од силни емоции која го блокира рационалното размислување. Во комуникацијата е важно да се препознаат таквите моменти и да се избере смирен и промислен одговор. 

Комуникацијата е повеќе од зборови 

Ефективната комуникација не се случува само преку зборови. Таа вклучува вербални, невербални и емоционални аспекти. Според познатото правило на Алберт Мехрабијан, во ситуации на конфликт или несогласување 55% од значењето се пренесува преку говорот на телото (држење, гестови, израз на лицето), 38% преку тонот на гласот, а само 7% преку зборовите. 

Ова покажува колку е важно да бидеме емотивно свесни и присутни кога комуницираме. Развиениот growth mindset нè охрабрува да обрнуваме внимание на сите овие сигнали и во нашето однесување и во однесувањето на другите. 

Комуникациски стилови и нивната врска со growth mindset 

Постојат четири основни стилови на комуникација, но само еден од нив се усогласува со концептот на growth mindset: 

1. Пасивен стил: Луѓето избегнуваат да ги изразат своите мислења и потреби, поради страв од судир или одбивање. Овој стил често води до фрустрација и потисната лутина. 

2. Агресивен стил: Наместо соработка, се форсира доминација. Се напаѓа наместо да се комуницира. Ова доведува до нарушени односи и губење на доверба. 

3. Пасивно-агресивен стил: Наместо отворено изразување, луѓето се служат со сарказам, поткопување или индиректни забелешки. Овој стил создава токсична средина. 

4. Асертивен стил: Ова е стилот кој најдобро го отсликува growth mindset. Тој подразбира искажување на ставовите и потребите јасно, директно и со почит, без повредување на другите. Асертивноста овозможува решавање конфликти, зајакнување на меѓучовечките односи и изградба на доверба. 

Како да комуницирате асертивно  

Со оваа проверена техника, вашата порака ќе биде појасна и поискрена: 

  • Се чувствувам… (опишете ја емоцијата) 
  • Кога ти… (конкретно однесување) 
  • Затоа што… (зошто тоа ви влијае) 
  • Што е твојата намера? (проверка на мотивацијата) 
  • Што предлагаш да промениме? (покана за заедничко решение) 

Оваа структура е едноставна, но моќна. Таа го заменува обвинувањето со разбирање, што е всушност и основата на growth mindset. 

Активно слушање како главна алатка 

Активното слушање е клучно за успешна комуникација. За разлика од пасивното слушање, кое води до недоразбирања, активно слушање значи целосен фокус на соговорникот, разбирање на кажаните зборови и емоции и потврдување на пораката. Клучно е да не се прекинува соговорникот, да не се размислува однапред за одговорот, туку навистина да се слушне другата страна. 

Луѓето со growth mindset не се плашат да слушаат, бидејќи не се загрозени од поинакво мислење. Тие знаат дека учиме само кога ќе престанеме да зборуваме и ќе почнеме да слушаме. 

Како „growth mindset“ ја трансформира комуникацијата

Во тимска работа, growth mindset ја подобрува атмосферата: 

  • Ги охрабрува членовите да даваат повратна информација без страв. 
  • Ја зголемува емпатијата и разбирањето. 
  • Поттикнува култура на учење, не на обвинување. 

Во семејството и пријателствата, тој носи: 

  • Поголема трпеливост и сочувство. 
  • Подобро решавање на конфликти. 
  • Отворена и искрена комуникација. 

Совети за развивање на „growth mindset“ преку комуникација 

Прифатете ги грешките како можност за учење. Наместо да се срамите, прашајте: „Што можам да научам од ова?“ 

  • Пoбарајте повратна информација – и слушајте ја без да се браните. 
  • Надградувајте го знаењето за емоционална интелигенција и комуникациски вештини. 
  • Вежбајте асертивност – почнете со мали чекори. 
  • Разговарајте со луѓе што мислат поинаку – со цел да ја разберете другата страна. 

Ако сакате да станете подобар комуникатор, првиот чекор не е во тоа што го зборувате, туку во начинот на кој размислувате. Growth mindset е темел на емпатична, асертивна и ефективна комуникација. Тоа е способност да се каже вистината со почит, да се прифати критика без страв и да се гледа секој разговор како можност, а не како судир. 

Променете го начинот на кој размислувате и ќе го промените начинот на кој комуницирате. Развијте го својот growth mindset и гледајте како се менува вашиот свет. 

Запознајте ги менторите на првата ПроКредит бизнис академија

Официјално започна нашата ПроКредит бизнис академија, едукативна програма која овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој. Академијата се реализира преку пет внимателно осмислени модули, кои ги опфаќаат темите интерно претприемништво, комуникациски вештини и „Growth mindset”, финансиски концепти, дигитална трансформација и продажба за мали бизниси.

Оваа Бизнис академија им овозможува на претприемачите пристап до интерактивни работилници, експертски совети и практични алатки со цел унапредување на нивните деловни вештини. Преку овој пристап, учесниците добиваат релевантно знаење и ресурси кои ќе им помогнат да го направат следниот значаен чекор во развојот и растот на нивниот бизнис.

Програмата е реализирана под менторство од искусни професионалци од регионалната консултантската компанија Alphabet Group која повеќе од 7 години им помага на малите бизниси да го реализираат својот целосен потенцијал преку иновативни и интерактивни обуки и програми за развој.

Во продолжение ви ги претставуваме менторите и нивните регионални искуства во работа со малите бизниси и методологијата по која се реализира нашата ПроКредит бизнис академија.

Ментори на ПроКредит бизнис академија

бизнис академија - Сандра

Сандра СавановиќСтевановиќ е партнерка и директорка на канцеларијата Alphabet во Белград и главен тренер во групацијата. На ПроКредит бизнис академија е ментор на модулот „Интерно претприемништво”. Како бизнис тренер работи речиси 25 години, од кои повеќе од 20 години со мали и средни претпријатија, а и самата таа е претприемач 35 години. Таа е наградена од ЕБОР како најдобар ментор за женско претприемништво.

Александар Алфабет Груп

Александар Петровиќ е раководител за развој на бизнисот во Alphabet Group и работи како консултант и тренер за продажба и финансии. Тој ќе го води модулот „Разбирање на финансиски концепти.” Има искуство како консултант и обучувач, а во текот на неговата 15-годишна кариера во банкарскиот сектор работел и со сегментот на мали и средни претпријатија.

бизнис академија - Лариса

Лариса Шпурен-Шариќ е тренер и консултант во Alphabet Group. Има 16-годишно искуство во управување со човечки ресурси и работи на развој на вработени, градење ефективни тимови и подобрување на деловните процеси. Во рамки на ПроКредит бизнис академија ќе предава на тема Комуникациски вештини и „Growth Mindset”. Последните пет години активно се занимава со консалтинг, со посебен фокус на развојот на малите и средни претпријатија.

момир - алфабет груп

Момир Ѓекиќ е долгогодишен консултант, тренер и предавач во областа на дигитална трансформација и дигитален раст. На ПроКредит бизнис академија ќе го води четвртиот модул токму на оваа тема. Тој е активен консултант на ЕБОР, УНДП и партнерски консултантски организации за помош на мали и средни претпријатија во областите на стратешки и бизнис развој, како и дигитален раст и трансформација.

бизнис академија - Гојко

Гојко Родиќ е директор во Alphabet Group со над 15 години искуство во работа со мали и средни претпријатија и ќе биде ментор на последниот модул на тема „Продажба на мали бизниси”. Тој е тренер за продажни вештини и консултант за подобрување на продажбата. Преку долгорочна продажна и менаџерска кариера во банкарството тој ги воочува предизвиците со кои се соочуваат бизнисите во нивната секојдневна работа, а моментално со тимот на Alphabet Group работи на надминување на тие предизвици. Тој е специјализиран за подобрување на продажните вештини и развој на тимови за продажба во организациите.

Кој е најчестиот проблем со кој се соочуваат сопствениците на мали и микро бизниси?

Сандра Савановиќ: Тешко е да се зборува за еден, најчест проблем со кој се соочуваат сопствениците на МСП. Моето искуство покажува дека иако сопствениците ги наведуваат проблемите со финансиите, продажбата и наплатата и, во последно време, пронаоѓањето на вистинските луѓе како клучни предизвици, клучниот проблем секогаш се покажува како подлабока причина. Можеби најголемиот проблем за кој сопствениците сигурно не размислуваат често или доволно е отсуството на секојдневно, доживотно учење и јасна стратешка насока за бизнисот. Често велам дека бизнисот умрел на денот кога сопственикот престанал да учи. Може да биде во „кома” со години (некогаш и децении), но во моментот кога сопственикот ќе престане да се подобрува секојдневно, бизнисот е мртов.

Лариса Шпурен-Шариќ: Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат сопствениците е воспоставувањето стабилна организациска структура која може да го поддржи растот и долгорочната одржливост. Тие често се заглавени помеѓу оперативните задачи и стратегискиот менаџмент, така што клучните процеси, одговорности и приоритети често остануваат недефинирани. Односно, не постои јасен систем за делегирање, развој, управување со ресурси и брза адаптација на промените, зголемувањето на бизнисот станува тешко, а компанијата останува ранлива. Потешко е да се најдат и задржат вистинските луѓе, потешко е да се развие одговорност и посветеност на работата меѓу вработените. Клучот за успехот лежи во поставувањето на темелите кои овозможуваат раст, без губење на контролата и фокусот.

Кои се предностите на интерактивната образовна методологија што ја применувате на оваа Бизнис академија?

Сандра Савановиќ: Дури и старите Латини рекле дека човекот е Homo Ludens, што значи „човек кој игра“ (танцува). Возрасните учат значително поинаку од децата и основниот постулат е дека возрасните мора да се забавуваат додека учат. Современите, високо искуствени методологии за учење на возрасни, како онаа што Alphabet ја применува во својата работа, придонесуваат за полесно прифаќање и усвојување на нови информации, висок ангажман на поединци, создавање силни врски меѓу учесниците (што е предуслов за понатамошно градење деловни мрежи), фокусирање на работата на теми кои се значајни за групата и слично. Би сакала да истакнам дека не користиме софтвер за презентација (познатиот PowerPoint) во нашата работа и дека на интересен начин покриваме сериозни деловни теми. На крајот на краиштата, искусете искуствено учење.

Лариса Шпурен-Шариќ: Темите за кои зборуваме не се нови, но секогаш се актуелни – и секој учесник доаѓа со свое искуство, знаење и ставови. Затоа нашите обуки не се класични предавања, туку можност да стекнеме нови знаења, да ги преиспитаме постоечките пристапи, да ги „размрдаме“ верувањата и да го создадеме тој клучен „аха“ момент преку искуствени активности поддржани од теоријата. Нашата цел е учесниците не само да слушнат нешто ново и корисно, туку и да почувствуваат и разберат како можат веднаш да го применат во својата работа. Често ја слушаме следнава реченица по нашите тренинзи: „Сега знам што треба да направам!“ – и токму тоа е суштината на нашиот пристап.

Колку е важно малите бизниси да имаат познавање за практиките на интрапретприемништво?

Сандра Савановиќ: Мислам дека никогаш не сум сретнала сопственик на бизнис кој не рекол или посакал: „Посакувам моите вработени да ја гледаат оваа компанија како своја“. За жал, повеќето вработени не ја гледаат компанијата во која работат како своја, туку само како работно место каде поминуваат третина или половина од својот живот. Сепак, има поединци кои компанијата ја гледаат како „своја“ – најлојални, највредни, најкреативни… Понекогаш не е лесно да се комуницира со нив, бидејќи тие се малку „повлечени“. Понекогаш се тивки и не го изразуваат јасно и силно својот потенцијал. Понекогаш едноставно ги земаме „здраво за готово“ и престануваме да се занимаваме со нив… Таквите луѓе се внатрешни претприемачи и го претставуваат највредниот ресурс на една компанија. Тие треба да се препознаат, негуваат, развиваат, чуваат и зајакнуваат. Токму овие теми ги обработуваме во модулот наречен Внатрешно претприемништво.

Зошто е важно секој претприемач да има финансиско знаење за да биде успешен во својот бизнис?

Александар Петровиќ: Разбирањето на финансиите им помага на претприемачите да донесат подобри одлуки за инвестиции, трошоци и буџетирање, што може да влијае на растот и одржливоста на бизнисот. Исто така, претприемачите кои се запознаени со финансиските концепти можат подобро да ги следат и управуваат со нивните трошоци, што им овозможува да ги идентификуваат областите каде што можат да заштедат пари или да ја подобрат профитабилноста. Доброто разбирање на финансиите е исто така од клучно значење во областа на планирањето бидејќи им помага да постават реални цели, да развијат стратегии за раст и да ги обезбедат потребните средства, без разлика дали преку инвестиции, заеми или други извори на финансирање. На крајот на краиштата, разбирањето на финансиските аспекти ни помага да одговориме на едно од прашањата што претприемачите често си го поставуваат, а тоа е: Каде се моите пари?

Зошто комуникација и градење „Growth mindset“?

Лариса Шпурен-Шариќ: Кога сакате вашиот бизнис да расте, две работи се клучни – како комуницирате и како размислувате. Добрата комуникација значи помалку недоразбирања, подобри односи и појасни цели, без разлика дали работите со клиенти, со вашиот тим или со партнери. „Growth mindset“ е начин на размислување што ве турка напред, ве мотивира да учите од грешките и не се плаши од промени – тоа е она што ја прави разликата помеѓу оние кои стагнираат и оние кои напредуваат. Кога ќе ги комбинирате овие две вештини, ја создавате основата за долгорочен успешен бизнис!

Зошто дигиталната трансформација треба да се третира како стратешки сегмент во имплементација на корпоративните стратегии?

Момир Ѓекиќ: Дигиталната трансформација не е додаток на бизнисот – таа е нејзината основа во современиот свет. Компаниите кои го третираат како спореден проект често завршуваат со исклучени системи, неефикасни процеси и пропуштени можности. Успешните компании постојано ги прилагодуваат своите стратегии на дигиталните иновации. Дигиталната трансформација е долгорочен процес, а не еднократна задача. Затоа, важно е да се напомене – дигиталната трансформација нема крај, туку само почеток.

Кои се најголемите грешки кои компаниите ги прават во продажбата?

Гојко Родиќ: Најголемата грешка која компаниите ја прават во продажба е всушност тоа што претприемачите не ја дефинираат нивната „продажна приказна“, односно немаат дефинирано или креирано уникатен концепт или процес за продажба.

Како оваа Бизнис академија ќе им помогне на учесниците да изградат вештини?

Александар Петровиќ: Бизнис академијата е совршено место за стекнување на клучните вештини неопходни за успех во деловниот свет. Учењето не се одвива само преку предавања, туку и преку заедничка работа и размена на идеи меѓу учесниците, што придонесува за подлабоко разбирање на темите. Учесниците, исто така, се здобиваат со вештини за тимска работа, комуникација и критичко размислување, што се непроценливи особини во современиот бизнис. Атмосферата на академијата ја поттикнува креативноста и иновативноста кај луѓето, што му овозможува на секој учесник да се развива на единствен начин. На крајот, стекнатите вештини стануваат основа за иден деловен успех и личен развој.

Момир Ѓекиќ: Академијата ќе понуди практично искуство преку студии на случај, интерактивни работилници и менторство. Наместо само теорија, учесниците на Академијата активно ќе учествуваат во креирањето конкретни планови, а сето тоа со поддршка на експерти и колеги од различни индустрии. На крајот од програмата, учесниците не само што ќе имаат знаење, туку и акциони стратегии што можат веднаш да ги користат.

Првата генерација учесници на ПроКредит бизнис академија, со силна мотивација и ентузијазам за личен и професионален напредок, успешно ја започна програмата со завршување на првиот модул. Им посакуваме многу успех и уште поголема мотивација за следните модули, со уверување дека оваа наша иницијатива за обезбедување нефинансиска поддршка за развој на локалните бизниси ќе продолжи да се реализира и во иднина.

Нашата визија е да придонесеме кон градење одржлива и конкурентна деловна средина во земјата, каде секој претприемач има пристап до знаење, ресурси и поддршка потребна за долгорочен успех.

Од стартап до успешен бизнис – „слатките” предизвици на „Ла Крем“   

Започнувањето сопствен бизнис не е воопшто лесна одлука. Да сте сопственик на стартап значи да излезете од својата комфорна зона, да ризикувате и да вложите многу труд за да изградите нешто свое. Сепак, кога имате идеја што верувате дека може да успее, храброста и посветеноста се најважните вредности на патот кон успехот. Стартапите, како нови и иновативни бизниси, се вистинска можност за реализација на идеите кои можат значително да придонесат за пазарот.  

Во Македонија, стартап културата постепено се развива, но предизвиците се значителни – од недостиг на финансиска поддршка, менторство и потребни алатки за раст и развој. Многу млади претприемачи се соочуваат со прашањето: Од каде да почнам? Одговорот е едноставен – почнете од вашата идеја. Но, патот од идеја до успешен стартап бара многу труд, планирање и поддршка. Токму ова го покажува успешната приказна на „Ла Крем“ кој прерасна во познат бренд за слатки.  

Што значи да создадете свој стартап?  

Стартап е секоја нова компанија, без разлика дали е традиционален бизнис или се базира на иновативен производ или услуга, односно е почетокот на нешто ново и уникатно за пазарот. Сепак, првиот и најважен чекор е идејата. Вашата идеја е основата врз која ќе се гради вашиот бизнис. Но, како да знаете дали идејата е доволно добра? Токму тука започнува процесот на истражување и планирање. 

Одличен пример за успешен стартап во Македонија е токму приказната на „Ла Крем“, бренд кој докажува дека и малите идеи, кога се правилно насочени, можат да прераснат во успешни.  

„Ла Крем“ – пат од идеја до препознатлив бренд  

Приказната за „Ла Крем“ започнува од една желба – да се „оживеат“ старите семејни рецепти што мајката и бабата на основачот Мартин ги подготвувале. Вкусовите од детството биле негова инспирација, а идејата никнала токму од тие традиционални слатки со цел да ги трансформира во модерен и препознатлив бизнис кој ќе ги воодушеви љубителите на десерти. На самиот почеток, Мартин споделува дека неговата „најслатка мака“ беше како да ја претвори замислата во нешто уникатно и посебно. Според него не е доволно само да се создаде одличен производ – тој верува дека неговата љубов и пасија за слатките треба да стигне до вистинските уживатели и да остави траен впечаток.  

Денес, „Ла Крем“ е препознатлив бренд за висококвалитетни торти и колачи во Скопје. За основачот, довербата од клиентите е најважната мотивација да продолжат да креираат вкусови со квалитет и креативност.  

Мартин од „Ла Крем” споделува топ три совети за оние кои размислуваат да започнат сопствен стартап:   

  • Планирајте детално – добриот бизнис план и финансиската анализа се основата на секој успешен бизнис.   
  • Бидете истрајни – со доволно страст и посветеност ќе успеете да ги надминете сите предизвици на патот.   
  • И најважно од сè, барајте поддршка. За Мартин, ПроКредит Банка беше клучен партнер. Финансиската поддршка му помогнала да ја реализира својата визија за „Ла Крем“ да прерасне во бренд.  

Предизвици за стартап бизнисите во Македонија  

Многу млади претприемачи во Македонија имаат одлични идеи, но се соочуваат со сериозни пречки на почетокот. Најчестите предизвици вклучуваат:  

  1. Финансиски тешкотии – Почетните трошоци можат да бидат значително високи, вклучувајќи ги средствата за производство, набавка на опрема, создавање на веб-страница, како и промоција на брендот. За претприемачите кои немаат пристап до почетен капитал или инвеститори, ваквите трошоци можат да претставуваат пречка за реализацијата на нивната идеја. 
  1. Недостиг на менторство и поддршка – Потребна е стручна помош во развојот на стратегијата и финансиското планирање. Она што најчесто недостасува е помошта при дефинирање на стратегијата, финансиското планирање или управување со ризици. Ова ги остава претприемачите сами да ги совладуваат предизвиците, што може да биде демотивирачки. 
  1. Конкуренција – Позиционирањето на пазарот е предизвик, особено кога постојат големи и веќе етаблирани брендови кои имаат стабилни клиенти и препознатливост. Позиционирањето на еден нов бизнис меѓу ваква конкуренција бара внимателно планирање, уникатен пристап и значителни ресурси за маркетинг. Без соодветна стратегија, новиот бизнис ризикува да остане незабележан од потенцијалните клиенти 

Сепак, успешни приказни како „Ла Крем“ докажуваат дека овие предизвици можат да се надминат со добра стратегија, посветеност и вистински финансиски партнери.  

Започнете ја вашата успешна приказна  

Финансиите се клучниот фактор во растот и развојот на секој стартап. Без соодветна финансиска поддршка, дури и најдобрите идеи можат да останат само соништа. Токму затоа е важно да изберете банка која ги разбира вашите потреби како претприемач.  

ПроКредит Банка нуди стартап пакет кој е идеален за нови бизниси. Покрај финансиска поддршка, банката обезбедува и стручни консултации, настани и вмрежувања, како и насоки кои ќе ви помогнат да го развиете вашиот бизнис.  

Приказната на „Ла Крем“ е пример дека успехот е можен дури и во предизвикувачка средина како што е македонскиот пазар со добра идеја, детално планирање, фокус на квалитетот и поддршка од сигурен партнер како ПроКредит Банка

Започнете со вашата идеја, создадете јасна визија и побарајте ја поддршката што ви е потребна.Со стартап пакетот на ПроКредит Банка, добивате стабилен финансиски партнер кој ќе ве поддржи низ целиот процес и ќе ви помогне да одите нагоре низ вашето бизнис патување.  

Дознајте повеќе за Стартап пакетот на ПроКредит Банка

Каков тип на фирма да избереш кога основаш сопствен бизнис

Кога започнуваш бизнис, од клучно значење е изборот на соодветната правна структура, односно фирма. Затоа се обидовме да ти ги поедноставиме најчестите типови деловни субјекти. Ги издвоивме нивните клучни карактеристики и разлики за да ти помогнеме да донесеш информирана одлука.

Тип на фирма – Трговец поединец (ТП) 

Овој тип на фирма е идеален за поединци кои нудат услуги под нивно име, како што се занаетчиите и уметниците. 

Главни карактеристики на ТП

  • Ниски трошоци за почеток: Отворањето на фирма чини околу 50% помалку од другите форми на деловни субјекти. 
  • Пониски годишни надоместоци: Годишниот надоместок за фирмарина е 2000 денари, драстично понизок од оној на другите типови на компании. 
  • Не е потребен почетен капитал: За разлика од ДОО и ДООЕЛ за кои е потребен основачки влог од 5000 евра, трговците поединци го немаат овој почетен трошок.  
  • Флексибилни опции за плата: Сопствениците можат да изберат да ги плаќаат само задолжителните придонеси (46% од платата) или целата бруто плата. 
  • Регрес: Регрес за годишен одмор (К-15) мора да се обезбеди доколку има вработени, но не е задолжително истиот да се уплати за управителот.
  • Лична одговорност: Сопственикот одговара со целиот свој личен имот во случај на долгови или правни прашања. Ова значи дека во случај на оперативни неправилности или судски извршни пресуди, личниот имот може да биде запленет. 
  • Комплексно затворање: Ликвидацијата на фирмата и стечајната постапка може да бидат долги и сложени. 

Тип на фирма – Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ) 

Ова е идеално решение за оние кои започнале како трговци поединци и сега сакаат да го прошират својот бизнис. 

Главни карактеристики на ДООЕЛ

  • Управување и одговорност: Управувано од едно лице кое одговара само со средствата на компанијата. 
  • Повисоки трошоци за основање: Може да се основа или со готовински депозит од 5000 евра или со материјален депозит со еквивалентна вредност (на пр. возила, објекти, опрема). 
  • Повисоки годишни надоместоци: Надоместокот за фирмарина е повисок од оној за Трговец поединец. 
  • Задолжителни исплати на целосна плата: Целата бруто плата мора да се исплаќа месечно без исклучок. 
  • Регрес: Регрес за годишен одмор (К-15) мора да им се обезбеди на сите вработени, вклучувајќи го и менаџерот. 
  • Побрзо затворање: Процесот на затворање на компанијата е побрз во споредба со трговците поединци. 

Тип на фирма – Друштво со ограничена одговорност (ДОО) 

Можност за основање бизнис со еден или повеќе партнери каде сопственоста е поделена на сите основачи. 

Главни карактеристики на ДОО

  • Поделена одговорност: Компанија основана од неколку лица кои споделуваат одговорност којашто е ограничена на средствата на компанијата, а не на нивниот личен имот.  
  • Флексибилни опции за основање: Слично на ДООЕЛ, може да се основа со готовина или материјален депозит од 5000 евра. 
  • Повисоки годишни надоместоци: Надоместоците на компанијата се повисоки, 7000 денари годишно со дополнителна наплата од 2000 денари за секоја подружница. 
  • Задолжителни исплати на целосна плата: Целосната бруто плата мора да се исплаќа секој месец. 
  • Регрес: Регрес за годишен одмор (К-15) мора да им се обезбеди на сите вработени и на управителот. 
  • Побрзо затворање: ДОО компанија е полесно да се затвори во споредба со трговците поединци. 

Тип на фирма – Поедноставено друштво со ограничена одговорност (ПДОО) 

Одлично решение за млади претприемачи со иновативни идеи или поединци и мали групи (до тројца основачи) кои имаат ограничен почетен капитал, но сакаат да започнат бизнис. Воведувањето на овој облик на деловен субјект има за цел да ја намали сивата економија и да ја зголеми конкурентноста на бизнисот. Оттаму, ПДОО има многу заеднички карактеристики со ДОО, но и неколку разлики што го издвојуваат како посебен, различен облик на деловен субјект.

Главни карактеристики на ПДОО што го издвојуваат од ДОО

  • Минимален основачки капитал: Може да се воспостави со минимален капитал од 1 евро во денарска противвредност. 
  • Задолжителна резерва: Друштвото мора да има задолжителна резерва, во која треба да се внесе една четвртина од добивката што е прикажана во годишните финансиски извештаи, намалена за износот на загубата од претходната година.
  • Целосно плаќање пред регистрација: Акциите мора целосно да се платат пред да се регистрира компанијата. 

Изборот на соодветна правна структура зависи од твоите деловни цели, ресурси и можност за толеранција на ризик. Ако ги разбираш опциите што ги имаш на располагање, веќе си чекор поблизу до започнување на твојата авантура во светот на претприемништвото.

За основање на фирма секако ти се потребни овластени правни субјекти, но ние сме тука да ти помогнеме со совети и иновативни банкарски решенија. Следи го нашиот блог каде ќе те водиме низ сите чекори во процесот на започнување на сопствен бизнис. За тоа е тука и нашиот серијал „Бизнис минути” на социјалните мрежи.

 

Сакам да отворам сопствен бизнис, кои се првите чекори?

Ако си тука, веќе сме сигурни дека сакаш да отвориш своја компанија. Честитки, овој чекор е храбар и исполнет со носење на важни одлуки кои ја поставуваат основата за идниот успех во градењето на сопствен бизнис.

На самиот почеток, важно е да знаеш дека си на вистинското место, затоа што ПроКредит банка повеќе од 20 години ги поддржува малите и средните претпријатија, што ни дава кредибилитет, знаење, експертиза и искуство да креираме решенија коишто се адаптирани за претприемачите како тебе.

Знаеме дека започнувањето и водењето на сопствен бизнис е предизвик од многу аспекти и после идејата за остварување на сопствен бизнис, следуваат првите прашања кои често ни доаѓаат на ум, како на пример: Како се основа една фирма? Дали јас можам да бидам основач? Кои се условите? Како и каде да се регистрирам?

Што треба да знаеш пред да отвориш сопствен бизнис?

Еден од првите чекори е да разбереш кој всушност може да основа компанија и каква правна структура најдобро ќе одговара на потребите. Во овој блог пост, ќе се обидеме да ви одговориме на овие прашања.

Основач на фирма може да бидe домашнo и странскo физичкo или правнo лицe. Тоа значи дека секој македонски државјанин или странско лице може да регистрира компанија кај нас.

Важно е да се знае дека процесот на основање, отворање на фирма или регистрација на трговско друштво, се спроведува од овластен регистрационен агент (адвокат) кој по електронски пат ги доставува потребните документи до Централен регистар на Република Северна Македонија:

  • Договор или изјава за основање
  • Фотокопија од документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • Доказ за уплата на паричен влог
  • Одлука за избор на управител

За да може да се основа компанија треба да се има и минимален основачки влог, кој се разликува во зависност од тоа за каква правна форма станува збор.

Каква форма на сопствен бизнис сакаш да основаш?

Доколку станува збор за ДОО или ДООЕЛ потребна минимална главнина е минимум 5 000 евра во денарска противвредност или непаричен влог во истата вредност. ДОО односно друштво со ограничена одговорност е кога основачи на фирмата се 2 или повеќе лица и тие одговараат ограничено со својот имот, додека доколку едно лице е основач станува збор за ДООЕЛ.

ТП или трговец поединец е фирма исто регистрирана од едно лице, со што разликата со ДООЕЛ е што кај ТП нема основачки влог и сопственикот / трговецот одговара целосно со својот имот без ограничување.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва бр. 251/2021 објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ на 16.09.2021г.  предвидена е нова форма на друштво – Поедноставено друштво со ограничена одговорност или скратено ПДОО.  Доколку се регистрира оваа форма на правно лице, минимален влог е 1 евро и не може да биде основано од повеќе од 3 лица.

ПДОО – решение за младите претприемачи

Целта на законските измени и воведување на оваа правна форма е да се овозможи основање на друштва со минимален износ на основачки капитал, за категоријата на граѓани кои сакаат да започнат сопствен бизнис, но немаат доволно финансиски средства за основање на Друштво со ограничена одговорност каде основачкиот капитал е 5000 евра.

Со ова се дава можност за започнување на бизнис со минимален износ на основачки капитал, со што би се зголемила можноста за основање на друштва од млади лица со иновативни идеи, кои не располагаат со почетен сопствен капитал, а од друга страна, би се зголемила конкурентноста и би се намалила сивата економија во државата.

Започнувањето на сопствен бизнис е навистина голем чекор, но важно е да ги разбереш основните работи. Познавајќи ги основите, веќе започна со донесување на паметни одлуки.

За тековни совети и информации, следи го нашиот блог каде ќе те водиме низ процесот на започнување на сопствен бизнис, заедно со серијалот „Бизнис минути” на ПроКредит Банка на социјалните мрежи.

Банкарска поддршка за вашиот бизнис

За секоја компанија, обезбедувањето на банкарска поддршка за вашиот бизнис е една од најважните одлуки кои треба да се донесат. Банката не е само место каде што ќе ги чувате вашите пари и ќе ги правите секојдневните транскации, туку и клучен партнер со чија поддршка вашиот бизнис ќе расте и ќе се развива.

Во светот на бизнисот, денес од непроценлива важност за секое претпијатие е да може да ѝ верува на својата банка, која воедно за секој претпримач претставува столб на сигурност, не само поради финансиските услуги кои ги нуди, туку и поради своето искуство, знаење и доверливост. 

Малите и средни претпријатија се клучен фактор за економскиот развој и обезбедување на работни места во секоја економија. Но, за да успеат во својата дејност и да се развиваат, тие имаат потреба од финансиска и консултантска банкарска поддршка.

Покрај финансирање на проектите, банката може значително да им помогне на претпријатијата да ги идентификуваат своите потреби и да развијат бизнис план, да ги едуцира како да ги подобрат процесите, да ги советува за идни инвестиции,  да ги оптимизираат своите трошоци и приходи, да ги искористат можностите за иновации и дигитализација. За малите и средни претпријатија е од клучно значење е да имаат банка од доверба која е тука за нив, која ги слуша и со која можат да градат долгорочна соработка.

Прашања кои секоја компанија треба да си ги постави

Секој сопственик на компанија пред да ја донесе конечната одлука за обезбедување на банкарска поддршка, односно банкарски партнер, потребно е да истражи и да обрне особено внимание на неколку важни сегменти на услуги кои ги нуди една банка која ве разбира. Со тоа ќе добие одговори на важни прашања кои се однесуваат на опции за финансирање, штедење, висина на каматните стапки, искуството на банката со мали и средни претпријатија, иновативни проекти кои ги финансирала банката, дигиталните можности, грижата за корисниците, како и репутацијата на самата банка и нејзиното искуство во работењето со компании од дадената индустрија.

Но, она што секој претприемач особено го интересира и што најмногу влијае врз одлуката за избор на банка, е колку таа ќе биде партнер од доверба, кој своето обемно искуство безрезервно ќе го споделува, и аргументирано во вистинските моменти ќе советува во поглед на сите сегашни и идни планови на компанијата.

Банкарска поддршка за Б2 Солушн

Таков пример за доверба и успешност е долгорочната соработка на претпијатието Б2 Солушн со ПроКредит Банка. За оваа плодна соработка и сéвкупното искуство со ПроКредит Банка, главниот извршен директор и основач на Б2 Солушн Венцо Ѓоргиевски вели:

Во клучните фази на развој на нашата компанија, имавме потреба од партнер кој ќе ја разбере нашата визија и ќе не поддржи во нејзина реализација, како што искусен алпиниста ставен на Хималаите да го искачува Монт Еверест има потреба од кислород поради реткиот воздух на височините.

Во тој период во нашата компанија се појави ПроКредит Банка кои ни ја донесоа неопходната боца на кислород –  тоа беше моментот кога понатаму можевме да направиме исчекор, затоа што ни се разјасни целата стратегија. На почетокот беа многу трпеливи, внимателно нé слушаа, нé разбраа и ги финансираа нашите проекти од минатото, за да можеме уште посигурно да чекориме напред.

Тоа што за нас е особено важно е што ПроКредит ги одобрува добрите работи, а за оние работи кои што не се доволно квалитетни, нé советуваат да размислиме уште еднаш. Поради сите овие причини ПроКредит Банка е нашиот стабилен партнер кој што ни дава сигурност да грабиме кон напред.“

Довербата со банката како клучна компонента за успешност

Банките кои се фокусирани на одговорно работење и развој на економијата, односно банка која ве разбира, има систематизиран пристап во поддршка и развој на бизнисите кои претставуваат клучен двигател во општеството. Сопствениците на малите и средните претпријатија сметаат дека е особено важно да и веруваат на банката и нивните идеи и планови да бидат сослушувани од банката, а за возврат очекуваат аргументиран фидбек со совети за идни насоки во нивното работење.

Зад секој бизнис треба да стои банка која ќе претставува столб на сигурност и со своето севкупно искуство, знаење и квалитетна услуга ќе гради долгорочно партнерство кое ќе резултира со заеднички успех и развој на економијата.

Поддршка за стартап бизнисите – интервју со Ана Николова

Искуството кое банките го имаат со малите и средните претпријатија е додадена вредност со која тие можат значително да придонесуваат за економскиот развој и иновациите во општеството. Ова искуство е особено драгоцено за младите стартап бизнисите. Тие ги прават своите први чекори во светот на бизнисот создавајќи иновативни производи и услуги кои го туркаат општеството напред.

Иако на почетокот, како нови играчи на пазарот, стартапите редовно се соочуваат со низа предизвици, сепак нивниот висок потенцијал за раст многу добро го препознаваме во ПроКредит Банка. Веќе 20 години посветено работиме на развој на локалната бизнис заедница и преку своите професионални услуги постојано привлекуваме прогресивни компании. 

Во ова интервју нашата колешка Ана Николова, директор на филијалата за мали претпријатија зборува за тоа како во ПроКредит Банка одиме чекор понапред и нудиме поддршка на овие млади и смели претприемачи.

Ана Николова - поддршка за стартап бизнисите

Како ја согледавте потребата за поинтензивна соработка со стартап бизнисите?

Веќе 20 години главна мисија на ПроКредит банка е поддршка на бизнис заедницата со фокус на малите и средни претпријатија. Тоа искуство од долги години во кои внимателно ги слушавме нашите клиенти нé научи како успешно да ги препознаваме потребите на младите компании, да можеме да одговориме со соодветни услуги и поддршка, како во делот на кредитирањето, така и во делот на платниот промет, но исто така и советодавно и едукативно во насока на развој на успешен и одржлив бизнис модел.

Препознавајќи ги тековните трендови и модерните форми на претприемништво кои носат големи можности за нашето општество, го шириме портфолиото на услуги со стратешки пристап и кон стартапите.

Стартап компаниите се од суштинско значење за економијата и во нив ја гледаме иднината. Овие млади, храбри компании со уникатни идеи за развој на производи ги решаваат проблемите што ниту еден друг сектор не ги решава, со иновативно размислување го туркаат општеството напред додека создаваат работни места, ја стимулираат економијата и привлекуваат странски инвестиции. Во нашата земја гледаме голем потенцијал со млади квалитетни кадри кои имаат добри и храбри идеи да развиваат бизниси.

Како банка која во центарот на своето делување го става позитивното влијание во општеството во кое работиме ја препознавме потребата да дадеме и наш личен придонес кон оваа заедница, која кај нас сé уште е во развој.

Целта е да се едуцираат младите ентузијасти како да започнат и управуваат со својот бизнис, особено во областа на финансиите и одржливото работење кои се од клучно значење за долгорочен успех. Тоа сакаме да го направиме преку споделување на нашето знаење, олеснет пристап до финансиски услуги и понатаму, со мрежата која ја поседуваме да им овозможиме на стартапите вмрежување од аспект на нашето регионално присуство со сестринските банки во регионот.

Што нудите во вашиот специјален пакет за стартап бизнисите?

Пакетот за стартап бизниси опфаќа комплетно бесплатно работење со банката во делот на домашниот платен промет, бесплатно одржување на сметка и бесплатни трансакции, како и конкурентни цени за меѓународниот платен промет. Сите компании кои нудат иновативни решенија на пазарот и имаат потенцијал за понатамошен развој може да го користат стартап пакетот во првите 2 години од нивното основање.

Што е особено важно и ценето од новоформираните компании и претприемачите кои за прв пат започнуваат бизнис, во рамките на овој пакет секој стартап добива и одговорен советник за бизнис клиенти кој овозможува лесен пристап и комуникација на клиентите со банката. Практично, на овој начин стартапите како да добиваат уште еден човек во тимот кој ќе се грижи работењето со банката да биде лесно и ефикасно.

За која индустрија се најсоодветни овие банкарски услуги?

Следејќи ги локалните трендови во домашната економија, податоците за новоформираните компании велат дека 30% од стартап бизнисите се домашни компании од ИТ индустријата и услужни дејности, па затоа нашиот најголем фокус е свртен кон нив. Самиот факт што банката е високо-дигитализирана, од друга страна нуди дополнителна вредност за прогресивните ИТ претприемачи кои бараат партнер кој го разбира нивниот јазик и нуди комплетна, брза, сигурна и квалитетна услуга.

Имајќи го предвид фактот дека најголем дел од овие компании се извозно ориентирани, за стартапите од голема корист е и нашата уникатна можност за автоматизирна распределба на приливите од странство, што го прави процесот на соработка со банката уште поефикасен.

Освен со Стартап пакетот, дали нудите дополнителна поддршка за стартап заедницата?

Оваа заедница во нашата земја значително се развива во изминатите години, но сепак доколку споредиме со тоа што се случува во соседна Србија и ЕУ земјите од регионот, има уште многу работи кои може да се подобрат.

Едукација, менторство, вмрежување

Ние како чинител кој може значајно да придонесе во подобрување на работењето на стартапите, ја проширивме нашата поддршка и во поголеми размери на општествената одговорност. Поддршката на стартап заедницата не мора да се прави само преку директно финансирање, туку исто толку значајно е и едукација, менторство, споделување на нашето знаење, вмрежување на компаниите и отворање на нови пазари и можности што ќе овозможи зголемување на стапката на стартапи кои ќе преживеат и понатаму ќе се развиваат.

Hive Room

Разбирајќи ги потребите на модерните професионалци, и препознавајќи ги стартапите и фриленсерите како двигатели на модерното време, ја започнавме и приказната со Hive Room што претставува коворкинг простор чија цел е обезбедување место за размена на идеи и знаења и креирање на силна заедница која ќе донесе позитивни промени и ќе поттикне развој на нашето општество.

Hive Room поддршка за стартап бизнисите

Hive Room е достапен бесплатно за сите стартапи и фриленсери во нашата земја кои имаат потреба од простор за работа, а во иднина очекуваме да го прошириме на повеќе локации со цел да поддржиме уште поголем дел од заедницата.

Хакатон

Минатиот месец ја дадовме и нашата целосна поддршка на хакатонот за одржливи бизнис идеи – Стартап викенд Скопје, кој  на наше големо задоволство се одржа токму во Управната зграда на ПроКредит банка со што сакавме и симболично да им ги отвориме вратите на овие млади ентузијасти и да споделиме дел од нашето знаење преку менторски сесии.

Победниците на овој хакатон ќе имаат ексклузивна можност да добијат менторска програма за изработка на бизнис план водена од искусни професионалци од ПроКредит банка, што е прв чекор во градењето на успешен бизнис.

Решенија за одржливост на стартап бизнисите

Би рекла дека ова е само почеток и дека оваа приказна уште повеќе ќе се развива понатаму. Особено важен ни е фидбекот од претприемачите и стартап компаниите за да можеме понатаму да ги развиваме услугите кои можеме да ги понудиме кон нив, а со тоа и да го поддржиме нивниот развој и одржливост на долг рок.

Од нив и ние учиме за потребите и за пазарот кој многу брзо се менува, ги следиме регионалните и светските пазарни трендови во нивната индустрија и севкупното знаење го посветуваме на градење на успешни приказни. За нас односот со клиентите е секогаш двонасочна комуникација.

Дали оваа иницијатива ја гледате како стратегија на долг рок?

Секако, веќе имаме и визија како нашиот придонес кон оваа заедница да го продолжиме и во насоки на редовни едукации, комуникации со експерти, работилници и останати активности кои цениме дека се нужни за поддршка и раст на оваа заедница.

Нашето досегашно искуство со стартапите секако дека ќе продолжи да се збогатува, а со тоа ќе се развиваат и нашите услуги. Спремни сме да ги следиме и поддржуваме стартапите во сите фази, од идеја, преку валидација и скалирање, до нивната зрелост.

ПроКредит е банка која сака предизвици, која се стреми кон одржливост на долг рок и која цврсто се држи до својот постулат на одговорност. Можеби го избираме потешкиот пат, но сепак, со соодветна анализа и со осознавање на нашите клиенти слушајќи ги нивните потреби, креираме вистински решенија за предизвиците со кои тие се соочуваат, инвестираме во нивниот развој, а со тоа придонесуваме и за раст на локалната економија.

Неодамна одбележавме јубилеј – 20 години пример за одговорност на ПроКредит Банка, и сигурно дека продолжуваме во тој правец со целосна посветеност кон нашите клиенти и нивниот пат на градење на успешен бизнис.