Фриленс пакет за современи професионалци

ПроКредит банка, како модерна дигитална банка, нуди целосна флексибилност на своите клиенти и пристап до услугите од било кое место и во било кое време, уживајќи го комфорот на нивниот дом, канцеларија или кафуле – некаде каде тие лично го поминуваат својот ден, без специјална посета на банка и чекање во ред. Овој прогресивен и иновативен модел на работа на банката се поистоветува со животниот стил и потребите кои ги наметнуваат современите професии, па така ПроКредит е првата банка во земјата што ја препозна уникатноста на фриленсерите и нивните финансиски предизвици со единствениот фриленс пакет.

Што нуди новиот Фриленс пакет?

Со воведување на новиот Фриленс пакет, ПроКредит нуди финансиски решенија и поддршка за младите луѓе кои вообичаено работат за странски пазар, со примања од странство. Станува збор за специјално дизајнираната понуда која ги задоволува потреби на современите професионалци и која е вистински избор за сите кои преферираат модерно, дигитално работење.

Тоа што е основа на Фриленс пакетот е електронското и мобилно банкарство на банката, кое со своите можности и функционалности овозможува вршење плаќања како во рамките на земјата, така и во странство, со само еден клик преку мобилен телефон. Дополнително, преку Зоната 24/7, фриленсерите имаат можност да вршат уплата и исплата на средства од својата сметка, денари и евра во било кој период од денот, било кој ден од неделата. Сето ова го овозможува нашата мултивалутна картичка која ги задоволува потребите на клиентите кои претпочитаат работење со различни валути. На овој начин, им овоможуваме на фриленсерите да ги користат девизните приливи  од нивната сметка директно на банкомат и без курсни разлики.

Едноставни приливи од странство

Покрај едноставниот начин на правење на трансакции, од друга страна дополнителна придобивка од пакетот за фриленсери е можноста за потпишување трајна изјава за спуштање приливи од странство, што значи дека клиентот треба само еднаш да дојде во банка и понатаму сите останати приливи автоматски ќе се спуштаат на личната сметка. Со тоа банката овозможува флексибилност, слобода и заштеда на време, за разлика од досега познатата традиционална пракса за посета на банка при секој пристигнат прилив. Право на трајна изјава има секој фриленсер што ќе приложи договори дури и со различни клиенти, но по ист основ за извршување ист тип на дејност.

Поддршка од личен советник

Нешто што особено сакаме да го издвоиме како важно е дека клиентите иако работат преку дигиталните канали, имаат директна релација со личен советник за клиенти кој ги води низ банкарскиот процес и дава целосна поддршка во донесување информирани финансиски одлуки согласно личните потреби и финансиски можности на секој клиент индивидуално. Личниот банкарски советник е тука за клиентот да се чувствува пријатно во процесот на започнување на деловна соработка со банката, како и во текот на целиот процес на работење. За нас е главен приоритет да бидеме банка партнер со која клиентите ќе градат долгорочна соработка.

Можност за кредит

Препознавајќи ги потребите на овие млади професионалци кои се во фаза од животот кога имаат потреба за одредена инвестиција, ПроКредит банка нуди можност за добивање и на кредит, како што е кредит за инвестиции, автомобилски кредит или станбен кредит, за клиенти кои работат за странство и имаат редовни месечни примања. Право на аплицирање за кредит остварува секој фриленсер од Македонија, кој има отворена сметка во ПроКредит банка и има доказ за историја на работен ангажман со кој се потврдува континуиран прилив не пократок од шест месеци.

Флекси штедна сметка

Исто така, како уникатна понуда што ја има банката е и производот Флекси штедна сметка која на клиентите им нуди можност за континуирано штедење по видување со атрактивни каматни стапки во денари и во Евра и достапност на своите заштеди во било кое време. Флексибилноста на производот е во тоа што клиентите го одредуваат износот за штедење како и периодот за кое време средствата ќе ги чуваат и акумулираат на штедната сметка. Сигурноста и достапност во секое време им дава можност во секое време да си ги  планираат правењата на идните инвестиции или пак доколку имаат потреба орочување на средствата на подолги рокови преку одбирање на производот стандардно орочен депозит.

Како да аплицирате за Фриленс пакет?

Начинот на отварање на пакетот на услуги е многу брз и едноставен. Се што треба да направите е да ја посетите нашата веб страна, да го одберете делот “Аплицирај за сметка онлајн”, внесете ги вашите податоци и очекувајте повик во рок од 24 часа од нашиот Советник за клиенти со цел да добиете детални информации за целата соработка. Одберете банка која го следи вашиот ритам и ве поддржува во секој чекор, за да можете безгрижно да се фокусирате на развојот на вашата кариера и да уживате во вашиот слободен животен стил.

Како да отворите бизнис сметка онлајн

Зошто ви е потребно да отворите банкарска сметка онлајн? Во денешниот брз дигитален свет, бизнисите од сите големини сѐ повеќе се свртуваат кон решенија за онлајн банкарство за да ги оптимизираат своите финансиски операции. Додека традиционалните банкарски методи стануваат помалку ефикасни во исполнувањето на барањата на модерната трговија, онлајн банкарството нуди неспоредлива удобност, безбедност и контрола. Но, зошто токму на бизнисите им се потребни овие дигитални решенија?

Дигиталните решенија нудат погодност и пристапност за управување со финансиите во секое време, насекаде, без потреба од посета на физичка филијала. На овој начин се заштедува време, средства, а и трошење на ресурси со што се обезбедува позитивно влијание врз животната средина. Дополнителни големи предности на користењето дигитални банкарски решенија се можноста за следење на трансакциите во реално време со моментален пристап до салдо и историја на трансакции, како и пристапот до посветени услуги за поддршка и ресурси прилагодени за деловните потреби.

Изберете дигитално напредна банка

Токму затоа, при избор на финансиски партнер со кој ќе започнете соработка, клучен фактор треба да бидат дигиталните можности и решенија кои ги нуди банката, со цел брзо завршување на сите банкарски операции 24/7, без разлика каде се наоѓате. Банката на која ќе ѝ ја дадете својата доверба, треба да биде ваш партнер на кој можете да се потпрете.

Во ПроКредит Банка, разбираме дека вашето време е најскапиот ресурс. Затоа нудиме онлајн платформа за отворање на сметки – без разлика каде се наоѓате и во секое време. Нашата онлајн платформа е лесна за употреба, но уште поважно нуди највисок степен на безбедност. Тоа значи дека можете да бидете сигурни дека вашите лични и финансиски податоци секогаш ќе бидат безбедни.

На овој начин ќе го заштедите вашето ограничено време и ќе го инвестирате на суштински важни работи за вашиот бизнис, како развивање на нови идеи, иновации и практики кои ќе придонесат кон позитивно влијание во општеството.

Доколку сè уште не сте започнале соработка со нашата дигитална Банка, одличен почеток е токму онлајн отворањето на сметка.

Кој е процесот за отворање сметка онлајн?

Со внесување на само неколку основни податоци и документи, можете да отворите платежна сметка. Со неа имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата и странство и пристап до останатите услуги на Банката. Исто така, иамте можност да добиете поддршка од Личен банкарски советник кој ќе ви помогне во целосната работа на вашиот бизнис.

Што треба да направите? Посетете ја нашата web страна, одберете го делот – „Аплицирајте за сметка онлајн“, внесете го името на вашата компанија, годишниот обрт и контакт информација. Потоа, прикачете ги основните документи –  Тековна состојба, Тековна состојба за вистински сопственик, Образец на заверени потписи и лична карта од законскиот застапник и сопственикот/сопствениците.

Со еден клик, вашата апликација за отворање на платежна сметка ќе биде регистрирана од наша страна, а ние веднаш ќе пристапиме кон процесот на отворање на вашата платежна сметка. Во рок од 24 до 48 часа ќе бидете контактирани да ја посетите најблиската филијала за идентификација и потпис. Дополнителна можност која ја нудиме во ПроКредит Банка е и достава на договорите до вашата службена адреса, што дополнително ќе ви заштеди време.

Со отворањето на платежна сметка во ПроКредит Банка, веднаш добивате пристап до нашата широка понуда на производи и услуги. Нудиме конкурентни фиксни провизии за платен промет во земјата и странство, единствена можност да штедите флексибилно со фер каматни стапки и неограничена достапност на вашите средства,  како и широка палета на кредитни производи за поддршка на вашиот бизнис. До сите овие услуги можете да пристапите електронски, преку нашето електронско банкарство и порталот за електронско потпишување на документи.

Кој сѐ може да користи онлајн банкарски услуги?

Оваа понуда, без разлика дали сте стартап, мало, средно или големо претпријатие, ви овозможува брз и едноставен пристап до вашите финансии во секое време. ПроКредит Банка на располагање ви нуди 24/7 зони каде може да се изврши уплата на платен промет 24 часа –  за време на државни празници, викенди и останати неработни денови.

Секој клиент на ПроКредит Банка може да ги користи услугите во зоните 24/7 и тоа: уплата и исплата на денари и евра, уплата на кованици, уплата на дневен промет на банкомат или во сеф за дневен промет, печатење изводи и слично. Влезот во зоните по работното време на експозитурите е со валидна дебитна или кредитна картичка.

За сите прашања и совети поврзани со нашите услуги на располагање ви стои нашиот Контакт Центар или вашиот Личен банкарски советник.