Содржина
Секој прилив од странство може да го распределиш веднаш на твојата сметка
Пред да започнеме со образложение на овој навидум комплексен термин и начинот на кој се користи, да се запознеме со основната дефиниција: Меѓународен платен промет всушност претставува збир на методи, инструменти и правила со кои се извршуваат плаќањата меѓу луѓето, претпријатијата, финансиските институции и други организации со седиште во различни држави.
Доколку прв пат се соочувате или имате потреба од користење на услугата за меѓународни плаќања т.е прилив од странство како хонорарец, сопственик на бизнис во странство или некој кој управува со инвестиции, тука сме да се погрижиме примањето пари од странство да е брзо, едноставно и без стрес.
Приливи за странство – како функционираат?
Меѓународното плаќање се случува кога добивате пари од некој надвор од вашата земја, без разлика дали станува збор за услуги, стоки или инвестиции. Овие трансакции се обработуваат преку банкарскиот систем и вообичаено се спроведуваат со помош на SWIFT технологијата, која обезбедува сигурни и брзи трансфери.
Меѓународниот платен промет може да се врши помеѓу резиденти и нерезиденти, т.е. наплата од нерезиденти односно приливи. Трансакциите помеѓу резиденти и нерезиденти се слободни освен ако Законот за девизно работење не предвидува поинаку и се вршат преку единствени тековни трансакциски сметки, и сите трансакции мора да се евидентираат преку трансакциска сметка.
Наплати и плаќања во девизи меѓу домашни физички лица-резиденти, не се дозволени.
Како се процесираат приливите од странство?
Приливите од странство, се вршат со вообичаените инструменти на меѓународниот платен промет (дознака, акредитив, чекови и др. инструменти на безготовинско плаќање) како и наплата од нерезидент во ефективни странски пари.
Банката ја обработува наплатата во ефективни странски пари истиот ден кога корисникот на наплатата – резидентот ќе ги уплати ефективните странски пари. Се пополнува образец 743 со инструмент 7.
Истовремено корисникот на наплата на банката и ги доставува потребните документи согласно со „Одлуката за услови под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакции со нерезиденти„ како и податоци за одобрување на неговата тековна сметка.
Брза и транспарентна испорака на информации преку SWIFT технологијата
Важно е да знаете дека меѓународните приливи се извршуваат преку:
- Тековна сметка во странска валута на банката во странство
- Тековна сметка во странска валута на банката во Р.С.Македонија
Приливите преку се вршат со употреба на технологијата на SWIFT. Доколу пристигне девизен прилив за клиент кој нема отворено сметка во валутата во која што е пристигнатиот прилив, стручниот за платен промет иницира електронска комуникација преку која го известува клиентот во рок од 5 работни дена да ја отвори сметката во валутата во која што е пристигнат девизниот прилив.
За пристигнатиот прилив од странство, ПроКредит банка го известува корисникот на наплата најдоцна наредниот ден од приемот на покритието на девизниот прилив. За постигнување на поголема транспарентност како и достава на побрза информација за наплатата од странство, ПроКредит банка ви испраќа автоматско известување во текот на работниот ден за сите клиенти за кои има пристигнат прилив.
За физичките лица кои имаат доставено е-маил известувањето го праќа на е-маил адресата, а за правните во поштенското сандаче на електронското банкарство.
Воедно, ПроКредит нуди можност за автоматско извршување на приливите каде клиентите во овластувањето го наведуваат генералниот основ или пак ги наведуваат Ино-партнерите и основот според кој го добива приливот од нив. На овој начин клиентите ја овластуваат банката во нивно име и за нивна сметка да ги изврши приливите. Приливот врз основа на генерално овластување се извршува од страна на одделот за платен промет.
Време за обработка на пристигнати приливи
Сите приливи добиени преку swift со валута ист ден, банката ќе ги процесира во тековниот ден. Приливите со идна валута ќе се процесираат на датумот на валутата назначена во swift пораката. Приливите добиени од странски банки со кои имаме разменето клуч (RMA), а немаме воспоставено коресподентни односи, ќе се процесираат на денот кога ќе пристигне приливот на ностро сметката во странската банка и за истото ќе добиеме информација на извод на странската банка- МТ 950.
Кои документите ќе ви бидат потребни?
За да се процесираат меѓународните плаќања, треба да знаете ѝ кои документи ви се потребни однапред. Во зависност од видот на плаќање, ги наведуваме документи кои може да ви се потребни:
1. Прилив по основ на директни инвестиции означува прилив на сметка на резидент од нерезидент по основ на дивиденди и други добивки од вложување на резиденти во странство.
Резидентот доставува: Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија за извршен упис во регистарот на директни инвестиции на резидентите во странство
2. Прилив по основ на портфолио инвестиции означува прилив врз основа на продажба на хартии од вредност.
Резидентот доставува: Налог за продажба/извештај од продажба на хартии од вредност во странство; Договор со кој се уредува односот со овластениот учесник на пазарот од хартии од вредност/овластениот учесник на странска берза или странски организиран пазар на хартии од вредност или друг документ со кој може да се потврди трансакцијата;
3. Прилив по основ на недвижности во сопственост на резидент означува прилив на сметка на резидент од нерезидент по основ продажба на недвижност во странство во сопственост на резидент.
Резидентот доставува: Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија за извршен упис во регистарот на недвижности на резиденти во странство
Управување со различни видови на меѓународни трансакции
Наплатата од странство може да биде по основ на:
1. Тековни трансакции се трансакции помеѓу резидент и нерезидент чија цел не е трансфер на капитал, туку плаќањата и трансферите за тековните трансакции вклучуваат:
- пристигнати плаќања врз основа на размена на стоки и услуги, како и вообичаените краткорочни банкарски инструменти за плаќање и кредитните инструменти кои се поврзани со размената на стоки и услуги;
- пристигнати плаќања на камата по кредити и на нето доход од други вложувања;
- отплата на умерен дел на кредити или амортизација на директни инвестиции и умерени дознаки за семејни животни трошоци.
2. Тековни трансакции помеѓу резидент и нерезидент по основ на freelance во вид на хонорар за извршена услуга по електронски пат.
- Овој вид на прилив може да пристигне од физичко лице со македонски адресни податоци за кое потоа се бара доказ дека е од трансферна куќа и договор за работа со истата, или истиот може да пристигне директно преку трансферната куќа и да се достави само договорот за работа.
3. Капитални трансакции се трансакции помеѓу резидент и нерезидент чија цел е трансфер на капитал и тоа:
- Директни инвестиции
- Вложување во недвижност
- Работи со хартии од вредност
- Трансакции со документи за удел во инвестициони фондови
- Кредитни работи
- Емства и Гаранции
- Вложување во инвестициско злато
- Депозитни работи
- Трансфери кои произлегуваат од животно и кредитно осигурување
Приливите се извршуваат согласно правилата за извршување на меѓународен приливен трансфер во упатството (од НБРСМ за начинот за вршење на платниот промет со странство) за начинот за вршење на платен промет со странство, каде корисникот во рок од 5 работни дена и ги доставува на банката сите потребни податоци за одобрување на неговата девизна с-ка.
Доколку сакате уште денес да го поедноставите процесот на примање приливи од странство, запознајте се подетално со понудата на ПроКредит банка на следниот линк.