Содржина
Анализа што треба да ја направите пред да земете кредит за развој на вашиот бизнис
Кога размислувате за кредит за развој на вашиот бизнис, важно е да донесете информирана одлука која ќе се темели на детална анализа на вашите деловни потреби и финансиски капацитет. Ваквиот кредит може да биде клучен за растот на вашиот бизнис, но потребно е правилно планирање за да се избегнат можни ризици и непредвидени трошоци. Во овој текст ќе ги разгледаме основните аспекти што треба да ги анализирате пред да аплицирате за кредит.
Усогласување на намената на кредит за развој со неговата рочност
Кога планирате да земете кредит за развој на вашиот бизнис, важно е да ја разгледате намената на средствата и времетраењето на ефектите што тие ќе ги имаат врз вашиот бизнис.
- Анализа на потребите: Прво, утврдете ја конкретната намена на кредитот, било да е тоа за инвестиции, обртни средства, или други потреби.
- Проценка на времетраењето на проектот: Времетраењето на проектот или активноста за која се бара кредитот треба да биде во согласност со рочноста на кредитот.
Различните видови на проекти бараат различни рокови на отплата, со цел да се обезбеди финансиска стабилност и оптимален поврат на инвестицијата:
Ако планирате долгорочни инвестиции, како што е купувањето на недвижности, изградба на нови деловни простори или набавка на опрема што ќе ја користите повеќе години, препорачуваме рокот на кредитот да биде долгорочен.
За трајни обртни средства (среднорочен ефект на бизнисот), како што се обртни средства за модернизација на бизнисот или проширување на производните капацитети, наша препорака за рок на кредит е да биде среднорочен со рок на отплата до три години.
Во случај на краткорочни потреби, како што е финансирање на ликвидносни гапови или сезонски активности, погодни се краткорочните кредити со рок на отплата до 12 месеци.
Одбирање на соодветниот тип на кредит за развој
Кога барате соодветен кредит за развој на вашиот бизнис, од суштинска важност е да го изберете тој кој најдобро одговара на целта за која ќе ги користите средствата. Па така:
Јасно дефинирајте ја намената на кредитот: Прво и основно, идентификувајте зошто ви е потребен кредитот. Дали планирате да купите нова опрема, да инвестирате во недвижности, обртни средства или да финансирате одреден проект. Различните намени бараат различни видови на кредити, а вашиот избор треба да се темели врз основа на намената за која се користи.
- Долгорочен кредит на рати со вклучен грејс период* е идеално решение ако инвестицијата што ја планирате ќе почне да носи приходи по одреден период. На пример, ако градите нов објект кој ќе биде готов за шест месеци, грејс периодот ќе ви овозможи да ги покриете само каматите додека објектот не почне да генерира приходи.
- Нерегуларен план за отплата е кредит за развој создаден за сезонски бизниси кои во текот на годината имаат различна динамика и капацитет на работење. Ако вашиот бизнис, на пример, генерира најголеми приходи во летните месеци, отплатата може да биде прилагодена на тие периоди. Овој тип на нерегуларен план на отплата се дефинира индивидуално согласно динамиката на работа на вашиот бизнис.
- Кредити со еднократна отплата најчесто се користи за финансирање на краткорочни проекти, особено кога однапред знаете дека ќе ги добиете средствата за отплата на крајот од проектот.
- Флексибилно користење на средства во форма на кредитни линии, минусни салда се идеални за компании со чести, но непредвидливи потреби за финансирање, како што е одржување на ликвидносен гап, редовни набавки и за финансирање на обртни средства.
*Што треба да знаете за грејс периодот?
Грејс периодот претставува временски интервал од моментот на исплатата на кредит за развој до почетокот на неговата отплата. Овој период е особено корисен за нови бизниси, бидејќи им овозможува да започнат со генерирање приходи пред да започнат со враќање на кредитот.
Клучни аспекти:
- Договорен временски период: Времетраењето на грејс периодот се договара со банката и може да варира од неколку месеци до неколку години, во зависност од условите на кредитот.
- Без отплата на главнината: Во овој период обично не се плаќа главнината, а во некои случаи се плаќаат само каматите.
- Редовна отплата: По завршувањето на грејс периодот, започнува редовна отплата на кредитот, која ги вклучува главнината и каматите.
Внимателно анализирајте колку време ќе биде потребно за инвестицијата да почне да генерира приходи. Ова ќе ви помогне за да го одредите соодветниот грејс период.
Проценка на финансискиот капацитет за враќање на кредитот со период на отплата
Пред да подигнете кредит за развој, важно е да направите детална анализа на вашиот финансиски капацитет за враќање на средствата и да го изберете соодветниот период на отплата.
- Направете проценка на паричните текови: Анализирајте ги вашите тековни и проектирани парични текови. Ова значи да ги анализирате сите приходи и расходи на вашата компанија за да утврдите дали ќе имате доволно средства за редовно отплаќање на ратите.
- Изработете детален буџет: Изработете буџет кој ќе ги вклучи сите трошоци поврзани со кредитот, како што се каматите, главницата и дополнителните трошоци (на пример, административни такси). Ваквиот буџет ќе ви даде јасна слика за финансиските предизвици и ќе помогне да избегнете непланирани финансиски тешкотии.
- Изберете соодветен период на отплата: Изберете рок на отплата кој одговара на вашите финансиски можности:
- Долгорочни кредити имаат пониски месечни рати, но може да значат поголеми вкупни трошоци за камати: Овој кредит за развој е наменет за финансирање на фиксни средства (долгорочна инвестиција), како и среднорочен кредит за финансирање на трајни обртни средства се оценува дека треба да се отплаќа од профитот на вашиот бизнис (тековен и очекуван профит). Во овие случаи капацитетот за отплата се оценува според нивото на рата (главница и камата) во сооднос со нивото на профит кое треба да биде повисоко од нивото на ратата која треба да се отплаќа.
- Краткорочниот кредит: Се користи за краткорочни финансиски потреби и обично се отплатува од обртниот капитал, како наплата на побарувања или продажба на залихи.
Со темелна анализа, ќе бидете во можност да го усогласите вашиот финансиски капацитет со избраниот кредитен продукт и период на отплата.
Дополнителни аспекти кои треба да ги земете предвид
- Консултирајте се со финансиски советник: Разговарајте со финансиски советник или банкарски службеник за да добиете професионални совети за најдобриот начин да го усогласите кредитот со вашиот финансиски капацитет.
- Направете преглед на условите за кредит за развој: Внимателно разгледување на условите за кредитот, вклучувајќи каматни стапки, грејс периоди, и други услови кои можат да влијаат на способноста за отплата.
- Ризик менаџмент: Размислете за потенцијалните ризици и како тие би можеле да влијаат на вашата способност да го отплаќате кредитот по завршувањето на грејс периодот. Осигурувањето на кредитот може да биде добра опција за заштита од непредвидени настани.
- Правна и регулаторна усогласеност: Осигурување дека сите правни и регулаторни барања се исполнети пред поднесување на барањето за кредит.
- Планирајте ја отплатата: Направете план за отплата кој ќе ги вклучува сите трошоци по завршувањето на грејс периодот. Ова ќе ви помогне да бидете подготвени за редовно отплаќање на кредитот.
- Редовно следење и ревизија: Редовно следете ги вашите финансии и ревидирајте го вашиот план за отплата за да се осигурате дека останувате на вистинскиот пат и дека можете да ги исполните вашите обврски.
Земањето кредит за развој на вашиот бизнис е значаен чекор кој бара темелно планирање. Со следење на овие чекори, ќе го максимизирате ефектот на вашиот кредит. За повеќе корисни совети и информации, посетете ја официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.