Содржина

    Култура на вредности во ПроКредит

    ПроКредит Банка веќе 20 години ја потврдува својата општествена одговорност во однос на своите клиенти, вработени, акционери, и секако кон животната средина. Секогаш имајќи го на ум фактот дека одлуките и постапките на банките директно влијаат врз животот и благосостојбата на сите луѓе во општеството, ПроКредит Банка постојано останува верна на своите морални принципи околу кои постојано ги надградува и негува култура на вредности.

    Култура на вредности во сите сегменти

    Етичкото, транспарентно и одржливо постапување во сите сегменти од своето делување ја етаблира ПроКредит Банка во локалните рамки како компанија од доверба и со докажана лојалност кон одржување на култура на вредности во кои верува. Во нашето општество особено е видлива и насекаде е препознатлива перманентната одговорност на ПроКредит кон зачувување и подобрување на животната средина како една од најголемите вредности за кои банката се завзема, за што сведочат нејзините бројни иницијативи и инвестиции во овој сегмент. 

    Како овие вредности влијаат врз вработените во ПроКредит Банка?

    Вработените во ПроКредит Банка активно учествуваат со своите размислувања и предлози за сите општествено-одговорни активности и иницијативи кои компанијата ги презема. Нивната директна вклученост е еден од виталните принципи за одговорноста на банката кон своите вработени, кој несомнено придонесува за зајакнување на вредностите и на практикување на истите и вон работното место:

    „Вредностите и принципите како солидарност, хуманост, желба за заштита на нашата животна околина не се само мои принципи, тие се принципи и на моите колеги кои не важат само додека сме на работното место, туку според нив живееме, според нив носиме одлуки, според нив дејствуваме и создаваме подобар свет за нас и сите останати.

    Заедно ја градиме и одржуваме култура на вредности во банката и затоа сметам дека вредностите и принципите кои ги живееме и почитуваме се главната причина зошто банката има вработени кои што се повеќе од 20 години со компанијата и се лојални на истата. Овие вредности ми даваат мотивација за секојдневно да работам и да се чувствувам позитивно во работната средина,“ вели г-ѓа Елена Никовска, директорка на Оддел за управување со информациски систем во ПроКредит Банка.

    Повеќе за одговорноста кон одржување на културата и вредностите во кои верува ПроКредит Банка, дознајте во видеото кое следи.