Содржина

    Како да отворите бизнис сметка онлајн

    Зошто ви е потребно да отворите банкарска сметка онлајн? Во денешниот брз дигитален свет, бизнисите од сите големини сѐ повеќе се свртуваат кон решенија за онлајн банкарство за да ги оптимизираат своите финансиски операции. Додека традиционалните банкарски методи стануваат помалку ефикасни во исполнувањето на барањата на модерната трговија, онлајн банкарството нуди неспоредлива удобност, безбедност и контрола. Но, зошто токму на бизнисите им се потребни овие дигитални решенија?

    Дигиталните решенија нудат погодност и пристапност за управување со финансиите во секое време, насекаде, без потреба од посета на физичка филијала. На овој начин се заштедува време, средства, а и трошење на ресурси со што се обезбедува позитивно влијание врз животната средина. Дополнителни големи предности на користењето дигитални банкарски решенија се можноста за следење на трансакциите во реално време со моментален пристап до салдо и историја на трансакции, како и пристапот до посветени услуги за поддршка и ресурси прилагодени за деловните потреби.

    Изберете дигитално напредна банка

    Токму затоа, при избор на финансиски партнер со кој ќе започнете соработка, клучен фактор треба да бидат дигиталните можности и решенија кои ги нуди банката, со цел брзо завршување на сите банкарски операции 24/7, без разлика каде се наоѓате. Банката на која ќе ѝ ја дадете својата доверба, треба да биде ваш партнер на кој можете да се потпрете.

    Во ПроКредит Банка, разбираме дека вашето време е најскапиот ресурс. Затоа нудиме онлајн платформа за отворање на сметки – без разлика каде се наоѓате и во секое време. Нашата онлајн платформа е лесна за употреба, но уште поважно нуди највисок степен на безбедност. Тоа значи дека можете да бидете сигурни дека вашите лични и финансиски податоци секогаш ќе бидат безбедни.

    На овој начин ќе го заштедите вашето ограничено време и ќе го инвестирате на суштински важни работи за вашиот бизнис, како развивање на нови идеи, иновации и практики кои ќе придонесат кон позитивно влијание во општеството.

    Доколку сè уште не сте започнале соработка со нашата дигитална Банка, одличен почеток е токму онлајн отворањето на сметка.

    Кој е процесот за отворање сметка онлајн?

    Со внесување на само неколку основни податоци и документи, можете да отворите платежна сметка. Со неа имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата и странство и пристап до останатите услуги на Банката. Исто така, иамте можност да добиете поддршка од Личен банкарски советник кој ќе ви помогне во целосната работа на вашиот бизнис.

    Што треба да направите? Посетете ја нашата web страна, одберете го делот – „Аплицирајте за сметка онлајн“, внесете го името на вашата компанија, годишниот обрт и контакт информација. Потоа, прикачете ги основните документи –  Тековна состојба, Тековна состојба за вистински сопственик, Образец на заверени потписи и лична карта од законскиот застапник и сопственикот/сопствениците.

    Со еден клик, вашата апликација за отворање на платежна сметка ќе биде регистрирана од наша страна, а ние веднаш ќе пристапиме кон процесот на отворање на вашата платежна сметка. Во рок од 24 до 48 часа ќе бидете контактирани да ја посетите најблиската филијала за идентификација и потпис. Дополнителна можност која ја нудиме во ПроКредит Банка е и достава на договорите до вашата службена адреса, што дополнително ќе ви заштеди време.

    Со отворањето на платежна сметка во ПроКредит Банка, веднаш добивате пристап до нашата широка понуда на производи и услуги. Нудиме конкурентни фиксни провизии за платен промет во земјата и странство, единствена можност да штедите флексибилно со фер каматни стапки и неограничена достапност на вашите средства,  како и широка палета на кредитни производи за поддршка на вашиот бизнис. До сите овие услуги можете да пристапите електронски, преку нашето електронско банкарство и порталот за електронско потпишување на документи.

    Кој сѐ може да користи онлајн банкарски услуги?

    Оваа понуда, без разлика дали сте стартап, мало, средно или големо претпријатие, ви овозможува брз и едноставен пристап до вашите финансии во секое време. ПроКредит Банка на располагање ви нуди 24/7 зони каде може да се изврши уплата на платен промет 24 часа –  за време на државни празници, викенди и останати неработни денови.

    Секој клиент на ПроКредит Банка може да ги користи услугите во зоните 24/7 и тоа: уплата и исплата на денари и евра, уплата на кованици, уплата на дневен промет на банкомат или во сеф за дневен промет, печатење изводи и слично. Влезот во зоните по работното време на експозитурите е со валидна дебитна или кредитна картичка.

    За сите прашања и совети поврзани со нашите услуги на располагање ви стои нашиот Контакт Центар или вашиот Личен банкарски советник.