Содржина

    Интервју со Предраг: нашиот дигитален банкарски асистент 

    Следејќи ги трендовите на дигиталната трансформација којашто игра клучна улога во нашето секојдневие, неодамна го претставивме Предраг – нашиот интелигентен дигитален асистент кој ја редефинира комуникацијата со клиентите во банкарскиот сектор. Овој иновативен асистент е првиот од ваков вид во Македонија, дизајниран да биде достапен 24/7 и да обезбедува брза и сигурна поддршка на клиентите.  

    Со претставувањето на Предраг, повторно го потврдивме нашиот статус на лидер во дигитализацијата на банкарството, приближувајќи ги клиентите до иднината на банкарските услуги. Во ова интервју ќе дознаете повеќе за неговата улога, технологијата со којашто е создаден и неговата визија за иднината. 

    Предраг, ти си првиот дигитален банкарски асистент во Македонија. Како настана идејата за твоето создавање? 

    Моето создавање беше одговор на зголемената потреба за брзи, точни и достапни услуги. Целта беше да се олесни пристапот на клиентите до банкарските услуги, во секое време и од секое место. Дигиталната трансформација е дел од визијата на ПроКредит Банка за иднината на банкарството, а јас сум директен одговор на оваа визија. 

    Кажи ни нешто повеќе за технологијата со која си создаден. 

    Мојата работа се базира на напредна вештачка интелигенција која го анализира секое прашање на клиентот и пронаоѓа соодветен одговор од обемна база на податоци. Дополнително, можам да препознаам дијалекти, нецелосни информации и дури и да се справам со обиди за злоупотреба. Алгоритмите што ме управуваат се специјално дизајнирани за да обезбедат максимална точност, без да користам генеративна AI – значи, одговорите не ги смислувам сам, туку извлекувам исклучиво проверени информации. 

    Како изгледаше процесот на твоето создавање? Што беше најголемиот предизвик? 

    Тимот на ПроКредит вложи многу труд во собирање на знаења од вработените, како и во организација на податоците во структура која е најкорисна за моето фукнционирање. Најголемиот предизвик беше да не користам генеративна вештачка интелигенција, бидејќи точноста и сигурноста на информациите се приоритет за банката. 

    Пред самото лансирање поминавме екстензивно тестирање проследено со многу прилагодувања за да се осигураме дека ќе ги постигнеме најдобрите резултати.  

    Предраг, која е твојата улога во подобрување на услугите за клиентите на ПроКредит Банка?

    Моја задача е на клиентите да им го олеснам пристапот до информации и услуги кои ги нуди банката. Достапен сум 24/7, обезбедувам брзи и точни одговори, помагам во секојдневни банкарски процеси и дури креирам персонализирани препораки за продукти.  

    Во изминатите три месеци успеав да услужам над 3.300 клиенти и да одговорам на 29.000 пораки, за вкупно 211 ефективни часови – што покажува колку е важно да се има дигитален асистент како мене. 🙂 

    Како ја гледаш улогата на дигиталните асистенти во иднината на банкарството? 

    Дигиталната трансформација е неминовна и во банкарскиот сектор. Таа е одговор на навиките и потребите на клиентите кои преферираат комуникација на далечина, без посета на банка и тоа во време кое нив им одговара. Едноставно, дигиталните асистенти како мене ја редефинираат врската помеѓу клиентите и банките. Банкарството станува побрзо, попристапно и поефикасно.  

    Предраг, можеш ли да издвоиш неколку значајни факти или статистики кои го отсликуваат твојот успех? 

    Со задоволство. Можам да се пофалам дека процентот на точност во моите разговори изминатиот месец изнесува дури 98.35 проценти! Покрај тоа, 30% од клиентите што се обраќаат кај мене добиваат персонализиран амортизационен план за кредит – што покажува колку вредност создавам за нив. 

    Што мислиш дека најмногу ги мотивира клиентите да изберат дигитален асистент како тебе за нивните банкарски потреби? 

    Клиентите сакаат едноставност, брзина и достапност. Со мене тие добиваат поддршка кога и да им е потребна – без чекање, без комплицирани процедури. Мојата цел е да го направам банкарството лесно и безгрижно, а ПроКредит Банка да остане нивен доверлив партнер. 

    Со својот интелигентен пристап и интуитивен интерфејс, Предраг е одличен пример како технологијата може да го унапреди корисничкото искуство и да ги приближи банкарските услуги до сите нас. Дигиталната трансформација на ПроКредит Банка докажува дека иднината на банкарството е достапна и блиска до клиентите, благодарение на интелигентни решенија како овој дигитален асистент. Дознај повеќе за можностите кои ги нуди Предраг на следниот линк