Содржина

    Hive Room – бесплатен коворкинг простор по светски стандарди

    Начинот на работење е категорија која постојано се менува, а тоа е резултат на сé поголемата слобода која многу професионалци ја имаат да самите одлучат од каде ќе работат, колку ќе работат и на кој начин. Следствено на оваа зачестена појава, особено по завршување на ковид-кризата, се појави нов, брзорастечки тренд во светот на бизнисот, во кој и Скопје како главен економски центар на нашата земја, не заостанува. Во последниве години, коворкинг просторите кои првенствено беа интересни само за фриленсерите и дигиталните номади, станаа сè поатрактивна опција и за претприемачите, работниците од далечина, сопствениците на мали бизниси и нивните тимови, и особено за малите стартапи. Покрај професионалците од ИТ и креативните индустрии, денес сѐ почесто и маркетинг агенции, правници, архитекти и др., користат коворкинг простори, како што е Hive Room.

    Кои се предностите при работење во коворкинг простор?

    Коворкинг (co-working) просторите се заеднички работни простории каде поединци од различни професии работат заедно во заедничка средина. Но, тоа е повеќе од само модерна, удобна и пријатна канцелариска инфраструктура; станува збор всушност за создавање заедница која поттикнува вмрежување, учење и споделување идеи,  и неретко дава можности за размена на знаење помеѓу експерти од различни области кои можат да соработуваат на проекти или дури и да започнат  заеднички бизнис.

    Контактите остварени во коворкинг средината многу често резултираат и со успешна деловна соработка што претставува значителна предност. Накратко кажано, идејата зад концептот коворкинг простор е да се создаде заедница за соработка и поддршка која ја поттикнува креативноста, продуктивноста и растот, истовремено нудејќи многу предности, како што се:

    • Поврзување со други креативни и амбициозни луѓе кои можат да ви помогнат со совети, идеи или соработка.
    • Зголемување на продуктивноста и мотивацијата со тоа што ќе работите во инспиративна околина.
    • Намалување на трошоците за закуп на канцелариски простор, опрема и услуги.
    • Подобрување на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот
    • Искористување на разни погодности и бенефиции кои ги нудат модерните коворкинг простори, како обуки, настани и др.

    Затоа, ако сте во потрага по алтернативен начин на работа кој ќе ви овозможи да се развивате, да учите и да се забавувате, размислете за работењето во коворкинг простор.

    Hive Room – бесплатен коворкинг простор во Скопје за стартапи и фриленсери!

    Од неодамна кај нас е отворен и нов коворкинг модерно опремен простор кој располага со шест работни позиции кои модуларно можат да се користат за еден тим или за шест индивидуалци. Hive Room е бесплатен коворкинг простор кој заинтересираните фриленсери и стартап компании може да го користат на одредено време.

    Зошто токму овие категории? Бидејќи стартапите тукушто навлегуваат во светот на претприемаштвото и секоја поддршка за нив е повеќе од добредојдена, како во насока на обезбедување на модерна, инспиративна и продуктивна работна средина, така и во поглед на економичност кон трошоците кои се неизбежни.

    Фриленсерите пак, од друга страна, најчесто се индивидуалци кои се ангажирани на различни проекти со стриктни рокови, поради што коворкинг простор како Hive Room за нив претставува идеално и инспиративно опкружување за максимална продуктивност.

    Како да ги користите бесплатните услугите на Hive Room коворкинг просторот?

    Доколку сте фриленсер/ка имате можност да резервирате една недела бесплатен пристап до HiveRoom, додека пак за стартап компаниите овозможена е опција за двонеделно бесплатно користење на просторот. Се што треба да направите е да ја посетите веб страната за аплицирање на Hive Room, а потоа тимот на Hive Room ќе Ве контактира за да се договорите за период на користење согласно капацитетот на самиот простор.